Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Добрата вест е што опозицијата реши да биде конструктивна за расправата околу буџетот. Лошата вест е што на повидок не гледам некоја „нова и неизбламирана“ политичка енергија, дури и да не е харвардска. Немам дилеми дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се одамна истрошени партии. Белки, не верувате во приказните за мали деца дека „третата опција“ е Левица?!
OД ДРУГ АГОЛ
Билал Касами стори есап дека СДСМ ќе имаа корист доколку го поддржат во вториот круг во Тетово. Ако на заедничката листа со СДСМ, Беса доби 4 пратеници, меѓу кои е и Касами, со неговиот избор за градоначалник, СДСМ ќе добие пратеник плус, но тоа е еден помалку за Беса. Да не го избереа во Тетово, ќе имаа значи 61
РАСПЛЕТ НА ПОЛИТИЧКАТА ДРАМА
Што се случи пред обелоденувањето на иницијативата за ново парламентарно мнозинство? Дали неуспешниот обид за изгласување недоверба на владата ќе резултира со зголемување на постоечкото мнозинство или со нови избори? Како ќе се одвива лидерската транзиција на Илинденска и на Бихаќка?
ФЕНОМЕНОТ НА ЛЕВИЦА
Заедно со сегашниот премиер Зоран Заев протестираа по улиците, како дел од Шарената револуција, за да го урнат режимот на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО падна, но се роди Левица на чело со Димитар Апасиев и зеде од гласовите и од двете партии. Премиерот го обвинува дека печали лајкови на депресијата на народот, а тој со лозунгот од Шарената револуција му порачува „Ќе висите заедно“…
АФЕРА „ДЕЛЧЕВСКИ НИВИ“
Нивите во Делчево вределе по половина евро од квадрат, но оние кои се „дил-ориентед“, им тргнало од рака да ги шитнат за 40 пати повисока цена. Управата за финансиска полиција истражува дали во случајот е сторен криминал. Обвинувањето, пак, за нелегално финансирање, засега, е само пуста желба. Сите знаат за каде биле наменети парите, ама фали она најважното, црно на бело.
МОДУЛАРНИ БОЛНИЦИ
Овие привремени објекти воопшто не требало да бидат изградени од еколошки ѕидни панели (PUR), а баш и поради тоа внатре не требало да има централен довод на кислород, кој може да преставува потенцијална „бомба“ за експлозија. Тоа го докажуваат и препораките на Здружениот истражувачки центар на Европската комисија, според кои, ковид-болниците со висока концентрација на кислород треба да се градат според стандардите за хемиски фабрики.
ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА
Нашата држава не е виновна што светот е во енергетска криза, но и тоа како е виновна и одговорна поради фактот што истата криза ја дочекува со нефункционална РЕК Битола и со 0 отсто напредок во делот на обновливите извори на енергија. Повеќе од 20 години немаме изградено ниедна поголема хидроцентрала, а хидропотенцијалот на нашите реки е искористен со само 20 отсто.
ФК ВАРДАР СО НОВ СОПСТВЕНИК
Најголемиот фудбалски репрезент на Македонија, Вардар и официјално доби нов сопственик Слободан Крстевски, газдата на компанијата Блу Скај Инвестментс, кој ги купи сите акции на клубот од Скопје за сума од 32.516 евра. Ова е најава дека клубот за неколку месеци конечно ќе застане на здрави нозе, со надеж од наредната сезона да се врати во елитното прволигашко друштво.
ПОЛИТИЧКА ЏУНГЛА
По 30 години плурализам и сите неочекувани коалиции и идеолошки пресврти кај сите партии, денес само комплетни идиоти може уште да се мразат со приврзаници на друга партија. Паметните не ги сфаќаат сериозно кавгите меѓу партиите, оти знаат дека пак може да бидат некој ден во коалиција. За тој духовен мир се најзаслужни мајмунлаците
Колумнисти:
Ана ПАНОВСКА
ВМРО-ДПМНЕ мора да се усериози и да престане да се однесува како маалски тепач кој бара од минувачите да ги испразнат џебовите и да им се тргнат од патот. Таа работа не оди зашто, како што видоа, никој не им се трга од патот. Всушност, со ова „мољакање“ Заев доброволно да си замине покажуваат голема слабост и немоќ
Наум СТОИЛКОВСКИ
Христијан Мицкоски, последен директор на ЕЛЕМ пред смена на власта, уште во јуни ги нагласи загубите на ЕЛЕМ и на МЕПСО од вкупно 22,8 милиони евра во 2020 г., а посочи дека ЕЛЕМ го оставил со 30 милиони евра во депозити и на сметка. Второ, го укинаа тендерот распишан од Мицкоски за набавка на сопствена механизација на РЕК Битола. И таква набавка никогаш не се оствари
Стојан АНДОВ
Откако Фрчкоски виде дека нема шанси да ги убеди Американците дека Стојан Андов е извршител и организатор на атентатот, по 20-тина дена, пред новинарите изјави дека една мултинационална компанија од Софија „Мултигруп“, заедно со некои членови на Либералната партија на Македонија, во името на партијата, инаку сопственици на успешни фирми, се организатори и извршители на атентатот
Мухамед ХАЛИЛИ
Изгубивме три децении да бидеме дел од европските вредности и достигнувања поради грчката историја, сега ни се заканува истото со бугарската историја. Можеби утре некоја друга историја и тоа сé додека не го уништиме вирусот на историјата.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Воопшто не зачудува фактот што полуграмотните и самоубедени комунисти одбиле да вратат илјадници образовани македонски емигранти, кои по балканските и меѓу двете светски војни заминале за Бугарија. Ставот бил дека не се пожелни, бидејќи биле бугарски воспитаници. Тенденцијата на игнорирање на умните и образовани продолжи до денес