1324

by fokus 19:00
19:00

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Во услови на глобална пандемија, кога земјите сѐ повеќе се вртат кон себеси си во некаков „вакцинален национализам“, нашите власти се однесуваат како „вакцинални нудисти“. Повторно чекаме Европа да се сети на нас и да ни даде делче од колачот со вакцини. Некако не  изгледа премногу убедливо ниту министерот Филипче, кој тврди дека навреме сме се ангажирале да обезбедиме вакцини

ОД ДРУГ АГОЛ
Кога на партиските лидершипови ќе им стане приоритет бројката на гласови, а не на членови, односно кога членството нема да носи лична корист, тогаш партиите ни ќе може да транзитираат кон европска фаза на дејствување. Во спротивно, секоја фалба за нови членови значи нови вработувања, уште нови измислени функции на државна сметка. Патем, СКЈ, и покрај милионското членство, се распадна! Како и државата…

- Advertisements -

КАКО СЕ ЗЛОУПОТРЕБИ КОВИД-ПАНДЕМИЈАТА?
Според информациите на „Фокус“, само во последниот период се откриени 17 лаборатории и ординации што работат на диво. Нашите извори тврдат дека меѓу дивите „бизнисмени“ се 11 лаборатории во Скопје, Гевгелија, Прилеп, Куманово, Тетово и во Струмица, во кои се вршени сите видови лабораториски испитувања, меѓу кои и за ковид 19

МЕЃУ МАТЕРИЈАЛНОТО И ДУХОВНОТО
Додека ја чека изградбата на висококатниците спроти „Холидеј ин“, МПЦ-ОА влезе во инвестициски проект за изградба на мала хидроцентрала. Во сличен деловен налет беше и ИВЗ, која своевремено основаше компании за туристички дејности и погребални услуги, а формираше и здружение за донации однадвор

ИМОТОТ НА СУДИИТЕ ПОД ЛУПА
Антикорупциска ги почна проверките, а како засилување се вклучија и истражните органи. Но, првичните впечатоци се дека имотот им е чист. Остануваат да се проверат уште некои детали за да се провери случајно „ѓаволот“ да не е сокриен во нив.

СУДОТ КАКО ПАРТИСКИ РИНГ
По режимот на Груевски кога се тужеа голем број новинари и партиски ривали и се бараа илјадници евра отштета , тужбите за клевета не излегуваат од мода. Премиерот за еден месец два пати се појави во Граѓанскиот суд каде тужи за навреда и клевета, а од неговата партија не одговараат точно кои други функционери тужат новинари или политичари

БЛЕНДИ ХОДАИ: АКО СЕ  ВКЛУЧАМ ВО ПОЛИТИКАТА – НЕМА ДА БИДАМ КАКО СЕГАШНИТЕ ПОЛИТИЧАРИ
Средношколецот Бленди Ходаи е лидер на Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија, неформална организација која успеа да се факторизира кога станува збор за средношколски прашања. Во разговор за „Фокус“, Ходаи вели дека е горд што успеале да  ги обединат средношколците, без разлика на нивната верска или етничка припадност.

УБЕДЛИВА ПОБЕДА НА КУРТИ НА КОСОВО
Во услови кога целата поранешна политичка структура на ОВК е обезглавена со заминувањето на нејзините лидери во ХАГ, тој има историска можност да расчисти со целиот поствоен криминал и конечно по 20 години да тргне во консолидација на косовските институции.

ДОБРИТЕ СТРАНИ НА НЕСПОСОБНОСТА
Како е можно очигледно неспособни лидери сѐ уште да имаат верни следбеници!? Со кој памет некој вмровец сѐ уште мисли дека Христијан Мицкоски е добар лидер на ВМРО-ДПМНЕ, и со кој памет некој сдсмовец се гордее со резултатите на премиерот Зоран Заев во борбата против пандемијата и корупцијата

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Дали е покрената истрага за случајот ШИК Јелак- Тетово? Огромен скандал, огромен плац, сомнителен купувач, пари од „офшор“ рај, индикативен снимен разговор, вмешаност на премиер, генсек на влада, црни пари во избори, па признание од премиер дека нарачувал гласање во општински совет- се на се, нешто што можеше да биде вистински удар на криминалот и корупцијата

Ана ПАНОВСКА
Научила напамет неколку веќе изветвени фрази околу слободата на медиумите и застанала закопана во минатото време кога немаше други медиуми освен МРТВ. На заобиколен пат го издига изборот на раководството на јавниот сервис и на Агенцијата на ниво на Уставот, кој се донесува со двотретинско мнозинство во Собранието!

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Сѐ што останува од „државата“ се само нејзините надворешни граници. Внатре останува да владее беззаконието, самоволието, неодговорноста. „Институциите на системот“ се преобразуваат во голи инструменти, чија единствена цел е да го обезбедат „легалното“ и бандитското богатење на стотина луѓе наспроти сите други граѓани

Стојан АНДОВ
Во Белград го пренесов  македонскиот став. „Ова нам ни дојде многу наеднаш. Пратениците, политичките партии и целокупната јавност во СРМ немаат информации какви се состојбите во другите републики. Според мнозинството дискусии во Собранието , сметам дека Македонија ќе се определи за ставот на Словенија и Хрватска“.

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Веќе три децении македонските тутори играат според онаа позната фраза „да се управува со кротко, со благо и со малку ќотек“. Во таков стил издејствуваа „доброволно“ менување на името со скечот „Промена за преговори“.