1369-1370

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Ако СДСМ на Заев беше „муртинска“, оваа СДСМ на Таче ќе му дојде  некако „карпошовска“. Социјалдемократите навистина убедливо изгубија во Општина Карпош од нивниот бивш сопартиец Стевче Муња, ама затоа сега „победуваат“ во новите раководни структури на СДСМ

ОД ДРУГ АГОЛ
Забавно звучи што имаме Министерство за евроинтеграции, кои стануваат научна фантастика. Во тој дух, зошто да немаме и Министерство за освојување на Месечината бидејќи попрво Македонец на Месец ќе стапне отколку што ќе станеме полноправна членка на ЕУ. Така што, поадекватно би било Евроинтеграции да се преименува во Министерство за борба со бугарското вето

ПОЛИТИЧКИ НАСТАНИ ВО 2021 ГОДИНА?
По неуспешниот постизборен обид на Мицкоски да ја урне владата со помош на Касами, разочараниот Заев и „позеленетиот“ Ахмети формираа ново мнозинство со Гаши, кое треба да избере нова влада предводена од новиот лидер на СДСМ – Ковачевски

ЗАМИНУВАЊЕТО НА „ПОЛИТИЧКИОТ БОМБАШ“
Годината што изминува, на политички план ќе ја обележи  одлуката на Зоран Заев да ги напушти и двете функции, и лидерската, и премиерската. Тој е прв политичар во историјата на Македонија што презема ваков потег, а ќе остане запаметен по својата храброст, транспарентност, гафови, но и по неколку неславни изјави, кои го обележаа почетокот на крајот на неговата кариера

НЕКОЈ НА ДУНАВ, ДРУГИ ВО ШУТКА
Предметите на СЈО и понатаму тапкаат во место, а граѓаните веќе заборавија кои беа „Чарлиевите ангели“. Она што е поразлично од лани, е што покрај Јанкулоска и Поповски, и Мијалков и Камчев за најлудата ноќ ќе бидат зад решетки. Од следната година, пак, ни се заканува потоп на правдата, и тоа во буквална смисла!

РЕПУБЛИКАТА ВО ПЛАМЕН
Пола Македонија изгоре во пожарите што нѐ зафатија за Илинден. За среќа, човечки жртви немаше. Но, за пола година 2021 стана година во пламен. Вкупно 59 македонски државјани загинаа во двете големи трагедии што се случија во Тетово и Бугарија. Четиринаесет во модуларната болница во Тетово и 45 во автобус во Бугарија.

КОГА СПОРТОТ НОСИ  РАДОСТ
Изминатата 2021 година ќе остане во знакот на спортот и постигнатите резултати на сите светски борилишта на македонските тимови и индивидуалци. Имавме историски настап на Македонија на Европското првенство во фудбал, како и сребрен медал на таквондистот Дејан Георгиевски на ЛОИ во Токио.

НАЈКОМЕНТИРАНИ ПАРОВИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ
Колку и да се негира, вистината е дека темите за нечија врска, брак, па и развод, се најинтересни меѓу читателите. И колку е поневообичаена таа врска, колку е поконтроверзна, или во најмала рака скандалозна, толку е поголема љубопитноста на јавноста за неа

БАЛКАНСКО БУРЕ БАРУТ
Сѐ поизвесното решавање на косовското прашање во комбинација со крајно нестабилната состојба во БиХ, создава идеални предуслови за повторување на мрачните балкански сценарија од последната деценија на претходниот век. На Балканот нема подготвеност за долгорочна војна, но дека може да се очекуваат ограничени вооружени инциденти, тоа е повеќе од сигурно.

ЗАЕВ ШАМПИОН ВО ГАФОТЕКАТА
Можеби во 2022, откако речиси сите политичари што кинеа зелени ќе станат зрели за политичка пензија, во држава ќе никне нова реколта на политичари поради кои нема да се плашиме дека сме на чекор од тоа да го обереме бостанот. Имаме право да се надеваме, но дали имаме основа да се надеваме, е сосема друга тема

 

Колумнисти:

Ана ПАНОВСКА
Затоа ми направи ќеф Законот за изградба на два нови автопатишта, кој на Владата ѝ отвори можност да склучи договор за изградба со познат изведувач, американско- турската компанија „Бехтел и Енка“, и тоа − без тендер!!! Овој пат убедена сум дека нема да бидеме зијан

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Од една страна, самото судство и обвинителство не е способно да го направи така потребното разграничување помеѓу чесните и корумпираните, а, од друга, секое мешање на некој “друг“ од страна го доживуваат како напад врз нивната “независност“.

Наум СТОИЛКОВСКИ
Опозицијата зеде речиси две третини од општините. Го зеде и Скопје. Му го зеде „скалпот“ на Заев. И сега цели кон Илинденска. Без јасен и гласен став со оградување, извинувањето од „старите на Бихаќка“ со Таче „Монтенегро“ е ништо повеќе од порција подгреан подварок со мисиркино

Линдита КАДРИУ
Тетовчани конечно раскрстија  со елементарната непогода која ги водеше 8 години…да не се освестеа, ниту Таравари, ниту драгиот Бог не ќе можеа да им помогнат. Овој декември во воздух се чувствува вера, надеж, се гледаат првите промени и се слушаат пофалби…

Стојан АНДОВ
Република Северна Македонија е членка на НАТО и се стреми за полноправно членство во ЕУ, наоѓајќи се пред нејзините врати, и затоа не треба да се допушти да бидеме измамени од политиката на спомнатите бугарските државни раководители, како во бугарските, така и во европските институции, каде што основа и натаму во нивната политика е Санстефанска Бугарија

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Самоукинувањето во најава на македонизмот, може да се спречи само на избори со шут-карти за статус-кво картелите Курто, Мурто и Асан . Дури тогаш навистина народот ќе се посреќи во новата 2022 година