1408

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Реагираат на говор на омраза, како сега со исвиркувањето на бугарската химна на фудбалскиот натпревар во Скопје, ама чудно е што многу такви брљотки не регистрираат во Бугарија

АНТИКОРУПЦИСКИ ИНИЦИЈАТИВИ
Во последните 3 години, овој состав на Антикорупциска комисија поднела вкупно 25 иницијативи за кривично гонење на сегашни и поранешни јавни функционери. Засега ниту една не заврши со обвинение.

ПРОДАЖБА НА „ВОДОСТОПАНСТВО“
Владата со години го реконструира Акционерското друштво „Водостопанство“, но она што досега се смени се само партиските директори.

ГРБОТ НА АРСОВСКА
„Фокус“ дојде до списокот на луѓе што влегле во Градот по преземањето на Арсовска на локалната власт. Дел од тие луѓе се и на листата за нови членови на комисијата за тендерот за пречистителната станица.

БУГАРСКИ УНИВЕРЗИТЕТ
Во септември, великотрновскиот универзитет „Св. св. Кирил и Методиј“ беше впишан во Централниот регистар на Македонија, со што ги заврши сите процедури за да може да почне со работа.

„ТЕНДЕРИ“
Бавната правда е неправда. Ако се оди од оваа максима, тогаш петгодишното судење за случајот „Тендери“, во кој првообвинета е екс министерката за култура, Канческа-Милевска, е симбол за неправда.

ЕСКАЛАЦИЈА ВО УКРАИНА
Вонредните мобилизации во Русија не служат за одвојување нови територии, туку за зачувување на она што веќе е освоено.

НУКЛЕАРНА ОПЦИЈА
Кога тасовите на кои стојат слонови со идентична тежина се во рамнотежа, а поседувањето нуклеарна опција од страна на двата блока е токму тоа, дури и обичната мравка добива на значење.

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Следуваат уште многу, многу жешки скандали во многу, многу студената зима. Ако незадоволството се излее на улиците, ќе личи на лава пред која ништо нема да остане.

Фатмир БИТИЌИ
Нема совршени решенија или крајна цел, постои само напредок и унапредување. Во таа цел, никој не може сам, туку сите заедно.

Ана ПАНОВСКА
Нели сакаат предвремени избори – дајте брзо до Нова година да се заврши таа работа. Доста е стрижено-косено.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Дали на главните играчи во политиката, а тоа се „лидерите“ на политичките партии, навистина им одговара стамен државен јавен обвинител или, пак, им треба само статист.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Македонија стана атлантистичка колонија, со инсталирани мали, ништожни човечиња, корисни идиоти за нејзино големо ресетирање без идентитетска меморија.

Стојан АНДОВ
Областниот Македонски народен театар во Благоевград постоеше една сезона. Театарот почна со работа кога бугарската партија донесе Резолуција во 1946 година.