1415

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ИЗГУБЕНИ ЖИВОТИ
Во денешно време страшно е да завршиш под нож во болница, затоа што не знаеш кој ќе ти ја земе мерката. Пациенти умираат на секој чекор, буквално.

7 ДЕНА
Како му текнало на Украинецот Онишченко баш овде да најде засолниште? Добриот глас на далеку се слуша, веројатно дознал колку белосветски нарко-босови ќарија македонски пасоши.

СТОПИРАНИ ЛИЦЕНЦИ
Во време на Груевски се овозможи одгледување медицински канабис, додека следната влада на Заев се обиде да го надгради бизнисот, што заврши неуспешно поради блокадата на Мицкоски.

ИНТЕРВЈУ СО КАСТРИОТ РЕЏЕПИ, ПРАТЕНИК
Реџепи изразува увереност дека доволно пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за промена на Уставот, како што тој делувал по сопствено убедување кога решил, спротивно на партискиот став на Беса, да ја спаси владата на СДСМ на ДУИ, со цел да го спаси интеграцискиот процес.

ПАРТИСКИ ОБВИНИТЕЛСКИ ПАЗАР
По изборот на Абази за шеф на Организиран, сега на мета е изборот на шеф за Вишото обвинителство во Скопје. ДУИ повторно вмешале прсти.

ИЗВОЗЕНИ“ СКОПЈАНИ
Додека Арсовска одбива да го реализира проектот Бас Рапид Транзит или „трамвај на тркала“, државата плаќа казни од илјадници евра.

ИЗБОРИ ВО САД
Демократите економски испорачаа, а републиканците претераа со радикализмот.

НАРОДОТ ПИЕ НАФТА
Сѐ додека народот е спремен да цица весла, ќе се најде некој политичар што постојано ќе го превеслува.

 

Колумнисти:

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Уште пред повеќе од половина век, ЦИА изготвила таен извештај за „Македонскиот синдром“, односно за бугарската политика кон Македонија.

Ана ПАНОВСКА
На генерал Апостолски му било сосема јасно дека ако ги пуштел Бугарите да се појават на парадата ќе следела помпезна бугарска „парада“ дека го ослободиле Скопје.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Логично е да се очекува во иднина да настрада некоја периферна „ѕверка“ како јавна демонстрација за „функционирањето на правната држава“.

Стојан АНДОВ
Не можеме да прифатиме да зборуваме за „заедничка историја со бугарскиот народ до 1945 година“.

Перо КОСТАДИНОВ
Секојдневно се негува и се зајакнува солидарноста кон граѓаните, обезбедена е енергетска стабилност на земјата.

Александар НИКОЛОСКИ
Ставката „други трансфери“, која остава најголем простор за трошења без контрола од страна на власта, оваа година е фантастични 924 милиони евра!