1374

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Еве, и една Словенија, која по големина и според бројот на жителите е речиси како Македонија, има 8 изборни региони, непроменети уште од времето на Хабзбуршката монархија. Дали им фали нешто, не верувам! Ама, затоа се Словенци…

ОД ДРУГ АГОЛ
Ми наликува политиката на Софија кон луѓето што таму се декларираат за Македонци, како вицот за „тази дупка, не е дупка“. Демек, „тази“ Македонци, не се Македонци! А нашите фактори не смеат да кажат дека „тази дупка“ е, сепак, „дупка“. Па, и кога некој ќе побара реципроцитет, како адвокати на соседот, нѐ убедуваат дека нивниот Устав бил поинаков! Да не е од рангот на Библијата!?

СТРАЗБУР И МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО ВО БУГАРИЈА
Се чини дека се стеснува обрачот околу нашиот источен сосед за признавањето на македонското малцинство. Бугарија во изминатиот период редовно го „јаде“ срамот на состаноците на Комитетот на министрите, за неспроведување на пресудите од Судот во Стразбур. Но, колку санкциите за нејзиното однесување се реални?

ПРОФИЛ: Никола ДИМИТРОВ
Додека поранешниот министер за надворешни работи и вицепремиер тврди дека неговото однесување е исклучиво мотивирано од неговите заложби за заштита на државниот интерес, неговите противници сметаат дека фактот што често ги менува политичките страни укажува дека се работи за типичен кариерист и политички камелеон.

ДРАГИ РАШКОВСКИ: ТЕЗАТА ДЕКА СОФТВЕРОТ ЗА СООБРАЌАЈОТ Е НАБАВЕН БЕЗ ЗНАЕЊЕ НА МВР Е ЗЛА НАМЕРА ЗА ПОЛИТИЧКИ ЦЕЛИ
Она што се случуваше пред и по неуспешниот старт на судењето против поранешниот генерален секретар во Владата, Драги Рашковски, му дојде како космичка правда. Неколку дена пред стартот на судењето беше прегазена млада девојка од Радовиш, а еден ден по одложувањето на судското рочиште беше прегазен уште еден пешак кај мостот „Гоце Делчев“ во Скопје. Рашковски е во куќен притвор, но „Фокус“ преку неговиот адвокат успеа да обезбеди одговори од најблискиот соработник на поранешниот премиер Зоран Заев

УКРАИНСКО-РУСКИ КОНФЛИКТ
Не е лошо тоа што сме лојални на САД, но нема потреба секогаш први да истрчуваме таму каде што најмалку ни е местото. Не треба да заборавиме колку скапо нѐ чинеше предизвикувањето на Кина со признавањето на Тајван, а Москва денес е многу понезгоден непријател од Пекинг во 1999 година

НИЈАНСИ И ТОЛКУВАЊА
Власта може да спинува дека на гостите им послала црвен килим чисто за да не мораат да газат по црвените линии, кои и онака ни се замачкани и не се за пред гости, ама ако не сака да добие црвен картон од граѓаните, ќе смее да го пушти црвениот килим само до кај што му е црвената линија, на народот

 

Колумнисти:

Ана ПАНОВСКА
Ајде да ги боцнам таквите како Захариева и Каракачанов, море и како Димитров, па да им порачам дека на Бугарите може да им се случи нешто како во онаа стара поговорка: „Барајќи шутиот рогови, на крајот си ги изгубил и ушите“. Поука и совет за гореспоменатите персони: Барајќи ја Северна Македонија да не ја изгубат и Пиринска Македонија… некогаш, во некоја далечна иднина

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Ако беше жив, амбасадорот Абдурахман Алити сигурно на „државотворните“ опсенари со датумот, ќе им го поставеше тонч- прашањето: „Зар не сте свесни дека со забеганите отстапки дефинитивно го нулирате македонизмот“?

Мухамед ХАЛИЛИ
Постоењето на европска Македонија досега со личен пример го покажале поранешниот премиер Филипов и поранешниот претседател Жељу Желев. Другите уште се занимаваат со толкување на историјата. Стигнале до цар Самоил и застанале тука!

Наум СТОИЛКОВСКИ
Филмските журнали само потсетуваат дека наскоро доаѓаат избори, на кои токму Ковачевски ќе ја сноси одговорноста на „трговецот од Милановац“. Македонија не може да истрпи уште еден Заев, па се викал тој и Димитар

Реџеп ИСМАИЛ
Прашањата кои Софија ги отвора во овие преговори се решени и затворени со Бледскиот договор од 1947, со кој Бугарија го признала сето она што денеска го спори. Согласно ова, како предуслов за било какви преговори, да се побара Бугарија недвосмислено да го потврди овој договор

Арбен ТАРАВАРИ
„Кецарошите“ сега мудруваат од тронот на моќта и делат парадоксални лекции за подобар живот. Ај што делат лекции, ама и „дебело“ ги наплаќаат

Стојан АНДОВ
Кога бев одговорен за односите со Европската заедница и земјите од ЕФТА, за две години речиси секои две недели во месецот патував во Брисел или во престолнините на некоја од земјите- членки на ЕЗ. Бев и претседател на југословенскиот дел на Мешовитиот комитет за економска соработка меѓу Југославија и Франција, а мој контра- партнер беше францускиот министер за надворешна трговија Жан Франсоа Денио со интересно потекло

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Разврската на случајот со одговорноста на Стојанче Рибарев ја надминува неговата индивидуална судбина и професионална кариера. Станува показател за тоа кои сили ќе надвладеат во правосудниот систем на државата – оние кои се борат за владеење на правото или оние кои го   одржуваат високо на врвот владеењето на криминалот и корупцијата.

Линдита КАДРИУ
Одам во кабинет: Простете, дали министерот сменил имејл? Не, но министерот не користи имејл. Е, ова беше најјако! Министерот не одговараше ниту на испринтаните предлози, до следниот конкурс имаше цела година, и што можев освен да дадам оставка