1391

by fokus 19:33
19:33

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Ако можеше владата да постигне компромис со Грција, а се натега за тоа и со Бугарија, што е страшно да се дојде до компромис со опозицијата! Во спротивно, ако блокадите прогресираат, тоа што не успеа обидот на за ново мнозинство на опозицијата, ќе се покаже како Пирова победа на СДСМ

СОВЕТНИЧКИ ПРКОС
Советниците од опозицијата после локалните избори одбија да потпишат свечени изјави со новото уставно име. Од надлежниот инспекторат велат дека после изречената опомена советниците на ВМРО-ДПМНЕ потпишале уредни заклетви, но не и оние од Левица. Се чека одлуката на Второстепената комисија

КАКВА ЗИМА НЀ ЧЕКА?
Веќе никој нема илузии дека Македонија ќе биде заобиколена од геополитичките и макроекономските случувања насекаде во светот. Она околу што сѐ уште типуваат економистите е колкав ќе биде ударот и кои сектори ќе бидат најзагрозени.

СУДСКА ОДГОВОРНОСТ
Судскиот совет е на испит како ќе одлучи околу барањето за разрешување на врховниот судија Шпенд Деваја, кој е сопруг на висок функционер на ДУИ, особено што за идентична  ситуација немал дилема и разрешил  управен судија во 2018 година. Дали ќе стапат на сцена непринципиелни коалиции“ и што ќе победи: политиката или правото?

ЦАНЕ Т. МОЈАНОСКИ: МПЦ-ОА ЌЕ ГО ДОБИЕ ТОМОСОТ И АКО БПЦ НЕ ЈА ПРИЗНАЕ!
Универзитетскиот професор и поранешен директор на Комисијата за односи со верските заедници, професор доктор Цане Т. Мојаноски, во разговор за „Фокус“, ги објаснува сите прашања во однос на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). Што доколку Бугарската православна црква (БПЦ) не ја признае автокефалноста и зошто Српската православна црква токму сега реши да ја признае МПЦ-ОА?

ЗДРАВСТВЕНИ ШЕМИ
Без официјален документ на Министерството за здравство, туку на некоја од апликациите како „WhatsApp“, била испратена порака и цел список со имиња и презимиња на вработени Албанци, кои требало да се стават на раководни позиции во дел од болниците, поточно како раководители на одделенија и главни сестри.

СЛУЧАЈ „БЕСА ТРАНС“
Како автобусот на „Беса транс“ ги минал границите без соодветна лиценца дури 135 пати, дали некоја од институциите направила пропуст при контролата на превозот на патници и зошто пропустите се откриваат дури откако невини ќе загинат 45 лица во автобус. Дали некој ќе одговара за сите овие пропусти треба да покаже постапката што ја води скопското обвинителство

(НЕ)ПОТРЕБНО ДРАМАТИЗИРАЊЕ
Да се секираш за тоа дали ВМРО ќе го победи СДСМ, или дали ДУИ ќе ја запре Алијансата е како да се секираш дали Реал ќе ја победи Барселона или Лејкерси ќе ги смачкаат Булси. Прашањето дали Таче или Мицко ќе биде премиер ова време вгодина е рамно на прашањето, дали прв тенисер во светот ќе биде Рафаел Надал или Новак Ѓоковиќ

 

Колумнисти:

Ана ПАНОВСКА
Џафери не смее да губи живци и да излегува од контрола, пред сè, заради втората по важност функција во државава, која не носи само протоколарна величина, туку влече и огромна политичка тежина и одговорност

Александар НИКОЛОВСКИ
Општините се обидуваат да ја намалат цената на електричната енергија којашто е поскапена не заради општините туку заради Бислимовски, Крешник Бектеши, Ковачевски и Зоран Заев коишто за 2 години произведоа 1 милион мегават часови помалку електрична енергија односно 250 милиони евра фрлија во вода

Васко КИЧЕВСКИ
Ако имаме предвид дека градоначалник на Град Скопје е третата највисока функција во државата, тогаш може слободно да се направи паралела како тоа ВМРО-ДПМНЕ ќе ја води државата доколку некогаш дојдат на власт, а секако тоа би било катастрофално менаџирање без идеја за развој и план за тоа каде и како ќе се развива градот/државата.

Игор СМИЛЕВ
Убеден сум дека е дојдено времето во кое, македонските црковни власти заедно со државните претставници, ќе го искористат актуелниот  момент на зближување помеѓу нашите соседни земји, и во многу кус рок ќе договорат враќање на музејската поставка на АСНОМ во манастирот Прохор Пчински, но и непречена посета на граѓаните на Република Македонија при чествување на вториот Илинден.

Стојан АНДОВ
Не само во бугарската историја, туку и во современата општественост упорно се инсистира наметнатата словенизација на Бугарите од кан Борис да се претстави како бугаризација на Словените, при што словенскиот јазик од тоа време, а имено македонскиот, и словенската писменост се етикетираат како „бугарски“ што доколку аналитички се толкуваат и бугарските извори не е можно.

Линдита КАДРИУ
Секоја од 10-те самостојни изложби на Afërdita Kiki е мал празник: чиниш си во светска галерија, а пред тебе се редат дела кои ќе те надживеат. Таа ја живее уметноста без работен стаж, во нејзиниот автентичен, креативен и питом свет. Во тој свет постојат само фини работи.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
За помалку од 400 евра плата, партиските војници го даваат газот под кирија. Се вклопуваат во сивилото на опскурен амбиент и неинвентивност, кој стимулира само негативни особини и атрибути за апсолутен презир – мрзливост, завист, алчност, неграмотност, полтронство, неодговорност.