1372

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Барем некој да се одважеше да го праша Петков, зар Бугарија се граничи самата со себе, па да нема соседско малцинство. Или тоа беше главната порака што меѓу редови сакаше да ни ја каже, а ние не  сакавме да ја слушнеме

ОД ДРУГ АГОЛ
Премиерот Димитар Ковачевски, ресорот за борба против корупција и човечки ресурси сега го трансформираше во ресор за „добро управување“. Една измишљотка се замени со уште понова. Не знам што опфаќа ова „добро управување“, ама ми остава дојам како сите други министерства да се за лошо управување

ПО СТРУЈАТА – ПАРНОТО
Откако БЕГ соопшти дека не може да обезбеди парно по постојните цени поради растот на цената на гасот на светските берзи, државата одлучи да воспостави привремена управа врз компанијата преку АД ЕСМ. На тој начин, корисниците ќе добијат парно-греење до крајот на сезоната, без ново зголемување на сметките, но експертите велат дека фактурата повторно ќе ја платат граѓаните преку буџетот.

ШТО СРАБОТИ АРСОВСКА ЗА 82 ДЕНА?
Од најавените проекти за 82 дена владеење, новата градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска ги врати само ноќните линии на автобусите и назначи нови директори од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на сите јавни претпријатија, па дури еден од нив е шеф на кабинетот на Мицкоски.

ПРОЛОНГИРАН РАСПУСТ
Владата го одложи стартот на второто полугодие со надеж дека до први февруари ќе стивне пикот, кој сега е во подем. Во првото полугодие, пак, во различни училишта, различни одлуки за тоа кои ученици одат во изолација. Ќе биде ли одложувањето доволно за да нѐ спаси од експлозија на заразени ученици и колапс на матичните лекари?

РОДОВИ СТЕРЕОТИПИ
Интервјуто на гевгеличанката Томитка Раданлиева, која лани прочитала 438 книги, предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, кои, наместо пофалби, ѝ донесоа негативни и навредливи коментари. Што велат експертите за ваквиот изблик на говор на омраза мотивиран од родови стереотипи?

БЕНЕФИТИ ОД АРИСТОКРАТИЈАТА
Првата генерација на аристократските династии речиси секогаш се аристокрадци, втората ако не прокоцка сѐ што украла првата ќе биде малку поприбрана, а веќе третата е убедени дека тоа што го имаат и го заслужуваат оти се со посебна, сина крв. Почнуваат како аристокрадци, стануваат аристократи, за на крај да завршат како аристокретени

 

Колумнисти:

Ана ПАНОВСКА
И оваа влада на Димитар Ковачевски неславно ќе заврши ако најбрзо што може не „прешалта“ од „славните проекти“ директно на мотика. Лошо ќе заврши ако и понатаму, како сите влади досега, на народот му ласка и му кажува тоа што тој народ сака да го чуе

Наум СТОИЛКОВСКИ
Петков споменува дека во парламентот имал пратеник- рапер, којшто би можел да рапува со некој од Македонија.  А прво ми текна на Африм Гаши и неговиот рап настап, како гласеше „празни џебови“?! Рапуваат милите, билмез- дипломатот скречува! Улетува семпл од урлањето на Никола Димитров „Срамота е луѓе“!

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Ако актуелниот претседавач на ЕУ – Франција не направи видлив исчекор кон интеграциските процеси на Македонија и целиот Западен Балкан, сосема извесно е дека недовербата и понатаму ќе расте како и иницијативите државите од Западен Балкан да го свртат курсот на своите геополитички стремежи и интеграции

Ѓорѓи СПАСОВ
Оставањето на решението за спорот во рацете на волјата на посилниот и попривилегираниот, ќе доведе до политичка мобилизација и промени во Македонија како во 2008 година, по што ќе имаме само уште еден замрзнат конфликт на Балканот

Линдита КАДРИУ
Штом фати студ, во неколкуте минути надвор, инстинктивно ми се појавува истата мисла. Фиксацијата кај бездомниците. Ковачевски, почни со ова! Ќе ти помогнеме. И ќе те паметиме, посебно најсиромашните, за век и вјеков

Звонко ДАВИДОВИЌ
Додека не се создаде ефикасен корективен механизам, единствена борба против корупцијата ќе биде повикот и фалбата на најкоруптивните поединци како согореле во борбата против корупцијата во која никој не верува, па ни тие самите.

Стојан АНДОВ
Кога Глигоров ги подредуваше аргументите за отстранување на недоразбирањата што претходно се јавија во Бадентеровата комисија кон Македонија, тој во писмото што го испрати, меѓу другото, кога ја навел Декларацијата за сувереност како почетна точка напишал дека била донесена на 25 февруари 1991 година, а не еден месец порано

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Диспозитивот на речиси сите пресуди е по теркот „се бореле за отцепување од југословенската братска заедница, за да Македонија стане самостојна“ со задолжителната импутација „на чело со Ванчо Михајлов“. Во тие „волнени времиња“ и Гоце Делчев да бил жив, ќе го репресирале поради македонизам.