1356

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Драги наши бивши татковци на нацијата, имајте малку  усул. И без вас на сите ни е јасно до кое дереџе сме дојдени. Ништо не направивте кога имавте можност за тоа, затоа сега барем не одмагајте. Лесно е да се мрчи и мудрува, тешко е да се води грижа за сопствената држава

ОД ДРУГ АГОЛ
Заев појаснуваше дека власта во Бугарија не излегла на референдум за пакт со Хитлер. Небаре Хитлер и Мусолини ги прашаа гласачите, дали сте ЗА воено да го освоиме светот! Или, зар комунистите спроведоа референдум во 1941 г.? Ако на фашизмот не треба да му се дава национално обележје, дали и за антифашизмот важи истото правило? Па, за ослободувањето на Македонија, да користиме само антифашистите, без македонските

КАКО ВСУШНОСТ СЕ ГРАДЕНИ МОДУЛАРНИТЕ БОЛНИЦИ?
Факт е дека овие болници се сметаат за времени се додека трае ковид пандемијата, но  тоа не значи дека не треба да се применат стандарди за градење. Сепак, во нив се хоспитализираат тешко болни пациенти, кои се на интензивна нега. Градежни инженери за „Фокус“ тврдат дека нашле многу забелешки во самата тендерска документација и дека од тука веќе почнуваат еден по еден на површина да излегуваат пропустите. Според нив, најголеми проблеми претставуваат изборот на материјали за градење, кои наводно од тие што се користеле биле лесно запаливи, како и немањето на противпожарни апарати.

БАНКИТЕ ГО БАНКРОТИРАА БРОЈЧАНИКОТ НА ЗАЕВ
 Кога се формираше СЈО, една од главните цели беше да се водат финансиски истраги, кои ќе го покажат патот до украдените народни пари, за да можат да се вратат назад, во државното чекмеџе. Но, и по неколку години, бројчаникот на Триумфалната порта никако да се вклучи. Засега, од 17-милиони евра на бизнисменот Сеад Кочан не се сврте ниту евро, а по се изгледа државата нема да се офајди ниту од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ. Колку за утеха се свртеа „гаќите на Ивона“ ,како и „окото на Тодоровиќ“.

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ: ТЕТОВО, ГОСТИВАР, СТРУГА, КИЧЕВО, ЧАИР…
Каква е кадровската понуда во општините со доминантно албанско население? Каде се очекува најжестока битка меѓу ДУИ, Алијанса за Албанците и другите албански партии? Каков импакт врз конечниот исход ќе имаат нивните коалиции со СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ?

ДАНЕЛА АРСОВСКА: ДА БЕВМЕ ЗАДОВОЛНИ ОД ПРЕТХОДНОТО РАКОВОДСТВО, НЕМАШЕ ДА ИМА 12 КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК
Претседателката на Сојузот на стопанските комори, Данела Арсовска се кандидираше како независен кандидат за градоначалник на Скопје на претстојните локални избори. Поддршка доби од ВМРО-ДПМНЕ, а во интервју за неделникот „Фокус“ одговара на прашањата за нејзината наводна поврзаност со поранешниот премиер Никола Груевски, за нејзината работа во ССМ, но и за Скопје, кое, според неа, има проблеми кои не се за во 21 век

НОВА ОФАНЗИВА ЗА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОТ СО БУГАРИЈА
Иницијатива од сите страни, дефинитивно постои, но тоа не е никаква гаранција дека ќе се оствари целта токму оваа есен. Веројатно од меѓународната заедница се оди на моментално релаксирање на македонското прашање, додека се решава косовското. На домашните политичари нормално им се отвора поле за предизборни битки, а реалноста е дека ЕУ нема да ја видиме пред 2030 година.

КОРИСТ ОД БЕЗНАДЕЖНИТЕ КАНДИДАТИ
Кој умен сѐ уште има надеж дека големите партии навистина работат за доброто на граѓаните? Зарем 30 години не беа доволни да се дојде до таков заклучок? Гласот за безнадежните кандидати е единствен начин да им се забибери чорбата на големите партии. Таа шанса, не треба да се пропушти

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Нема проблем кога е кампања во прашање. Особено ако во неа се влегува со 14 пациенти изгорени живи во болница, и без никаква одговорност се тера љубезно смешкање. Проблем е за граѓаните, за вас, за мене, за децата. Затоа што од овие избори зависи иднината. Накусо, дали ќе имаме иднина или воопшто не.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Кандидатите подобро да организираат “Ден на отворен дом“.На тој ден нека ги поканат своите сограѓани да ги посетат во нивниот дом или локална кафетерија, па нека ги честат кафе, локум, чаша вино. Колку граѓаните да им го видат “домаќинлакот“ и да оценат колку тој “домаќинлак“ го заслужува нивниот глас

Стојан АНДОВ
Во март,  кога беше избрана владата на Никола Кљусев, таа презентираше стабилизациона програма чиј важен елемент беше политиката на смирување на инфлацијата. За подобро да се  разбере што означуваше тој процес на влошување и постепеното напуштање на програмата за стабилизација, битно е да се види каков бил економскиот систем што владееше тогаш во Македонија и во Југославија.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Не се разликуваат и властодршците Црвенковски, Георгиевски, Груевски, Мицкоски, Ахмети и Заев. Овие баксузи креираа и воспоставија хибриден или мешовит систем на владеење, со комбинирање на демократски и авторитарни елементи

Јанаки МИТРОВСКИ
Не е тајна дека постои остар прогон на консументи на канабис и ситни дилери. Но, заплената на посериозни наркотици изостанува. Во Скопје има кокаинска епидемија, но никој не се концентрира на тоа. Одговорот е едноставен, добивката кај наркотиците од листа еден на Конвенциите за дроги на ОН е неспоредливо поголема