1362

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Досегашното искуство нѐ научи дека обидите за предизвикување на НПМ се покажаа јалови. Така беше и во 2000-та, кога беше неуспешен обидот на Црвенковски со помош на Тупурковски да го испрати Георгиевски без избори во опозиција. Зашто секогаш ќе се најде некој што ќе даде „гол со петта“ или „кош без коски“ во последните секунди од натпреварот

СОМНИТЕЛНИ ТРАНСАКЦИИ НА ИЗБОРИТЕ
„Фокус“ дојде до сознанија дека надлежните институции проверуваат сомнителни трансакции, но засега нивната корелација со изборниот процес е само временска. За време на кампањата, пак, многумина беа фатени како со кеш купуваат гласови, при што, според пријавите, се давале и по 3.000 денари за глас

ПАРТИСКИ РЕВАНШИЗАМ!?
Со смената на локалната власт, почнаа смените и во администрацијата. Со оглед на досегашното искуство, ВМРО-ДПМНЕ сигурно веќе крои планови на кои работни места да ги смести партиските послушници, а верните гласачи меркаат некое местенце на државно со сигурна плата и малку работа. И така во маѓепсан круг сѐ додека не седнат професионалци на работните места

КОВИД ПРОФИТИ
 Според официјалните податоци, најголем приход лани имала „Аџибадем Систина“ од 41,3 милиони евра, од кои заработила 5,9 милиони евра, додека Жан Митрев Клиник направиле приход од 27,7 милиони евра, но остварил профит од 8,1 милиони евра. Само приватната болница „Ремедика“ има заработка од 1 милион, а прикажала приходи од 8,2 милиони евра, но тие не работеа со ковид- пациенти.

СТАНИСЛАВ ПЕТКОВСКИ: ОВАА ВЛАДА ДОЈДЕ НА КРИЛЈАТА НА „ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА“, А ЗАМИНУВА СО БРАНОТ НА „ТИВКАТА БЕЗБОЈНА РЕВОЛУЦИЈА“
„Владејачката партија долго време имаше серија скандали и неуспеси и тоа не влијаеше на изборите неколку пати, што значи дека и сега верувале дека со активна кампања и пристап ќе го компензираат нараснатото незадоволство на граѓаните. Особено, ако ги уплашат со катастрофични сценарија кои би следувале доколку некој друг ги замени, што всушност е закана“, вака психологот Сашо Петковски го објаснува верувањето на СДСМ дека ќе победи на локалните избори, а доживеа пораз.

СТОЈКО СТОЈКОВ: ПРАШАЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО ЌЕ ГО ПОСТАВАТ ЕУ И  САД , А НЕ СКОПЈЕ
Проф. д-р Стојко Стојков, копретседател на партијата на Македонците во Бугарија, ОМО Илинден Пирин, во интервју за „Фокус“, ја доловува состојбата на македонското малцинство во Бугарија. Вели дека процесот на откажување на Македонија од малцинството почнало во 1999 година, а очекува македонската власт да се откаже од признавањето во име на ЕУ интеграцијата

ХАЗАРДЕРИ И КОЦКАРИ
Оној лидер кој во душа е коцкар, може да ја истрпи тензијата и напнатоста, и само таквиот може да води преговори кога мнозинството е толку тенко што на жилет би го собрало. Оној лидер кој бара широк простор за маневар, кој сака да игра само на сигурно, не е човек што може да се снајде и да издржи ситуации каде нема простор за маневар и каде ништо не е сигурно

 

Колумнисти:

Ана ПАНОВСКА
Ако е ербап Мицковски да направи нова мнозинска влада што ќе тера до парламентарните избори во 2024 година, тогаш нека му е со среќа. Но, ако целта му е само да падне Заев, да не состави влада и да оди на предвремени избори надевајќи се дека ќе ја повтори „ситната“ победа од комуналните избори, тогаш со една таква акробација Мицковски заминува во историјата

Наум СТОИЛКОВСКИ
Власта е падната, и тоа не зависи од одлучноста или од неодлучноста на некој Реџепи, кој одеднаш поверува во „продолжениот кабел“ од модуларната, или, пак, можеби добил 500.000 причини за да помогне да се подели парламентот на пола

Јанаки МИТРОВСКИ
Дали ќе има одговорност за оваа гарнитура на власт. Па, секако дека не. Одамна е познато дека врана на врана очи не вади, a Заев ќе си замине од власта доволно нафатиран со кеш и со се уште доволно политичко влијание да се вади, или евентуално и него да го пуштат да избега за Будимпешта.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Причината за желбата на Шкодране Дардишта да ги соблече скапите патики и да ги облече старите чизми се сосема прозаични и лукративни. Станува збор за пари. Зошто!? Па, затоа што ако ДУИ не е на власт, и односната госпоѓа нема да биде на добро платени функции

Стојан АНДОВ
По падот на комунизмот, Колишевски се повлече од јавноста и до крајот на животот живееше како пензионер. По неговата смрт во 2000 година, неговата лична архива од 300.000 страници била оставена на чување во МАНУ каде со неа раководи посебен одбор.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Ако по денот утрото се познава, тоа значи дека партиите на статус квото, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, ќе продолжат наизменично да “колат и бесат”. До моментот кога некој убав ден ќе се случи  трета опција.