1404

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Никако да укапирам што е поентата на „активната блокада“ од ВМРО-ДПМНЕ! По што се разликува од пасивната блокада? И дали со активната блокада добивме поодговорна власт!?

ЕНЕРГЕТСКО ЦУНАМИ
Напластените проблеми во енергетскиот сектор не ѝ даваат речиси никаков маневарски простор на владата, која буквално има неколку недели да интервенира пред работите да излезат од контрола.

„СВЕ ЈЕ ИСТО, САМО ЊЕГА НЕМА“
Што точно ќе донесе новата даночна реформа сѐ уште не се знае. За прогресивниот данок, изгледа сѐ уште нема јунак да го воведе.

ЗЛАТКО ТОДОРОВ САМОНАРЕЧЕНИТЕ БАНКАРИ СЕ КРИМИНАЛЦИ И ТРЕБА ДА ОДАТ ВО ЗАТВОР
Златко Тодоров е сопственик на „Кубус“, кој прв ја откри аферата „Банки“, односно шемата во банкарскиот систем. Случајот „Еуростандард“ го воскресна и случајот „Банки“.

СПОГОДБИ НА КАНТАР
Површната анализа на неколку спогодби покажува дека „белите јаки“ се, сепак, привилегирани од другите, односно од обичните смртници.

НЕСЛАВЕН КРАЈ
Села создаде услови за транзиција, по која неговиот наследник ќе се обиде да го исполни она што тој не успеа – обединување со Беса и Алтернатива.

ПАРАДОКСИ НА АНАРХИЈАТА
Вистинска анархија не постои зашто за центрите на моќ да му дозволат некому да ужива во анархија само за него, тој некој мора да има осет за тоа дека постои ред.

 

Колумнисти:

Ана ПАНОВСКА
Малограѓанскиот менталитет, простотилакот и камуфлираниот национализам што се поттикнуваат по социјалните мрежи опасно се закануваат на општата стабилност на државата.

Наум СТОИЛКОВСКИ
Зајкова е само последната уловена од редот на „млади и успешни револуционери“, кои додека државата тоне, Македонија ја гледаат како свој пашалак!

Стефан БОГОЕВ
Мицкоски, додека беше директор на ЕЛЕМ, струјата ја поскапе за 100 отсто, иако немаше светска криза во тоа време.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Бугарија, како и секогаш, е силна само кога ќе најде „село без кучиња“, каква што е ЕУ денес.

Стојан АНДОВ
Академикот и висок партиски и државен функционер Тодор Павлов го завршува својот говор со повеќе оценки и пораки, не само за Делчев, туку и за Македонија и Македонците.