Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
СДСМ и ДУИ не сакаат да ризикуваат да ги изгубат своите „истурени играчи“ пред претстојните избори. А, со тоа да им дадат адут во рацете на своите противници, макар се работело за доблесен потег. Затоа предлагам да поднесе оставка – продолжениот кабел! Барем тој има образ, а не ѓон! И што е најважно, не учествува на избори
СОБРАНИСКИ ЗАКОНОДАВНИ „ИГРИ“ (1)
Не е важно дали е постара кокошката или јајцето, односно чија е вината за блокадите во парламентот, но карактеристика на последниве години стана владејачкото мнозинство да го злоупотребува европското знаме за побрзо носење на законите, или терање на законските процедури по скратена и брза постапка. Од друга страна, опозицијата парира со феноменот „1.000 амандмани“, што веќе станува правило, а не исклучок
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ: ОПШТИНИ ВО ВНАТРЕШНОСТА
Освен Скопје и скопските општини, значаен импакт врз генералниот изборен резултат на локалните избори ќе има и исходот во големите општини во внатрешноста. Според досегашните резултати, анкети и анализи, некаде фаворит е власта, а некаде опозицијата. Некаде, пак, се очекува тесна борба.
ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ: ЗА КОРУПЦИЈА МЕ ОБВИНУВААТ КРЕАТОРИТЕ НА КОРУПЦИЈАТА
Петре Шилегов веќе четири години е градоначалник на Скопје од редовите на СДСМ, кој претендира за уште еден мандат. Тој во интервју за „Фокус“ ги демантира обвинувањата на опозицијата за набавката на милионските суми на тендери, за изградбата на луксузната зграда, за неговата имотна состојба. Тврди дека уште од 2013 година му пркосел на режимот и негова цел е подобар живот за сите граѓани
СЛУЧАЈ „ДРОГА ВО ВОЗИЛО НА МВР“
Македонската полиција речиси четири години возела марихуана во едно од своите службени возила што го добила на користење од страна на Агенцијата за управување со одземен имот. При заплената на возилото во 2016 година, македонските цариници не извршиле претрес на целиот автомобил, туку се задоволиле со откривање само на едниот бункер со дрога.
КРИВИЧНИОТ СУД ДЕСЕТКУВАН
Кривичниот суд се соочува со сериозен недостаток на судии, особено на оние кои треба да им судат на сериозните криминалци со бели јаки, односно на поранешни и сегашни функционери. Судиите како ѓавол од крст бегаат од престижниот оддел за организиран криминал, во кој имаат шанса да се докажат и покажат. Но, на крајот од денот излегува дека е поважно да се клати врата и да се зема плата!
ИСТА ПРЕТСТАВА, РАЗЛИЧНИ ГЛУМЦИ
Можеби лидерите сакаат само да го добијат гласот од избирачите, но не и да го чујат гласот од избирачите? Димитров молчел 16 секунди за да покаже дека нешто му пречи!? Пих, голема работа, ние имаме верни партиски војници во двете големи партии, кои три децении глас не пуштаат, иако многу работи им пречеле во начинот на дејствување на нивните партии
Колумнисти:
Ана ПАНОВСКА
Бугарите едноставно немаат добро искуство со нас, особено со востанието од пред 80 години. И сега нема да биде поинаку. Сакаат, не сакаат ќе се помират со стварноста и ќе сфатат дека браќа не сме, туку само добри комшии
Ѓорѓи СПАСОВ
Зборчето „нова“ пред „иднина“ ја прави целата кованица еден вид тафтологија. Зошто? Па, иднината е секогаш нова. Може судбината да ти се повтори, но не и иднината
Наум СТОИЛКОВСКИ
Најголем аспект на прашањето е што сѐ отвора ваквото „клонирање“, кога партијата чиј лидер љуби сопствени клонови е на власт. А власта ја идентификува со партијата. И кога Заев се идентификува со сета власт. И сега се поставува „себеси“ на секоја позиција
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Видливо е дека штабовите тргнуваат од претпоставката дека кандидатите немаат искуство во профилирањето на својот јавен настап, па затоа ги ставаат во рамките на партиските шаблони. Вака се добива впечаток дека се работи за унифицирана партиска „војска“, во која се губи индивидуалноста на кандидатот или се обезличува
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Успешниот градоначалнички мандат на Јосиф Михајловиќ- Јурукоски останува неповторлив и по осум децении! Во изминатите триесет години, статус кво партиите СДСМ, ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ креираа пародија во изборот на градски „татковци“ и „мајки“.