1412

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Граѓаните имаа можност да го запознаат табиетот на првата мајка на Скопје, која веќе десет месеци седи на градоначалничката фотелја, но и да ги разобличат двете најголеми партии, за кои повеќе од очигледно е дека се борат само за функционерските столчиња

СТОКОВНИ РЕЗЕРВИ
Иако власта уверуваше дека државните резерви се полни, сепак, преку две последователни тендерски постапки беа набавени 20 илјади тони српска пченица за речиси 9 милиони евра преку 3 домашни компании

ВАЛКАНА ВОЈНА
Ако Русија успее да го задржи Херсон, ќе се обиде да ги заземе и Миколаев и Одеса, со цел да ја отсече Украина од излез на море

ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ: ПРАТЕНИЦИ ПОТПИШУВАА МЕНИЦИ ДО 600.000 ЕВРА, А СУДИИ И ОБВИНИТЕЛИ ИЗЈАВИ ЗА ВЕРНОСТ КОН ВМРО
Трајанов одговара дали е подготвен да ја напушти владата, дали би гласал за уставните измени, а открива и ексклузивни детали од потпишувањето на мениците за лојалност за време на Груевски

ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ
По амнестијата на дел од обвинетите во крвавиот упад во Собранието, која предизвика голем револт во јавноста, власта планира и други амнестии за да се растоварат пренатрупаните затвори

ШУМСКИ ПРОБЛЕМИ
ЈП „Национални шуми“ постојано ангажира работници, но наместо да  ја врши дејноста за кое е формирано, троши милионски суми за ангажман на приватни компании за сеча на дрва

МОЌТА НА МИНАТОТО
Да се обидуваш да ја разбереш политиката во сегашноста без да го разбереш нејзиниот историски контекст е како да сакаш да станеш инженер, ама да не учиш математика

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Бугарските академици своевремено прогласија дека Македонците се „етнички“ Бугари и дека целата историја на Македонија е дел од бугарската историја

Бисера КОСТАДИНОВСКА-СТОЈЧЕВСКА
Како ВМРО-ДПМНЕ владееше и има визија да владее е видливо во нивното ИЗВИНИ за поддршката на кандидатурата на Данела Арсовска

Наум СТОИЛКОВСКИ
Растот на платите, не само што не ја следи официјалната вкупна инфлација и поскапувања од 18,7 проценти, уште повеќе каска зад поскапувањата во делот на храната

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Фрустрациите се разбирливи! Бугарија не била создадена од Бугари по потекло, туку од странци, меѓу кои, една до две третини потекнуваат од Македонија

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Не може да има семакедонско обединување ако криминалците се делат на „ваши“ и „наши“, па во согласност со тоа се штитат или обвинуваат.