Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
По сѐ што се случи за овие 30 години, звучат како пророштво, но и како проклетство зборовите на Блаже Конески: „Големо ни е името, ќе се обидат да ни го земат“. Како припадници на мал народ со големо име, не ни останува ништо друго, освен трпеливост и ум
ПОЛИТИЧКИ КАЛКУЛАЦИИ
ВМРО-ДПМНЕ почна активна блокада на Собранието, но најави и атак врз ДУИ, со цел да ја натера партијата да размислува за предвремени парламентарни избори. Засега, власта се изјаснува против брзи избори, особено СДСМ, која има интерес да издржи до редовните избори за две години. Какви политички поместувања и кадровски изненадувања се можни дотогаш?
ОД ДРУГ АГОЛ
Дилемата ми е – колку толерантноста на СДСМ кон сите „палавости“ на ДУИ, а на ВМРО-ДПМНЕ кон оние на Арсовска, ќе им се одрази врз рејтинзите!?
ЛЕЈЛА КАДРИУ: МЕ РАЗРЕШИЈА ПО НАРАЧКА НА ПОЛИТИЧКИ СТРУКТУРИ ОД ВЛАСТА
Во јавноста Лејла Кадриу, поранешната обвинителка во Тетово и во СЈО, стана позната откако доби отказ од шефицата, на сега веќе згаснатото Специјално јавно обвинителство. Во интервју за „Фокус“ објаснува дека Катица ѝ дала отказ оти не била тимски играч, а обвинителската кариера ѝ завршила под влијание на одредени структури на политиката на кои им пречело нејзиното законито, стручно и ефикасно работење.
ЗАМОЛЧУВАЊЕ НА МЕДИУМИ
Веднаш по објавувањето на серија текстови поврзани со имотот што го поседува таткото на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, редакцијата на „Фокус“ се најде на мета на оркестрирани напади од самонаречени „медиуми“, кои објавуваа нарачани текстови, во кои се удираше лично по самиот новинар, уредниците и по сопствениците, со измислени и конструирани приказни
АНА ТАНЕВСКА ЃОРЃИЕВСКА: ХОТЕЛИЕРСТВОТО НЕ ПАМЕТИ ВАКВА КРИЗА ОД КРАЈОТ НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА
Ана Таневска Ѓорѓиевска, претседателка на Здружението за угостителство и туризам, предупредува дека ние сме убедливо најлошата земја во регионот во туризмот. Таа открива дека државата нема стратегија за туризам, нема централизирано место за креирање на политиките на дејноста, нема визија за поддршка на секторот, не со пари, туку со промоција, и следење на иницијативите и идеите на бизнисот.
КОЈ ТЕ ПЦУЕ, НЕ ТЕ ЛАЖЕ
Кога политичарот кој вообичаено е смирен и искулиран тип ќе испцуе, тоа треба да се гледа како еден вид издувен вентил на лонецот полн со жешка пареа. Од време на време малку автентичност, искреност и спуштање на земја не пречи. Она што пречи е лажењето. Нема поголема навреда за народот од тоа политичарот на кој му дал доверба да го лаже
Колумнисти:
Ана ПАНОВСКА
Ако чека Македонија ВМРО-ДПМНЕ да ја фати за рака и да ја води во „светлата“ иднина има да се изначека. Тоа го видовме во сите циклуси на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Да се мислело само на стајлингот, на патриотската патетика и на комитската кореографија
Александар НИКОЛОВСКИ
Овој игнорантен однос кон предлогот на Макрон и силното потфрлање дома сериозно може да ја разниша иднината на Македонија и да ја смести во Европската втора лига со земји како Молдавија, Албанија, Босна, Грузија, Украина и слични. Ќе се согласите, не баш симпатично друштво.
Перо КОСТАДИНОВ
Нетолеранцијата, агресијата и говорот на омраза се доминантна појава на социјалните мрежи, а најголеми иницијатори на овој вид комуникација се неодговорните политичари, некои медиуми, а особено некои од порталите.
Дарко АНДОНОВСКИ
Во ЕУ дефинитивно нема интерес за проширување зашто и вака конституирана тешко решава проблеми. Најмалку ѝ фалат докажано раскараните балкански земји
Стојан АНДОВ
Со доаѓањето на Климент, Ангелариј и Наум во Бугарија во 885 година кан Борис имал тешкотии со колебливоста на бугарското благородништво во однос на прифаќањето на христијанството. Избивале и побуни кои тој ги казнувал. Доаѓањето на Климент и Наум во Бугарија по нивното протерување од Моравско се јавило како сериозна поткрепа на словенскиот елемент во христијанизираното население во Бугарија
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Огромната руска мечка со грозен рев се разбуди од долгата летаргија, излезе од дувлото каде што хибернираше и тргна во војна против глобалниот финансиски капитал, која суштински претставува почеток на Трета светска војна. Ноторен факт е дека кој да беше на местото на Путин, ќе го стореше истото.
Линдита КАДРИУ
Линда е поим во професијата. Последните години помалку се занимава со клиенти, а повеќе со интересите на државата. Кога ми објасни што е суштината на нејзиното работно место, ми беше смешно: како ли застанува на страна на државата во тие судски процеси кога и самата е дијагностичар на оваа општа удолнина, точна во прогнозите, во профилирањето на функционерите.