1411

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
За неполн месец ќе се избира шеф на најмоќното Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Овој челник ќе ја има моќта в раце да ги истресе од гаќи сите корумпирани функционери, за тоа ќе треба да има и образ, но и крената глава. Поинаку не може и не смее да се дозволи!

СТАРИ ПРОБЛЕМИ
Од опширниот и досега најконкретен извештај на ЕК јасно може да се констатира дека земјава во суштина многу повеќе стагнира и заостанува економски, отколку политички.

АЕК-БИРО ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Покрај роднини на министри, судии, доктори и новинари кои се вдомени во АЕК, таму е вработена и една од најблиските соработнички на Груевски.

ШЕФ НА ОРГАНИЗИРАН
За неполн месец ќе се знае кој обвинител ќе ја заземе позицијата што до неодамна ја имаше обвинителката Русковска. Веќе наголемо се зборува дека од ДУИ имале свој фаворит.

РУСКИ ФИРМИ
Извршниот директор на Македонско-руската стопанска комора, Дејан Бешлиев, посочува дека руските компании во Македонија се во помал број, за разлика од соседството.

„ЖЕЛЕЗНИЦИ“ ЗАКОВАНИ ВО ДОЛГОВИ
Државните компании задолжени за управување со железничкиот превоз и железничката инфраструктура, со години се на врвот на листата на загубари.

НОВ СУБРАТА РОЈ?
ривршуваат подготовки за распишување на јавниот оглас за продажба на земјиштето околу Езерото Треска. Почетната цена ќе биде едно евро за квадратен метар, а ќе се продаваат околу 75.000 квадрати.

ПОЛИТИКАТА И ПОЛИТИЧАРИТЕ
Ако си решил да се занимаваш со политика и си тргнал во потрага по моќ и влијание, како и материјални привилегии и профити, тогаш мора да ја платиш цената на моќта.

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Непризнавањето на македонското малцинство во Бугарија е дел од нацистичката теза што ја туркаше и фашистичка Бугарија – „една држава, еден народ“.

Д-р Гроздан Цветковски
Дефинитивно, Петар Пан политичарите неодамна убедливо се легитимираа како онаа изрека „Кој за што, ороспија за чест“!

Васко КИЧЕВСКИ
Мандатот ќе заврши и секој ќе замине, но делата се тие што оставаат печат на мандатот што си го поминал како градоначалник.

Ана ПАНОВСКА
Грепчи и ги кочи работите да си останат уште малку по старо и го живее последниот предутрински сон во илузијата дека уште еднаш ќе им се посреќи да истераат барем половина мандат со рацете во медот.

Александар НИКОЛОСКИ
Бугарските клубови во Македонија се финансирани од фондација, која е во сопственост на човек кој се занимава со бизнис што е во медицината и е добро познат на нашите служби.

Јанаки МИТРОВСКИ
Треба да ги замезиме фашистиве како буковка и да им ставиме до знаење дека Македонија била, е и ќе биде негостопримлива за наци-агенти!