1323

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Македонските граѓани допрва ќе плаќаат за неделата на претходната власт, а како што тргнало и за пропустите на оваа власт. Бидејќи, владата на Заев допушти, заради тактизирање, неодлучност, лоши потези, виновниците сега да се претставуваат како жртви и правдата да ја бараат од меѓународни судови

ОД ДРУГ АГОЛ
За ваквите рапорти за „хибриден режим“, СДСМ како опозиција го черечеше Груевски. Но, сега кога ја има сета власт, виновници гледа на други адреси, а не кај себе. И со тоа веќе покажува симптом на режим. Кога ќе почне да апси и опозиционери за дела сторени во опозициски период, каква што е судбината на Навални, тогаш ќе добиеме статус на „авторитарен режим“, каде што е Путинова Русија.

ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА „РОВЕР“
По десетина граѓани годишно, по грешка на правосудниот систем, невини завршуваат зад решетки, и тоа во притвор каде што условите се најлоши. Откако ќе ја докажат невиноста, почнуваат нова правна битка за надомест на траумите што ги преживеале.

КОЈ ГО СОВЕТУВА ФИЛИПЧЕ?
Кабинетот на актуелниот министер за здравство, Венко Филипче, врие од државни советници чии плати се движат од 30 до 50 илјади денари. Тука зборуваме само за тие што се ангажирани откако на министерската фотелја седна Филипче, но да не заборавиме дека во заднина на старите позиции останаа и најблиските соработници на екс министерот Тодоров.

ИЗБОР И РАЗРЕШУВАЊЕ СУДИИ
Што донесе промената на власта и дали нешто се смени во изборот на делителите на правдата, кој беше жестоко критикуван од тогашната опозиција СДСМ. Соговорниците на „Фокус“ сметаат дека и натаму блискоста до партијата на власт е главниот критериум за напредување, а чесните и професионални судии сѐ уште тешко напредуваат, што е „заслуга“ и на актуелниот Судски совет

ВАКЦИНИТЕ И ПАТУВАЊАТА
Ќе ни биде потребно вистинско чудо за повторно да ги отвориме Европа и светот за неограничени патувања на какви што имавме привилегија до само пред година дена. Според експертите, доцнењето со вакцинацијата сериозно се заканува да ги поткопа придобивките од визната либерализација во 2009 година, за која толку многу се боревме.

ШТО СОДРЖИ ЗАКОНОТ ЗА УЧЕБНИЦИ?
Со новиот закон за учебници што го подготвува МОН, а до кој  ексклузивно дојде „Фокус“, ќе се укинат класичните учебници за учениците над трето одделение. Тие ќе бидат заменети со „наставни и дидактички материјали“ и во дел со дигитални учебници.

ДОБРИТЕ СТРАНИ НА САЛОНСКАТА ПОЛИТИКА
Политичката борба не може да ја водат само теренските играчи, кои имаат „црно под ноктите“. Некои од борците мора да носат и „бели ракавици“ кога на зелената маса ги бранат црвените линии. Ама и обратно, ако носиш бели ракавици, не значи дека имаш сина крв.

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Дечково, почитуван читателу, во буџетот за оваа година, во ставката за ДИК ги прерипал парите потребни за набавка апаратите за отпечаток од прст, кои што според Законот за локални избори донесен во февруари 2020 година се предвидени како неопходни за спроведување на овие избори 2021

Ана ПАНОВСКА
Ова лудило и конфузија насекаде на планетава, па и во оние земји што се малку поголеми од нашава, а и не се толку побогати, доведе до беспредметната забегана амбиција безмалку секој во својот двор да се проба да „одгледува“ вакцини. За некој месец ќе ги има дури повеќе и од тоа што треба, но уште повеќе од тоа што може да се плати

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Во Р.С. Македонија многу често, особено во изминатите дваесет години, се донесуваат „наменски закони“ со кои на многу перфиден, често противуставен начин, се создаваат законодавно-правни основи за остварување на одделни групни и лични материјални, финансиски и статусни интереси. Тоа веќе како да стана државна пракса

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Фингиран е божемскиот раскол меѓу т.н македонска левица и десница. Лага и фарса, такво  нешто не постои, има само интерес да се дојде на власт и заграби пленот. Три децении беспрекорно функционира кронистичката и непотистичка пракса на пристрасност

Јанаки МИТРОВСКИ
Она што дури ниту короната не го знае е дека во Македонија, па и на Балканот, подолго време има пандемија на еден посебен сој. Сој на политичари-јаничари, јавнати над сите нас, кој од кој поненаситен. Кој од кој полојален, не на народот на кој наводно му служат, туку на владејачките елити