1390

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Беа потребни цели 26 години за да дојде до потпишувањето на Договорот во Преспа и Грција да го крене ветото за влез во НАТО. Цената  беа уставни измени и промена на името на државата. Со признавањето на МПЦ по цели 55 години се затвора уште едно отворено прашање со соседите, за среќа без отстапки и уцени. Останува спорот со Бугарија, кој во овој момент се чини нерешлив, бидејќи добива гротескни размери

ОД ДРУГ АГОЛ
Британците ќе отпуштат околу 90.000 вработени во јавните институции, со што ќе се заштедат 1 милијарда долари во буџетот, што во актуелната светска криза треба да го олесни животот на граѓаните. Плус ќе донесат закон за намалување на даноците. Ние, пак, ќе се задолжиме околу 1 милијарда долари, а бројката на административци не се намалува, туку се зголемуваат нивните плати

ПАРТИСКИ ИМОТИ
Некогашната зграда на Македонски пошти и Македонски телеком во Тетово преминалa во сопственост на ДУИ, покажуваат податоците што ги обезбеди „Фокус“. Документацијата открива дека претходните сопственици на објектот може да се доведат во релација со партијата, но и со институции раководени од интегративците. Од Мала Речица, пак, објаснуваат дека за да го купат овој објект од 1.423 квадратни метри, подигнале банкарски кредит од околу 900.000 евра.

ЛАЖНИ РЕКЛАМИ
„Детоник“, „диатеа“, „простамид“, „кето диет“ , „кардиол“… сите овие „чудесни лекови“ ја демантираат науката и ветуваат брзо излекување на дијабетесот, простатата, уринарните инфекции, срцевите болести… Многу од лекарите се злоупотребени во приказната со цел да се дојде до побрза заработувачка. Црвен аларм е вклучен и кај надлежните институции, но да видиме кој, колку си ја завршил работата?

АРАФАТ МУАРЕМИ: МОЗОКОТ НА „ДЕЛЧЕВСКИ НИВИ“ ДОПИРА ДО ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА!
Во интервју за „Фокус“ директорот на Управата за финансиска полиција зборува за кривичната пријава што му ја поднесе државниот правобранител за неуспешната конфискација во случајот „Трансмет“ на СЈО, и тоа во време додека Управата ја истражува улогата на правобранителот Стафа во истиот случај. Муареми зборува и за случајот „Делчевски ниви“, откривајќи дека дошле до мозокот на целата операција, која допира до една политичка партија.

МИНИСТЕРСКИ МОЛК
Директорот на Ансамблот за албански народни ора и песна, Шкодран Толај останува на позицијата, и покрај констатираните неправилности во неговата работа и „повторување на делото“. Никој од Владата, ниту од Министерството за култура не бара одговорност, ниту му пречи тоа што директор ненаменски трошел државни пари. „Фокус“ ги обезбеди и записниците од инспекциските надзори каде се утврдени прекршоци на повеќе закони.

БЕНЕФИТИТЕ ОД ВТОРАТА ЛИГА
Ако дадеш гол додека играш во тим од втората лига, ќе се радуваш многу повеќе отколку што ќе се радуваш на голот што ќе го даде некој твој соиграч ако си дел од тим од првата лига, каде што други се на терен и играат, ама ти си цело време на клупа. Нашиот народ, нашите граѓани, кај големите партии секогаш ќе бидат на клупа. Ако заиграат за малите партии, за оние во втората лига, може некогаш и да дадат гол

 

Колумнисти:

Ана ПАНОВСКА
Имаме пријатели тука околу нас − Србија, Грција, Албанија, Турција, имаме пријатели и меѓу ГОЛЕМИТЕ, а го имаме и оној најголемиот, преку океанот, Америка. Оваа болникава надеж, со која го очекуваме европскиот самит, ако и овој пат се изјалови, тогаш СИТЕ во оваа држава мора веднаш да онемат. Никакво занимавање со таа тема.

Фатмир БИТИЌИ
Она што сега опозицијата го нарекува АКТИВНА блокада е всушност само ЈАВНА во моментов, бидејќи тие работат против граѓаните и демократијата повеќе од една година. Но, за ВМРО-ДПМНЕ, демократијата е исто како и транспарентноста за Данела. Непостоечка

Наум СТОИЛКОВСКИ
Ниту еден политичар од власта, а има посебни министри и советници, како Љубе Бошкоски на пример, не успеа да донесе странска инвестиција. Да отвори ново работно место. Ама вистинско, не оние 30.000 во администрацијата

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Сѐ што сакаат и бараат Румен Радев, Захариева, Каракачанов, како и другите од нивното друштво е Македонија да стане членка на ЕУ без Македонци. Тоа е нивниот „мал“ и единствен услов! Сѐ друго е прашање на политички манипулации, натегања и поткусурувања

Стојан АНДОВ
Борис сфатил дека тој фактор на обединување може да биде само христијанството затоа што Словените веќе биле христијанизирани. Владеењето на бугарските Туркмени врз Словените било владеење на многубошци над христијаните.

Линдита КАДРИУ
Во основа, музиката е поголем учител и од книжевноста, а плус се меморира подолго од сите други уметности, и научно докажано како најтерепевтска. Меѓутоа, постојат концерти на кои не ќе можам да одам, колку и да сакам. „Азра“, на пример.

Славко ЛАЗОВСКИ
Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за одбегнување на двојното оданочување и заштита од фискална евазија по однос на даноците на доход e склучен на 26 октомври 2015 година во Дубаи, а Законот за ратификација  е донесен на 16 март  2016 година („Сл. весник  на РСМ“, бр.63/2016). Во  конкретниот случај нема големо фајде од  овој Договор.