1410

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Иако во најновиот извештај од Брисел се констатира дека расте песимизмот во регионов, во дилема сум дали веруваат дека новата доза „европерспектива“ е лекот за кревање на оптимизмот!?

РУСКИ ФИРМИ
Откако Русија ја почна т.н. специјална воена операција во Украина, многу руски компании го преместија бизнисот на Балканот. Дел се и во Македонија.

ЗАКАНИ ОД АРСОВСКА
„Фокус“ успеа да направи увид во полицискиот записник во кој се објаснети сите случувања што му претходеле на палењето на автомобилот на извршната директорка на ССК.

БУГАРСКИ КЛУБ
Последниот бугарски цар можеби не е толку историски контроверзен колку Ванчо Михајлов, но, секако, е колаборационист на Хитлер.

ПАРТИСКИ ДИРЕКТОРИ
Многу години, политичките партии ги злоупотребуваат клучните алки во електроенергетскиот систем, користејќи ги за извлекување пари.

ЦАР БОРИС
Отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид како да им даде храброст на функционерите барем вербално да се спротивстават на провокациите од бугарска страна.

МОЛЧИ СИ, ТОЛЧИ СИ
Дали е навистина толку лошо за државата доколку политичките лидери се гледаат преку нишан и не сакаат очи да си видат едни на други?

 

Колумнисти:

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Курнаски ги предадоа и продадоа идеалот на „Шарената револуција“, паролата „Нема правда, нема мир“ и флоскулата „Срушивме режим со пенкало“.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Создавањето политички сурогати, како што е Европската политичка заедница, нема ништо заедничко со концептот на обединета Европа.

Стојан АНДОВ
Постојат бројни историски документи за прогонувањето и измачувањето на Македонците од пиринскиот крај, кои се спротивставувале на обидот за бугаризација.

Наум СТОИЛКОВСКИ
Без да навлезе во суштината на влијанието од позиција кога се добиваат огромни суми пари, првата антикорупционерка да излезе со таков став дека сѐ било чисто!?

Стефан БОГОЕВ
Безобразниот Мицкоски се слика во црква со Томе Блажевски, претседател на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, а потоа го повикува народот да протестира против истиот клуб.