1409

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
По сето блуење отров, се случи чудо. Конечно седнаа заедно Ковачевски и Мицкоски. Или, трендовски кажано, Дезертерот и Шпицниот.

ЕРМОН НЕЗИРИ: ОБВИНИТЕЛСТВОТО МОРА ДА СИ ГО ЗАЧИСТИ ДВОРОТ ОД ОБВИНИТЕЛИТЕ ШТО СПРОВЕДУВААТ ЛИЧНИ АГЕНДИ!
Скопскиот обвинител Ермон Незири влегува во трката за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, односно за наследник на Вилма Русковска.

ПОЖАР ВО МАЛА РЕЧИЦА
Меџити, Беџети, Ганиу, Џафери, Бејта и други поранешни и сегашни функционери побараа промена на централизираниот модел на функционирање во ДУИ.

ПАРТИСКО ВДОМУВАЊЕ
Државните институции остануваат најпривлечното работно место што се добива по партиска заслуга. Сите што „гинеле“ за партијата сакаат да се вработат на државно.

ИЗБОРИТЕ ВО ИТАЛИЈА
Убедливата победа на Мелони во Италија е сериозен удар за обединета Европа. И во другите европски држави постои сериозна критична маса, која само чека да го пренесе домино-ефектот од Италија.

ПЛАШЛИВО ОБВИНИТЕЛСТВО
Од 21 кривична пријава што досега ја има поднесено политичката партија Левица, обвинителството нема покренато ниту едно обвинение.

(НЕ)ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ
Со сила, со закани и со уцени, ништо квалитетно не може да се постигне. Без искрена желба да се вложи труд и да се постигне успех, секој напор е бадијала

 

Колумнисти:

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Процесите во „армасаната држава“ ги води ДУИ, а СДСМ е само „куртон“ за заштита на нивните политики.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Ако Каракачанов својата „братска“ љубов кон Македонците сакаше да ја докаже со испраќање тенкови во Македонија, нам дозволено ни е барем со исвиркувањето на нивната химна.

Ана ПАНОВСКА
Ваква нереална, ограничена и некадарна опозиција тешко може да ја турне дури и оваа смотана, неефикасна и бавна влада на Ковачевски.

Перо КОСТАДИНОВ
Сонцето и ветрот се неограничен ресурс со кој како држава располагаме и вложувањето во системите што ќе произведуваат енергија од нив, ќе ги подобри нашите енергетски капацитети.

Александар НИКОЛОВСКИ
По огромниот скандал со прислушувањето, поради кој падна претходната влада, оваа влада на СДСМ имаше историска шанса да ги реформира службите.

Стојан АНДОВ
Резолуцијата на Информбирото, од јуни 1948 година придонесе за постепено укинување на националните права и слободи што ги уживаа Македонците.