1329

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Дечки од СДСМ, малку намалете со турирањето на партиската машина. Многу е гласна, прави врева и нервира. Зар мислите дека ѝ заборавивме на владата дека сѐ уште катастрофално се справува со пандемијата. Собранието е блокирано. Странците подобро нѐ бранат од нас самите од бугарската агресија, а министрите на ДУИ како да се на платен список на Косово и на Албанија

ОД ДРУГ АГОЛ
Дали казните за набавката на мерцедесот, а и судскиот прогон за тендерот за опремата за УБК имаат превентивно дејство, да ги одвратат актуелниве од такви сомнителни набавки, или затворските казни се сведуваат само на репресивниот елемент врз поранешните? Та и на Груевски и на Мијалков, кога ги „упражњавале“ тендериве, „никој ништо не им можел“, ама биднаа „гилти“ по една деценија

ЗИМСКИ ПРЕВИРАЊА ПРЕД ПРОЛЕТНАТА ОФАНЗИВА
Дали Филипче ќе ја замени Шекеринска на позицијата заменик-претседател на СДСМ или ќе стане еден од тројцата партиски потпретседатели? Зошто Тодоров бил на гости на Груевски – дали барал помош при обезбедување на делегати или пак разговарал за концепт за ново ВМРО? Како Ахмети ќе се справи со незадоволството на Меџити и Џафери, кои по секоја цена бараат смена на Груби и Османи од Владата?

КОЈ ГИ ФИНАНСИРА ПАРТИИТЕ?
Политичките партии главно сe финансираат од донации од физички лица, но добиваат и донации од приватни компании. Во најновите извештаи на партиите им донираат и фирми што земаат тендери, но и фирми во стечај. Законот за финансирање политички партии забранува како донатори да се јавуваат фирми што добиваат тендери, но има многу финти за заобиколување на законите

ПРЕДИСТРАГАТА ЗА „СКОПЈЕ 2014“  КАКО ЛАЖНИОТ БАРОК
 Крајот на проектот „Скопје 2014“ со години не можат да му го фатат во Обвинителството. Прво го бараше редовното обвинителство, па СЈО и сега повторно предметот е вратен на иста адреса. А поместување нема, иако делот за спомениците е веќе одамна завршен. Дилемата настанала дали оваа истрага да се тера посебно, или да се обедини со предистрагата во која на долго и широко се истражува криминалниот проект.

ВЛАДИМИР ЛАЗАРЕВИК:  УСПЕХОТ НА СДСМ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ЌЕ ЗАВИСИ ОД  ВАКЦИНИРАЊЕТО ПРЕД ИЗБОРИТЕ
Поранешниот заменик -министер за здравство и експерт за здравствени системи, Владимир Лазаревик, во разговор за „Фокус“ вели дека повеќе од сигурно е дека нашата влада, какви и планови да правела во врска со набавка на вакцините, тие не се реализирале. Поради тоа, може да се очекува дека ќе се зголеми бројот на заболени и починати.

ШТО ФАЈДЕ ОД ПАРТИСКИТЕ ВОЈСКИ?
Постоењето на партиските војски каде партиските војници се горди со своето припаѓање кон партијата помага да се ослободуваме полека-полека од заблудата за некакви „натпартиски, стручни кадри“ на кои треба да им се дадат клучните функции и тие ќе работат само за доброто на граѓаните

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Јасно е дека СДСМ можеби и може да си дозволи луксуз некоја членка да се фотографира неколку пати од различни агли, а можеби и од различни кутии како гласа, ама за локалниве веќе такво нешто ќе биде невозможно- токму заради отпечатокот на прст. Да е тоа глупост, не би имал патент ли, иновација ли, повторно ЕлТендеРашко

Ана ПАНОВСКА
За Заев сега доаѓа време на „оф, леле, мајко“. Непријателите си ги знае. Сега мора да си ги загледа од поблиску пријателите кои како бубрежиња во лој си се товат околу него и некако толку натежнаа што ако ВЕДНАШ не се ослободи од нив, ќе заврши со тежок пораз на следните избори

Стојан АНДОВ
Кога Киро Глигоров го добил известувањето од Претседателството на СФРЈ, околу намерата да упатат поднесок до Сојузниот уставен суд за поништување на двата најважни члена на нашата Декларација за сувереност, требало директно до одговори дека донесувањето на овој акт може тешко да ги погоди интересите на СР Македонија затоа што ја прави нерамноправна со другите републики во СФРЈ.

Мухамед ХАЛИЛИ
И тогаш, но и сега од  голема временска дистанца, сметам дека потегот на лидерите на македонските политички партии за протерување на Фровик од земјата беше погрешен, затоа што тој потег  ги продолжи воените дејствија во голем дел од државата, поради што имаше големи разорувања и жртви во двете страни

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Тој „марифет“ на најуспешен начин го направија братучедите Груевски и Мијалков постигнувајќи ја можеби највисоката цена за еден „патриотизам“ на овие простори. Токму затоа малку шупливо звучат барањата од протестот на Патриотскиот институт на ДПМНЕ пред штипскиот затвор, во кој одлежуваат казна дел од учесниците во настаните од 27 април

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Македончето не само што гувее, туку се гордее, сервилно се однесува и везден чека некој да му помогне. Продава вера за вечера и на крај излегува прелажано и насамарено.

Јанаки МИТРОВСКИ
Веројатно само блискоста со Заев го спасува Рашковски од шут карта и можен кривичен прогон. Одамна требаше да си замине и да продолжи да се занимава со иновации, каде е далеку попродуктивен.