1405

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА БИДАТ ПОЈАСНИ
Најзабавен дел е онаа измишљотката „истакнат правник“. Кога ќе чуеш кој поминал, а кој добил „корпа“, ќе се чудиш во што се истакнал правникот! Во послушност кон владетелот!

ЕВРОПА НА КОЛЕНА
Голема е веројатноста дека никогаш веќе Западна Европа нема да има евтини енергенси и стабилна работна сила на која ќе може да се потпре.

АБЕР ОД СТРАЗБУР
Откако не се исполни прогнозата за жешко лето, сега се очекува бурна есен, по типувањето дека Судот за човекови права наскоро ќе ја донесе одлуката за аболицијата на екс претседателот Иванов.

ТИТО  ПЕТКОВСКИ: ПЕРИОДОТ ОД ОСАМОСТОЈУВАЊЕТО ДО ДЕНЕС – ЕДНО ГОЛЕМО НИШТО!
Македонија слави 31 година независност. По тој повод разговаравме со Тито Петковски, кој беше дел и од првиот пратенички состав што ја создаваше самостојната држава.

КОВИД-ЕНИГМА
Во пандемијата се дозволи секој ковид-центар да има свои методи на лекување. Зошто министерот Филипче дозволи државните и приватните болници да „експериментираат“ со пациентите?

САМОУБИСТВЕНА  УЧЕБНА ГОДИНА
Пораките за подобрување на квалитетот на образованието никој не ги слуша, а никој не го слушнал ниту немиот повик за помош на гимназијалецот што се самоуби пред 1 септември.

ПРИЧИНИ ЗА ОПТИМИЗАМ
Македонија да стане навистина независна и просперитетна и успешна држава, од денешна гледна точка изгледа како тотално невозможна мисија осудена на неуспех. Ама токму затоа тоа е мисијата што вреди да се прифати.

 

Колумнисти:

Васко КИЧЕВСКИ
Секојдневната неспособност на Данела не е тоа што ме плаши, искрено ме плаши нејзината ароганција и немањето основен сенс за состојбата во која се наоѓа државата.

Ана ПАНОВСКА
Со оваа деструктивна памет, со оваа мрзлива вреднотија, со оваа неспособност, корупција и партизација, со оваа измислена национална величина и неизживеана, арно се држиме на нозе.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Не е многу далеку времето кога се возеше пар-непар, имаше рестрикции на струја и инфлацијата стигна до 3.500 проценти. Па, ете, го преживеавме и тоа време.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
„Државотворниот“ СДСМ го даде задникот под кирија на „зелените орлиња“ од ДУИ и мора да ја исполнува релативизацијата во духот на „новото време“.

Стојан АНДОВ
Претставничката на ОФ Рада Тодорова, меѓу другото, рекла: „Ние посебно се радуваме што вам, на Македонците од Пиринска Македонија, ви се даде можност, преку својот македонски театар да го развивате својот звучен македонски јазик.