1328

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Твитерџиите беа целосно во право кога деновиве цинично заклучија дека повеќе потписи во еден ден се собраа за отповикување на претставникот на Евровизија, отколку за правда за родилката од Струга, на која еден гинеколог ѝ извадил здрави органи. Ех, моја убава Македонијо!

ОД ДРУГ АГОЛ
Тендерушите од сите партии што биле во можност да омрсат, како да се ујдисани, па никогаш не објаснија како, кога и кому му следуваат провизии? Не ќе да се само инцидентна појава! Но, вака им е потаман, ги гледаат само од опозициски агол, а кога се власт тие небаре исчезнуваат. Јавноста, пак, има право да нагаѓа само колкав е процентот… од „жутите“ или од „белите“, сеедно!

КАМЧЕВ ПОВТОРНО ВО ПРИТВОР
Некогашните бизнис-партнери Сашо Мијалков и Орце Камчев повторно се во „Шутка“. Едниот откако избега, па се врати, а другиот, пак, откако наводно имал намера да избега. „Фокус“ открива како течела акцијата и координацијата за приведување на бизнисменот Камчев, но и од каде тргнале сомнежите за неговото бегство

МИТКО ЈАНЧЕВ: ЈАС ВЕЌЕ НАПРАВИВ МНОЗИНСТВО МЕЃУ ВМРО И СДСМ ВО КАВАДАРЦИ И ФУНКЦИОНИРА!
Во интервју за Фокус, градоначалникот на Кавадарци и претендент за лидер на ВМРО-ДПМНЕ говори за причините за разделба со Мицкоски, за односите со Заев, како и за амбициите за уште еден градоначалнички мандат и за лидерското столче во ДПМНЕ.

ПУТЕР ИЛИ КАЈМАК?
 Илија Николовски, братот на првиот антикорупционер, Љупчо Николовски на крајот на 2020 година станал сопственик на шпедицијата „Лариком-импекс“. Во 2019 година компанијата има зголемен раст на приходите и добивката, но пресметките за оваа година треба да одговорат дали шпедицијата навистина го собира кајмакот и дали има раст за време на власт, како што обвинува опозицијата

АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ СО НОВ ДИРЕКТОР
Владата во тајност го назначи досегашниот в.д. директор на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски, за редовен директор. Тој претходно беше член на Управниот одбор, чиј мандат беше проследен со низа скандали, а сега вицепремиерите Николовски и Груби, како и министрите Филипче, Хоџа и Бесими оценија дека неговата апликација е неговата апликација е најдобра

МИЛЧО МАНЧЕВСКИ: СИТЕ ВЛАДИ САКАА ДА БИДАМ МИС НА УНИВЕРЗУМОТ – САДЕ СЛИКА, БЕЗ ТОН
Најуспешниот режисер во историјата на македонскиот филм, Милчо Манчевски во разговор за „Фокус“ вели дека факт е дека новиот директор на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски нема конкретно искуство во областа на филмот, но тој сепак се надева дека Лазаревски ќе ги отстрани проблемите во работата на Агенцијата.

ГЛАСАЊЕ ЗА БЕСРАМНИЦИ
Ако не сакаат гласачите да гласаат за пристојни луѓе, тогаш кој им е крив што државата им ја водат бесрамници? Како да му удриш шлаканица на политичар кој нема образ? Никако, ама сепак има решение. На политичарот кој на местото на образот има газ не му се удира шлаканица, туку клоца!

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Ако станува збор за неисполнување на закон од страна на државата, законско донесено решение кое што во себе содржи и казнени одредби за определени прекршувања, тогаш некој мора да сноси „дебела“ одговорност  за неспроведување на целиот закон. Тој некој во моментов е Министерот за правда Бојан Маричиќ

Ана ПАНОВСКА
ВМРО-ДПМНЕ го ангажираше дури и членот на ИК за адвокат кој веќе почна да го брани Камчев во постапката. Моќниот двоец, Мијалков и Камчев, е зад решетки, барем привремено. Кој знае, можеби допрва ќе следуваат нови моменти во дорасчистувањето на чудните, нелогични состојби и околу уништувањето на СЈО и околу мегааферата „Рекет“

Стојан АНДОВ
Во составот на првата експертска влада во повеќепартиски систем во Република Македонија, нема ниту еден  член кој на некој начин бил или е близок со Петар Гошев. Од тој аспект, остварена е препораката според која Глигоров треба да обезбеди влада во Македонија во која Гошев нема влијание.

МУХАМЕД ХАЛИЛИ
Разочарани од односот на македонските политички сили како ВМРО-ДПМНЕ, скришум поддржани од Глигоров и, СКМ-ПДП како наш коалиционен партнер, решивме прашањата околу независноста на републиката да  ги оставиме отворени сé до конечното решавање на југословенскиот јазол.

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Идејата и понудата за формирање влада за национален спас е ептен магловита, бидејќи нема поента  што, како и од кого ќе спасува. Во  поделено и контаминирано општество, во кое не се знае каде завршува криминалот, а каде почнува политиката, невозможно е помирување и обединување во „едно општество за сите“.