1335

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Црвенковска сигурно нема да биде запаметена од јавноста, а уште помалку од идните генерации судии. Исто како што лесно се заборави Ушковски, предложен од некој ОК на ВМРО-ДПМНЕ. Вака не се оди во Европа, а уште помалку таа се носи дома!

КОЈА Е ПАВЛИНА ЦРВЕНКОВСКА?
Новоизбраната претседателка на Судскиот совет вети дека ќе ја врати довербата и интегритетот на судиите. Но, уште првиот ден се соочи со обвинувања и барања за оставка. Нејзиниот сопруг зел кредит од пропаднатата Еуростандард банка во износ од 1,6 милиони евра и не го вратил, а Уставниот суд на денот на нејзиниот избор поведе постапка за членот од новиот Закон со кој беше избрана како истакнат правник, од редот на членовите изгласан во Собранието

ОД ДРУГ АГОЛ
Ако обвинетите за Крвавиот четврток тврдат дека го бранеле Уставот, водството на ОНА убедуваше дека се борат за промена на Уставот. Зошто првите да бидат во зандани со судски параф за „терористичко загрозување“, а од вториве (што првично ги третираа како терористи), никој да не одговара кривично. Во првиот случај немаше барем мртви, во вториот се броеја стотина

НОВО ПОМИРУВАЊЕ ЗА КРВАВИОТ ЧЕТВРТОК?!
По четири години од „крвавиот четврток“, претседателот Стево Пендаровски се сети дека осудените не биле „терористи“, па затоа требало да добијат нова шанса за судење, секако доколку постоеле нови докази. Со неговата изјава се создаде впечаток дека се подготвува терен пред одлуката на Врховниот суд, каде што наскоро ќе треба да стаса случајот на преиспитување.

КАКО БИТОЛСКИ „СВ-ИНВЕСТ“ ОТИДЕ ВО СТЕЧАЈ
Од 2018 година досега, „СВ-Инвест“ склучил 30 договори за јавна набавка во вкупна вредност од над 6 милиони евра, при што најмногу и највредни тендери добил од АД ЕСМ за работа во РЕК „Битола“. Но, во март годинава, битолската компанија заработи полугодишна забрана за учество на тендерски постапки, бидејќи токму во тендер на ЕСМ одбила да склучи договор, иако претходно била избрана за најповолен понудувач.

ЌЕ ДОБИЈАТ ЛИ СКОПЈАНИ „ТРАМВАЈ НА ТРКАЛА“?
БРТ системот е составен од издвоена сообраќајна лента и хибридни автобуси. Предвидено е овие автобуси да се движат по средишниот дел од булеварите, а Шилегов уверува дека тоа нема да биде по средишното зеленило. Очекува до јуни да биде распишан тендерот за изведба на првата траса, а скопјани да се возат со „трамвајот на тркала“ до 2024/5 година

ВТОР НОН-ПЕЈПЕР
Нон-пејперите се штанцаат со две главни цели: билдање на рејтингот на популистичките политички елити и сондажа на јавното мислење во интерес на големите светски сили. И едните и другите, без никаква почит кон историјата, не земаат предвид дека на Балканот никогаш не било паметно да се игра со оган.

КАКО СЕ РАЗБИВА БУНТ
За некои теми е тешко да нападнеш некои сектори на власта, ама за корупцијата и неспособноста на кадрите таму, воопшто не е тешко. Кој било сектор да го нападнеш за тоа, ќе погодиш во метата. Никогаш не е прерано или предоцна за борба против корупцијата

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Кога и дали воопшто на ред ќе дојдат социјално ранливите за вакцина? Но, и дали некој се погрижил за нив? Поделил ли некој маски, средства за хигиена, средства за заштита? Казните врз оние што пред силата цела година на себе носат една маска најдена некаде на земја? А таква несреќа ги снаоѓа се повеќе во државата заради самољубието на министрите

Јанаки МИТРОВСКИ
Шилегов веќе знае дека овој нереализиран и максимално исфрустриран лик му носи многу повеќе зијан, отколку ќар. Мислам ако под ќар подразбираме невротично урлање по вработени. Изборна година е, и Петре необременет од моќниот роднина на НН, ќе си направи проста пресметка на терезијата и ќе си сфати дека е подобро сам да го тргне, дур не го скарал со сите!

Стојан АНДОВ
Смртта на Сашо Гешковски одбележа едно ново, мрачно и несигурно време и почнаа да се јавуваат сомневања кај луѓето кон ЈНА, особено во Македонија. Луѓето се прашуваа дали некогашната атмосфера воопшто може да опстане, дали слободните патувања низ Југославија и светот, што ги уживаа и граѓаните на Македонија веќе се минато и доаѓа некое опасно ново време.

ПОЛЕМИКА: ЉУБОМИР ГАЈДОВ
Или за помнењето, аритметиката, логиката и етиката на Ристо Никовски, еден од „комунистичките апаратчици“ на Киро Глигоров*

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Проблем е разнебитената држава , но уште поголем е пропаѓањето на општеството, па нема систем кој ќе направи држава. Има само апатична нација, која чека некој да даде нешто, да каже по кој пат да се тргне. Ама, го пренебрегнува фактот дека „камшикарите“ дејствуваат по вертикала.