1361

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Со или без Заев, државата е веќе длабоко влезена во сериозна  политичка криза. Времето работи против нас и затоа е потребно што поскоро да се најде решение. Персоналните комбинации во овој момент се помалку значајни од суштинските проблеми, кои ги има навистина многу

ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА
Веќе подолг период, домашното производство на струја во земјава континуирано опаѓа, па  поголем дел од потребите се задоволуваат преку увоз. Но, цената на струјата на меѓународните пазари драстично порасна, што предизвика енергетска криза. Властите уверуваат дека ситуацијата е стабилна, но само до крајот на годинава. Експертите предупредуваат дека можеби ќе се спасиме од рестрикции, но не и од повисоки сметки

„ВИСИ“ ИЗГРАДБАТА НА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР?
Сегашната власт најави дека проектот ќе чини околу 500 милиони евра, но како што дознаваме, тука не се предвидени трошоците за инфраструктура, вода, гас, електрична енергија… Во моментов, целиот процес е закочен во Собранието со 2.000 амандмани од опозиционерите

КОЈ ГИ ОДМРЗНА „ЗАМРЗНАТИТЕ“ ВОЗИЛА НА СЕАД КОЧАН
И покрај тоа што и по две години од пресудата за случајот „Труст“ државата не виде ниту евро од 17-те милиони што требаше да се конфискуваат од Сеад Кочан, дел од возилата и механизацијата на бизнисменот работат турбо. Иако од 2017 година треба да се замрзнати, а пред повеќе од година дена и да се заклучени на некој од плацовите на Агенцијата за управување со одземен имот, тие вртат километражата и го полнат салдото на нечија приватна сметка.

ПИЛОТ-ПРОЕКТ ЗА СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ
Предметот годинава почна со фазата на пилотирање во три основни училишта, а спроведувачите уверуваат дека нема да ги учат децата како да станат хомосексуалци. „Фокус“ пренесува детали за тоа што точно ќе се учи во рамките на овој предмет

ИЗБОРИ ВО БУГАРИЈА
Сите позначајни политички структури, вклучувајќи го и претседателот Румен Радев, имаат радикално антимакедонски ставови, што не дава никаква надеж за решавање на историскиот спор. Сепак, сѐ поизвесното излегување од игра на најгласните  антимакедонски пропагатори, во комбинација со меѓународниот ангажман, дава мал зрак надеж дека нештата ќе се подобрат.

ДОБРИТЕ СТРАНИ НА НЕОЧЕКУВАНОТО
Политичарите, а со нив и партиите, се налик на овошни дрвца. Без разлика дали се, насадени, пресадени, калемени или самоникнати, ако сакаш да даваат повеќе плодови, мораш да ги поткаструваш одвреме навреме. А дали тоа ќе го правиш најавено или ненајавено, плански или импулсивно, предвидено или непредвидено, е во крајна линија небитно

 

Колумнисти:

Ана ПАНОВСКА
Ако сака опозицијата предвремени избори, нека ѝ се дадат. Дојдено е време и Заев и СДСМ да одморат. Сега народов малку нека му се обеси на Мицкоски. Ред е социјалдемократите еднаш да дојдат на готово. Мицкоски можеби ќе им го реши спорот со Бугарија

Наум СТОИЛКОВСКИ
Тоа што е сериозен недостаток, а што овој пат исплива на површина, излезе како 30 годишен смет од под тепих, е јавната злоупотреба на органите за репресија, на репресивните инструменти на власта, само за партиски цели

Jован ДЕСПОТОВСКИ
Овие 150.000-200.000 луѓе, кои редовно излегуваат на избори, а сега ги немаше, и тоа како ќе одлучуваат на следните парламентарни избори. Да им дадеме можност да избираат меѓу успехот во реализацијата на проектите на централната и локалната власт. Да избираат кој ќе победи на трка на 100 м, а не во санкање по надолнина

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Претседателот на ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, меѓу другото јавно прокламира дека една од целите на “новото“ владеење ќе биде борбата со криминалот и корупцијата во државата. Само да го потсетиме дека истото тоа го ветуваше и Зоран Заев. Повеќе никој не им верува на ветувањата на политичарите

Звонко ДАВИДОВИЌ
Потребно е на чело на државата и партијата да застане човек со интегритет, кој ќе го погледне в очи народот, ќе ги признае грешките искрено и отворено и ќе се извини за нив и веднаш ќе премине од зборови на дела

Стојан АНДОВ
Ми фалите човек кој напишал љубовна песна во време кога ние ги жртвувавме нашите и животите на населението, кога не знаевме патот да си го најдеме во планините од борбите. И кога многу села беа запалени и изгорени, а имотот на селаните конфискуван од бугарската војска и полиција, налутено му реплицираше  Вера Ацева на Ристевски

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Во македонската Амбасада во Софија се потпиша и завери изјава од Звездомир Висулчев, претставничка од Министерството за култура и јас како претставник од Амбасадата. Ербапите облечени во власт само тоа го чекаа и набрзо, бескрупулозно и лицемерно му го одзедоа  станот.  Го превеслаа Звездомир жеден преку вода. Во  мафијашки стил, како што им прилега!