1365

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Веќе ни збоктиса 16 години да го чекаме датумот за преговори со ЕУ. Како што она симпатично момче, извидникот Петар фино срочи дека на трудот што го вложува да се искачи на планината „не вреди грашок да се јаде“, така некако станува дестимулативно на нашиот европејски маратон само грашок, односно пофалби, да кркаме. Веќе мевцето или датумот треба да се наш избор

„ЦРНИ ТОЧКИ“ ПО ПАТИШТАТА
Наместо да се вратат со убави спомени дома, 45 македонски државјани изгореа на една од црните точки на бугарскиот автопат „Струма“, каде што во последните три години се случиле 10 сообраќајки. Бугарија дебатира за небезбедните патишта, а кај нас црните точки се црни дупки, кои никој не ги гледа официјално и не ги бележи

АЛЕКСАНДАР СТАНКОВ: БУГАРСКИОТ ОБВИНИТЕЛ ИЗБРЗА СО ТВРДЕЊА ЗА ПРИЧИНИТЕ НА НЕСРЕЌАТА БЕЗ ЗАВРШЕНА ЕКСПЕРТИЗА
Во ништо не заостануваме од нашите европски колеги во идентификацијата со ДНК, тврди директорот на Институтот за судски вештачења, Александар Станков, кој беше дел од екипата што отиде на самото место во Бугарија по запалувањето на македонскиот автобус, во кој загинаа 45 лица. Во разговор за „Фокус“, тој зборува за искуствата со слични несреќи, проблемите со вештачењата и зошто е важно секогаш кога има несреќи со жртви да има присуство на судски вештак

КОЛКУ „ТЕЖАТ“ СКОПСКИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ?
Станови и деловни објекти, земјишта, тенки банкарски сметки. Од година во година сѐ „поскромни“ стануваат анкетните листови на првите луѓе на скопските општини. Ретки се тие кои без проблем, на увид на јавноста ја ставаат целата имотна состојба, додека има и такви, кои според тоа што може да се забележи, освен автомобил не поседуваат ништо друго. Дури, некои „немаат“ ни куќи или станови во кои живеат.

ТРИУМФОТ НА „СКОПЈЕ 2014“
Иако власта најавуваше дека на „Триумфалната порта“ ќе постави бројчаник за вратените украдени пари, овој споменик остана да го симболизира триумфот на „императорот“. Објектот е изграден спротивно на низа закони, и тоа среде сообраќајница. Владата даде мислење до Општина Центар околу новиот урбанистички план „Мал ринг“, меѓутоа тој никогаш не беше донесен

MАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК „БОМБАРДИРАН“
Развојот на технологијата, во изминатите неколку децении донесе и новитети во пишаниот и во разговорниот стил во македонскиот јазик. „Увезовме“ многу  странцизми, кои сѐ почесто се употребуваат во јавниот простор. Младите полесно се изразуваат на англиски јазик, па размислуваат како зборот да го „преведат“ на македонски

НОВ КОВАЧ ЗА ЖЕЛЕЗНИТЕ ОПИНЦИ
Зоран Заев, кога дојде на власт, ја даде славната изјава за неговите железни опинци, но и тие на крајот се скинаа, и прашање е дали ковачот Ковачевски ќе може пак да ги закрпи. Железото се кове само додека е жешко, а кога ќе се олади, почнува да ’рѓосува. За да се кове, пак, треба пак да се врати на огнот

 

Колумнисти:

Ана ПАНОВСКА
За нас Македонците, за нас, вистинските патриоти што си ја сакаме државата Македонија, АВНОЈ – 29 Ноември е историскиот ден кога за првпат и официјално е признат македонскиот народ

Наум СТОИЛКОВСКИ
Димитар Ковачевски ја пропушти шансата за прв впечаток. И втор нема, затоа што и според изјавите, решил да остане во сенка на Заев. Ковачевски при неговото медиумско фаворизирање, покажа дека не ја разбрал пораката, а тоа е оградување од криминалот и корупцијата

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Нема лидер ако определена единка, независно од тоа дали располага со соодветни квалитети, самата себе си не се доживува и не делува како лидер. Тоа значи дека самиот избор на определена личност на функцијата претседател на партија автоматски не го прави и лидер. Тој може да биде претседател, но не е и не се пројавува како лидер

Стојан АНДОВ
Кога констатирав, како претседател на Уставната комисија, дека решението во предлогот се заменува и комисијата предлага изборот на претседателот да се врши во парламентот, а не на општи избори, Љубомир Данаилов Фрчкоски, кој беше  шеф на групата експерти што го застапуваа овластениот предлагач, претседателот Глигоров, рече дека за него е неприфатлива оваа промена и си дава неотповиклива оставка

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Македонското национално малцинство во Бугарија никој не сака да го признае. Единствен исклучок се Хелсиншкиот комитет за човекови права во Бугарија и Друштвото за бугарско-македонско пријателство, чиј долгогодишен претседател беше професор доктор Иван Калчев. Еретикот беше етикетиран како родоотстъпник, со изречена смртна пресуда од ВМРО-БНД на Каракачанов