Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Во уши ми одѕвонуваат зборовите на младиот Верушевски од најновата „бомба“ со Заев. „Посредникот“ што настапува во име на шефот на тајната полиција, во стилот на мафијашките филмови му нуди договор на тогашниот опозиционер. „Сашо е друг човек, рационален, бизнисмен…“ Знам дека и Заев е бизнисмен, па си велам, работите некогаш си добиваат логика, особено ако се гледаат во целина
ОД ДРУГ АГОЛ
Со Груевски ќе имавме вакцини и пред Вучиќ?! Потоа ќе фрчеа спотови за успехот на владата, која меѓу првите се истакнала со набавката. Сетики си мислам дека вакцините веројатно не ќе беа баш од најквалитетните бидејќи пастирот „обичаше“ за тендерите за лекови клучна да биде цената, демек поевтинко, а за пиар-кампањите пресуден беше квалитетот
КОНФИСКАЦИЈА
Враќањето на проневерените милиони не е воопшто лесно. Правната пракса во државава е соочена со бројни правни недоречености, пречки, спори процедури. Процесот се одвива и во сенка на политиката, поради што бројчаникот на Порта Македонија е темен и е сведен на нула.
ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА
Десетина наследници веќе 20 години не можат да го остварат правото на надоместок за одземеното земјиште на нивниот предок. По две неуспешни компензации, на крајот, им се доделува земјиште од пониска класа на неатрактивна локација, па процесот се пресели во Управниот суд, каде што веќе една година нема епилог.
КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО ШТИП
Изградбата на штипската Клиничка болница е закочена по четврти пат, а меѓу грчката компанија „Интраком“ и „Бетон Штип“ во стечај се води судски спор веќе неколку години, откако претходно странската фирма го раскина договорот. Според документите до кои дојде „Фокус“, може да се забележат многу правни нерегуларности, фалсификувани потписи за наводно штипската градежна компанија да ја добие судската битка.
ГЕОПОЛИТИЧКИ ПЕРСПЕКТИВИ
Она што го правеше Софија во текот на 2020 година, со ист или посилен интензитет, може да го очекуваме и од Белград и од Атина во текот на 2021 година. Бескрајното одложување на членството во ЕУ остава легитимен простор за нови политички надметнувања од Пекинг и Москва, кои сигурно нема да остават неискористен празен простор во Македонија.
ГОРАН ПАНДЕВ: ИМАМЕ КВАЛИТЕТЕН ТИМ, ШАНСИТЕ НА ЕП НЕ НИ СЕ МАЛИ!
Со своите 37 години, Горан Пандев е вистински лидер на нашата фудбалска репрезентација, која, благодарение на неговиот победнички гол, обезбеди пласман на ЕП 2020, кое поради пандемијата од корона вирусот, ќе се игра оваа година. Тој во интервју за „Фокус“ говори за успехот, враќањето во репрезентацијата, но и даде свое мислење околу изминатите случувања околу новиот договор на селекторот Игор Ангеловски.
ЖИВОТ НА СТАРА СЛАВА
Последниве две-три децении на континуирани кризи, од економски, безбедносни, интелектуални, па и најновава здравствена криза покажаа дека денешниве елити се само декадентни и дегенерирани наследници на некогашните елити кои својата власт навистина ја заслужиле со докажана во пракса способност
Колумнисти:
Наум СТОИЛКОВСКИ
Знаете ли која е разликата меѓу демократски и недемократски режими? Ако не сте сигурни, прочитајте дека Заев и Филипче обезбедиле вакцини, па одете вакцинирајте се. А потоа седнете Заев и Филипче да ве убедуваат дека опозицијата е виновна
Ана ПАНОВСКА
Како мисли министерката да прави реформа со еден добар дел полуписмени наставници, со директорки нафракани како турбофолк-пејачки, со директори на училишта дојдени од земјоделски задруги по партиска линија, со заостанати учителки кои сметаат дека само со закана и страв се доаѓа до вистинско знаење
Стојан АНДОВ
Иднината и на Бугарија и на Македонија и на Западен Балкан, па и на ЕУ, многу зависи од степенот на ослободување од опсесиите од минатото. Ако тоа не го постигнеме тогаш во бугарската политика се отвораат вратите на разни непромислени авантуристи и Бугарија ќе се покаже како фактор на нестабилност на Балканот и во ЕУ.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Во наредниот период реално е да се очекува прочистувањето во судството да се прошири на уште некој друг курир, дактилографка, сметководител или архивар, ама не само на оние кои реално се вистинските креатори и реализатори на криминалот и корупцијата во судството и обвинителството
Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Дефинитивно е неопходна еволуција Македонецот да постане Европеец. Неговиот најголем хендикеп и несреќа е што триесет години не успева да „порасне“ и институционално да се спастри.
Јанаки МИТРОВСКИ
Отворено се сомневам во најавите дека ќе се случи вистинско проветрување на македонското судство и обвинителство. Тоа се два највлажни фетиши на секоја партија на власт и може Маричиќ да ме убедува до утре