1388

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Ме изеде јанѕа од најновите најави на Американците за нов стратешки договор со Македонија. Некако ми заличи на Букурешт во 2008 година, кога добивме исто таква утешна награда. И гледате до кое дереџе дојдовме после тоа! Цело време тапкаме  во место

МПЦ НЕ Е ВЕЌЕ РАСКОЛНИЧКА ЦРКВА
Нема збор дека одлуката на Вартоломеј е историски настан, кој го чекаат генерации и генерации Македонци цели 260 години. Проблемот е што ова неминовно ќе нѐ врати под многу поголемо црковно-грчко влијание против кое сме се бореле уште од времето на Кирил и Методиј.

ОД ДРУГ АГОЛ
Штом уставните корекции еднаш беа последица на Охридскиот рамковен договор, па потоа на Преспанскиот договор, тогаш да не биде дискриминирано третото ни езеро. Ако нешто ново договараме со Бугарите, нека биде тоа во Дојран. Дојрански договор! Може и туристички придобивки да имаме, пошто триве наши езера ќе добијат уставно-историски ореол со европски шмек

НОВ ПРИСТАП
Новоформираниот Клуб за бугарско-македонско пријателство ќе има посебна комисија за историја во сенка. Оваа комисија ќе има поинаков пристап од официјалната Комисија за историски прашања и нејзините бугарски членови немаат проблем со прифаќањето на македонската нација и јазик.

КРИВИЧНА ПРИЈАВА
Судијка, адвокат, вработена во општина Тетово со амин од поранешната градоначалничка, Теута Арифи, организирале криминална шема со која општината за експропријација имот од 80-тите наместо 50.000 евра, плаќа над 1 милион евра општински пари. Ова барем се тврди во кривичната пријава што ја поднесе актуелниот градоначалник Биљал Касами. Според оваа пријава, судијката пресметала камата за над 30 години, адвокатот не мрднал со прст, а Арифи знаела и се одобрувала

АРСОВСКА ГИ ВРАЌА „СГС“ ВО ИГРА
Само 10 дена по стапувањето на функција на актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, мистериозната Агенција за обезбедување „СГС“ го доби тендерот за обезбедување на средните училишта. Како и на кој начин во моментот функционира компанијата, чиј сопственик се уште не се знае, а во „бомбите“ се појавуваше името на екс шефот на тајната полиција Мијалков.

МАКЕДОНЦИ СО ИМОТИ ВО ДУБАИ
Дубаи важи за офшор-зона со исклучително ниско ниво на транспарентност, но сепак, протекоа податоци за луѓе од цел свет кои поседуваат недвижности. Меѓу нив има и 45 македонски државјани, кои поседуваат 55 имоти со проценета вредност од 14 милиони долари. Кои се тие и што ги привлекло да ги вложат парите токму во оваа специфична дестинација?

ВИЗИЈА  НА МАКРОН ЗА ЕВРОПА
Претседателот на Франција замислува „европска политичка заедница“ ослободена од „политичките“ ограничувања својствени на Европската Унија и која ќе им овозможи на државите од Стариот континент да напредуваат заедно. Симболичниот набој на проектот е огромен, но дали Макрон ги има капацитетите и поддршката да ги реализира?

ТУЃИНЦИ ИЛИ ГОСТИ
Го дочекавме и тоа. Полицијата ги спречи едните навивачи Албанци да бидат на ист стадион со други навивачи Албанци, за да не падне крв меѓу двете навивачки групи, а по добивањето на титулата, тие едните навивачи Албанци со воодушевување го извикуваа на македонски јазик името на нивниот стратег Гоце Седловски, кој е Македонец

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Изборите се тука и тоа е неминовен факт, сакал тоа „Таче“ да го признае или не. А изборите носат и одговорност, и за минатото и за иднината! Народот го чека својот момент за „волеј“ за сите катастрофи

Сања ЛУКАРЕВСКА
Сите учиме од лекциите кои животот ќе ни ги намени. Затоа, нема реприза за „Гласот на светлината“ и на оној „независен“ декор од комбинација на Застава 101 или Југо 45 и знамето од Вергина. Нема веќе наивна публика за тој  „невин“ перформанс. Зашто токму ВМРО-ДПМНЕ како власт не остави ниту невин кај себе, ниту наивен околу себе.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Сега, денес и овде е важно само едно. Македонија економски, политички и безбедносно да преживее и опстане и да се запре разградувањето на Македонците и на македонската држава. Без тоа и ДПМНЕ и СДСМ можат само да постанат гробари на сопствениот народ и сопствената држава на кои секојдневно така безобразно се повикуваат

Јанаки МИТРОВСКИ
Не е спорно дека судиите во Македонија земаат ниски плати. Спорно е што администрацијата зема екстра ниски плати, а неа никој не ја спомнува, поради недостиг на реална моќ и влијание. Точно е дека судии има доволно и нивниот број е значителен, но ние кои ги работиме сродните професии знаеме дека има хроничен недостаток на помошен кадар.

Стојан АНДОВ
Во Грција денес ги сметаат браќата скоро исклучиво за Грци, во Бугарија многумина ги сметаат за „Бугари“ затоа што Бугарите – и етнолошки и јазично неточни – ги сметаат Словените во (северната) Византиска империја (меѓу кои би припаѓале браќата) за „Бугари“. Во другите словенски земји претежно како Словени

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
На научниот симпозиум за одбележување на јубилејот 150 години од раѓањето на македонскиот великан, Гоце Делчев, организиран од Институтот за национална историја, највисоките државни претставници беа “оправдано отсутни”.  Очигледно, се плашеле од аманетот што го остави Гоце,  бидејќи пречи за дилот со Бугарија за добивање датум за преговори.