1413

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ТРКА ПО БРОЈКИ
Само ако обезбеди мнозинство од 61 пратеник, Мицкоски може со сигурност да го пресретне сценариото на Ковачевски и Ахмети да дојдат до двотретинско мнозинство од 81 пратеник за уставни измени, кое на јавна сцена веќе добива амин од надвор.

7 ДЕНА
Имавме подобри односи со Бугарија кога немавме Договор за пријателство и добрососедство. Како се потпиша, работата тргна со тензии и лошососедство.

МАТНА АЕК
АЕК веќе една деценија ја гради телекомуникациската кула на врвот на Водно, која требаше да чини 18 милиони евра, но стигна до вртоглави 30 милиони евра.

ПРЕДИСТРАГА ЗА КАНАДЕРИТЕ
Сервисирањето на канадерите што беа приземјени кога гореше речиси цела држава, со месеци е во предистражна постапка.

ФОКУС“ ВО „ШУТКА“
Поминавме низ познатата црна метална капија, која ги чува притворениците што подалеку од надворешниот свет.

СКАРАНИ ПОЛИТИЧАРИ
Во овдешнава партиска студена војна ако СДСМ ја глуми Америка, а ВМРО ја глуми Русија, обичниот граѓанин ќе ќари само ако ја глуми Југославија!

ДОГОВОРОТ НА ФРОНТЕКС
Брзањето околу Фронтекс сигурно навестува некоја нова потенцијална криза. Дали тоа ќе биде некој масовен мигрантски бран каков што не сме виделе досега?

КУЛТУРЕН КЛУБ ВО БЛАГОЕВГРАД
Приврзаниците на бугарското ВМРО вербално ги нападнаа гостите од Македонија и не им дозволија да постават венец на споменикот на Гоце Делчев, но сепак најголемиот инцидент се случи на бугарската граница.

 

Колумнисти:

Александар НИКОЛОСКИ
Сѐ додека имаме ваква власт, каде што на тацна ги имаат дадено националните интереси, ние не можеме да очекуваме друг однос кон Македонија.

Сања ЛУКАРЕВСКА
Оскар Шиндлер е пример дека не биле сите Германци нацисти и дека секој нацист не бил Германец.

Стојан АНДОВ
Ние сакаме учебниците во Скопје да се испечатени по наш начин, но тоа истото не го истакнуваме кон Атина, велеше бугарскиот пратеник Стојанов.

Ана ПАНОВСКА
Ме чуди што владата сè уште чека и се однесува како да има тешки комплекси кон сопствениот демократски капацитет.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Парадигма е сервилноста на Македонија кон САД, ЕУ и меѓународните организации, кои дрско бараат премногу, а за возврат даваат ептен малку.

Јован КРАЈЕВСКИ
Владата воопшто не размислува на прогресивни даноци на профит и на ограничување на лихво-банкарството, со цел намалување на класните разлики.