Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Знаеме ли за колку ни е попразна потрошувачката корпа споредена со онаа од пред две декади, дали ни стасува да ги платиме сметките или сите живееме на кредит. Се прашуваме ли што сме ние во „македонската сарма“: ориз или месо? А,можеби и лушпа од зелка
ОД ДРУГ АГОЛ
Се изредија Македонци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Египќани, оспорувајќи дека не е можно да се толку колку што се избројани, небаре нивните не бегаат од ова наше тло! Очекувам да се побунат и Марсовците, Викинзите и Џедаите оти „само“ 472 лица се попишани како такви. А зошто да не, и да побараат да влезат во Уставот
ШТО ПОКАЖА ПОПИСОТ?
Пописот јасно покажува дека врз база на интензитетот на иселување и структурата на луѓето што заминуваат, на целата наша територија сериозно ѝ се заканува „мариовско сценарио“. Ако романите на Стале Попов нѐ учат дека Мариово некогаш вриело од живот, пописот нѐ учи дека на целата оваа огромна територија сега живеат едвај неколку десетици жители
СЛУЧАЈ „ТРАНСМЕТ“
Неколку години по правосилната судска пресуда во предметот „Труст“, со која бизнисменот Сеад Кочан беше осуден на 5-годишна затворска казна, не може да се изврши конфискација на имотот на „Трансмет“. Државното правобранителство тврди дека реагирало до повеќе државни органи, посочувајќи дека обвинителството во старт постапувало непрофесионално и невнимателно. Како одговориле прозваните страни?
И ПРАВОБРАНИТЕЛСТВОТО „ПОД ЛУПА“
„Фокус“ дојде до сознанија според кои и постапувањето на Правобранителството е ставено под лупа. Приказната ја зачинува и еден имот, кој, случајно или не, прави врска меѓу фамилијата Кочан и онаа на државниот правобранител
ТАЛАТ ЏАФЕРИ: ЛОША Е ПЕРЦЕПЦИЈАТА ДЕКА ПРАТЕНИЦИТЕ ИМААТ ПРЕГОЛЕМИ ПРИВИЛЕГИИ
Со претседателот Џафери разговаравме за тоа кој ја кочи работата на Собранието, за процесот Жан Моне, како и за феномените на филибастеринг, ЕУ знаменце и лидерски средби. Го соочивме и со обвинувањата на опозицијата, а поразговараме и за специфичниот однос со претседателот на Левица и пратеник Димитар Апасиев
ИСТРАЖУВАЊЕ НА „ФОКУС“
Екипата на „Фокус“ направи обиколка и посети неколку локации на чии имотни листови фигурира името на таткото и братот на скопската градоначалничка. Двата хотелa „Империал“ и „Ројал“ сега се пренаменети во ланец од старски домови со кои управува извесен психијатар. Тука се и шесте компании на име на семејството Јовановски, како и стан и поголем дел од зграда. Арсовска била независен член и на Капитал банка со доминантен бугарски капитал
КОЈ (НЕ) САКА СТАТУС КВО
Ако си Македонец што е запрепастен од тоа што во Македонија има сѐ помалку и помалку Македонци, за што причината е што ем возрасните се иселуваат, ем оние кои остануваат не прават деца доволно, бадијала е да седиш и да пцуеш пред телевизорот или на социјалните мрежи да се жалиш за пустата ни судбина
Колумнисти:
Ана ПАНОВСКА
Морам да се дообјаснам оти кај да е ќе порипаат онаа академичкана и професоркана по ОНО и ќе му припишат на пописот уште и полова сегрегација во функција на непризнавање на пописните резултати
Александар НИКОЛОВСКИ
Доколку Македонија има силна борба со корупцијата и воспостави функционален систем на владеење на правото, тогаш и притисокот врз Бугарија да го симне бесмисленото вето ќе биде поголем и обратно – што повеќе цвета корупцијата, како што е сега, толку повеќе Бугарија нема да чувствува притисок и ќе се однесува како што се однесува.
Перо КОСТАДИНОВ
Прашањето за правата и состојбата на лицата со попреченост не е нешто споредно. Ова е суштинско прашање кое ја отсликува човечноста кај нас и способноста на нашето општество да се развива преку солидарноста и емпатијата како врвни човечки вредности
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Бројот на судски постапки и обвиненија против судии и обвинители може да се изброи на прсти. Затоа тие се однесуваат како заштитени мечки на кои никој ништо не им може. Едноставно „врана на врана очи не вади“, особено ако дел од нив така заработените пари ги „донираат“ на одделни политички партии
Линдита КАДРИУ
Потсетете се на тие млади бизнис-таленти, дипломирани, а необразовани, предизвикувачи на нерасветлени сообраќајки, без прекршочни кафеански тепачи, шмркачи, и слични грдотии. Како не чувме за деца на демократски функционери, а да бидат изградени персони, врвни професионалци, инспирација и модел за заедницата!?
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Наместо ЕУ, единствена алтернатива останува групно аплицирање за зачленување во ЛГБТ заедницата. Гарантирано и проверено! Само преку џендеризам, Нашата земја можеби целосно ќе ја реализира евроатлантската опсесија.