1373

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Ја разбирам потребата на нашите власти да покажат дека се   лојални сојузници на Америка и што размислуваат за обврските на нашата земја, како најтазе 30-та членка на НАТО. Ама нема потреба од такво брзање и од непотребно истакнување

БЛИЗУ ДВА МИЛИОНИ ЕВРА ПОТРОШЕНИ ЗА 4 ГОДИНИ ЗА ПРИВИЛЕГИИ НА БИВШИ ФУНКЦИОНЕРИ!?
Поранешниот премиер Зоран Заев вели дека ќе се откаже од дел од правата што го следуваат по завршувањето на премиерскиот мандат, но ќе го задржи правото на обезбедување. Тој не сака да зборува за тоа дали се плаши за својата безбедност, но познавачите велат дека ризикот постои. Токму затоа на располагање ќе му бидат шестмина телохранители од државната безбедност, кои ќе го надгледуваат 24/7

ОД ДРУГ АГОЛ
Објавата на екс ген-секот дека со „софтверот на Рашковски“ може да се намали бројот на жртвите за една половина, не предизвика лавина реакции како вообичаените апели за најстрога казна кога ќе се случи тешка сообраќајка. Интересно, но немаше ниту демант за квалитетите на софтверот, ниту, пак, некој се загрижи зошто овој систем е надвор од употреба

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НОВАТА ВЛАДА
Дали СДСМ ќе има кондиција да ја предводи владата до крајот на мандатот или, пак, ВМРО-ДПМНЕ може да издејствува предвремени парламентарни избори, заедно со ДУИ или Алтернатива? Доколку нема испорака на реформи и пробив во интеграцискиот процес, тогаш аналитичарите очекуваат дестабилизација на владата.

ВЛАДИМИР ЛАЗАРЕВИK: НЕ СМЕЕШЕ ДА СЕ ДОЗВОЛИ ВО 21 ВЕК ТОЛКУ ЛОША КАМПАЊА ЗА ВАКЦИНИТЕ
Владимир Лазаревик, на јавноста ѝ стана познат како заменик-министер за здравство во 2006 година, во владата на Никола Груевски, на чија функција остана сѐ до 2008 година. Уште во тој период, тој редовно се спротивставуваше на здравствените политики на екс премиерот по што ја напушти и функцијата. Некаде во 2015 година, тој беше дел од неформалната група „Амстердамската тројка“, која се бореше од „тронот“ да го симне Груевски и да се смени целото партиско раководство во ВМРО-ДПМНЕ. Моментално работи во Дубаи

МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО
Негрижата на официјално Скопје за сопствениот народ дефинитивно си го прави своето, а полека се подготвува терен и да се официјализира во новиот македонско- бугарски договор за добрососедство. Сепак, Македонците и од Грција и од Бугарија се децидни дека ако издржале цели сто години на своето, нема да се предадат ни по цена на никаков договор

ПАРТИСКИ БОТОВИ
Партиските членови добиваат тези, кои треба да ги пласираат како свои ставови на Фејсбук и на Твитер. На тој начин се врши целосна поларизација на јавното мислење, а главниот мотив е вработување во државната администрација

КОЈ НЕ САКА ПРИВИЛЕГИИ
На бившите функционери треба да им се даде правото да примаат апанажа чисто за да види народот дали ќе ја одбијат. Ако ја одбијат, значи дека барем до некаде почнал да ги фаќа некој срам, чувство дека тоа е чекор во вистинската насока, од Балканот кон Скандинавија. Ако, пак, ја прифатат, или уште повеќе сами се јават со барање да им се даде, тоа е знак за гласачите дека таквите политичари се решени да ја држат земјава во културолошките граници на Балканот

 

Колумнисти:

Ана ПАНОВСКА
Како што нема ни македонски Албанци, македонски Срби, македонски Турци… Бугарите во Македонија за нас не се ништо подруго од другите етникуми, па да бидат ословувани со присвојната придавка „македонски“

Наум СТОИЛКОВСКИ
После сите оние тиради за администрацијата и осиромашување на државата преку беспотребно земање пари од буџетот сега, во време на тешки кризи, истите ликови обединети под крикот „срамота е“, да се свијат под барање на (л)апанажа? Недостоинствено и срамно.

Линдита КАДРИУ
Македонија е земја на чудесија, каде неуспехот во еден ресор е препорака за друг ресор или амбасадорско место, а може и позиција на ректор. Ви се верува ли дека по 8-те години уназадување на Тетово и задолжување од 24 милиони евра, Теута Арифи се спомнуваше како можна ректорка на ДУТ!?

Стојан АНДОВ
Му реков на Милошевиќ дека сум изненаден од гласовите за втора Букурешка конференција и се што е поврзано за Македонија и навестувањето за нови делби на Македонија. Слободан ми одговори:„Не, Стојане, не го предлагав јас тоа. Тоа го предложи оној лудиот Самарас, ама тоа е несериозно.“

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Од времето на “шумкарите” до периодот на “ премачканите политиканти со сите бои ”, се практикува теоријата за шимширот- секој кој малку повеќе стрчи, веднаш се поткаструва. Патолошката фобија од умни и разборити луѓе, претставува пречка за опкружување со паметни, затоа што паничен е стравот да не се падне во нивна сенка.

Звонко ДАВИДОВИЌ
Најтажно од сѐ е што и менталниот состав и човечките принципи се денес толку извитоперени до непрепознатливост за едно нормално напредно демократско општество. Наместо слобода и солидарност, демократија и национална хармонија, гордост, денес се негуваат зависност и полтронство, страв и наведната глава