1406

by fokus 18:00
18:00

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Дали е можно ново мнозинство во Градот? Нема да биде „сапрајс“ ако СДСМ сега во Данела здогледа одличен градоначалник што треба да се поддржи. Сетики си мислам дека веќе лоша дума за неа нема да изустат

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ: ДРЖАВАТА ОДИ КОН БАНКРОТ!
Иницијативата за референдум, енергетската и финансиската криза, политичките цели и амбиции, односите во рамки на опозицијата, се дел од темите за кои разговаравме со Христијан Мицкоски

СКАНДАЛОЗНИ ЕКОНОМСКИ ДИРЕКТОРИ
Заклучно со декември, 2021 година, македонските болници, здравствени домови и клиники заедно должат речиси 97 милиони евра

МОБИЛИЗАЦИЈА ЗА ИЗБОРИ
Освен референдумот за независноста, во Македонија досега немало друг успешно спроведен референдум. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сега се пред вистински предизвик, кој самите си го наметнаа

СМРТТА НА КРАЛИЦАТА
Новиот британски монарх идеално се вклопува во амбициозните планови на официјален Лондон за нова глобална доминација. Сепак, тој доаѓа на тронот во најтешкиот можен момент

ДОБРИТЕ СТРАНИ НА КАТАСТРОФИЗМОТ
Добрата страна на катастрофизмот, на увереноста дека она што следува е толку страшно и ужасно што едвај ќе се преживее, е што ако се прифати таа психологија, тогаш и евентуалниот неуспех станува поподнослив

 

Колумнисти:

Јанаки МИТРОВСКИ
Однесувањето на ДПМНЕ за националните прашања ме потсетува на прдеж. Гласен е, веројатно ќе ве засрами, но нема да има ама баш никаков ефект, по мало проветрување

Ана ПАНОВСКА
Да го разбиравме зборот „нација“ така како што го разбира целиот развиен свет, тогаш не би имало проблем. Но, кај нас едното национално е понационално од другото

Наум СТОИЛКОВСКИ
Ако на СДС му е страв дека членството ќе му излезе на референдум, освен Заев, криминалците на Спасовски и скопската „банда“ на Зечевиќ, тогаш нека се распишат избори

Бисера СТОЈЧЕВСКА КОСТАДИНОВСКА
Зар не поминавме толку многу за да можеме да кажеме дека 30 турбулентни години нѐ направија горди на сите борби?

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Наспроти разочарувањето меѓу самите пратеници, за тоа кои кандидати од предложените ќе поминат за судии на Уставниот суд, поголема е разочараноста на граѓаните во самите пратеници

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Почурук од партократите се покажа какистократот Зоран Заев, единствен и неповторлив во изминатите три децении

Стојан АНДОВ
На претставата бил присутен и Георги Димитров и на крајот ја изразил својата восхитеност како и восхитеноста на неговите соработници зод прикажаното за „постоењето на посебен македонски литературен јазик и на оние што не го признавале“.