1319

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
И покрај бројните апели на невладиниот сектор за департизација и деполитизација, Народниот правобранител остана плен во поделбата на старо-новата коалиција. А, спроведувањето конкурс за избор на омбудсман преку Собранието, само обична фарса. Зашто, и покрај четворицата „тркачи“ пријавени на огласот, победникот беше однапред познат и договорен

ДОЦНИ ЛИ НАБАВКАТА НА ВАКЦИНИТЕ?
Апликацијата почна уште во текот на летото, а Македонија се вклучи во зима. Партијата Твоја обвинува дека македонската влада задоцнила со апликацијата, па затоа сѐ уште е неизвесно кога ќе добиеме 833.000 вакцини. Од Владата смируваат дека се запазени сите рокови.

ЕЛИЗАБЕТА ЃОРГИЕВСКА: ЛЕКАРИТЕ ГО НАПУШТИЈА ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА ПОРАДИ ПРЕГОЛЕМ ФИЗИЧКИ НАПОР, А НЕ ЗАРАДИ ПАРИ
Елизабета Ѓоргиевска е стоматолог на Клиниката за детска и превентивна стоматологија и професорка на Стоматолошкиот факултет при УКИМ во Скопје. Таа е сопруга на актуелниот претседател на државата, Стево Пендаровски. Во интервју за „Фокус“ објаснуваше за во моментот најактуелното прашање – ковид-кризата, но и која е нејзината улога како прва дама и со што се занимава покрај нејзините редовни работни обврски.

ФИНАНСИРАЊЕ НА ИЗБОРНИ КАМПАЊИ
За време на ланските парламентарни избори, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ делумно ги финансирале изборните кампањи преку вешто изигрување на законските ограничувања. ДУИ примила донации од компании што работат на јавни проекти добиени на тендери, а Интегра добила донација од фирма каде партискиот лидер е косопственик со македонски бизнисмен кој живее и работи во САД.

„НОВИНАРИТЕ ПРОТИВ ДРЖАВАТА“ ВО СТРАЗБУР
За „Големото уво“ на новинарите државата им исплати вкупно 4.845.782 денари, плус според пресудата на европскиот суд уште 31.450 евра. За црниот понеделник за шесте новинари се исплатени 30.000 евра. Во обата случаја никој во државата не поднесе одговорност.

ЛАЖНИ ВЕСТИ
Пандемијата на корона вирусот ги актуализираше теориите на заговор и во македонскиот интернет простор. Од тоа дека Бил Гејтс преку вакцината ќе ја чипира популацијата, до тоа дека „сатанистите кои јадат бебиња ја измислиле пандемијата за воспостават контрола врз целото човештво“.

НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ  ВО ВАШИНГТОН
Драматичните сцени од САД кои го вознемирија целиот свет многу веројатно се вкалкулиран политички потег на едната или друга политички спротивставена страна. Трамп, едноставно, не можеше да си замине од власт без „свадба“ после сите ветувања кои им ги даде на своите радикални приврзаници.

ТИПОВИ НА КАВГАЏИИ НА ИНТЕРНЕТ
Нема фајде од кавги со кавгаџии на кои кавгата им е терапија, професија или нешто што им доаѓа толку лесно што можат да го прават и со половина вклучен мозок. За да се караш бесцелно можеш и со половина мозок, а можеш и без мозок. Ама за да не подлегнеш на искушението, цел мозок треба да ти остане вклучен

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Вистината е дека Македонија е се поблиску до недемократските уредувања, отколку до европските вредности, а тоа не е поврзано само со блокадата од Бугарија, туку со начинот на кој што Заев се справува со вистината. И тоа се повеќе ќе се засилува

Ана ПАНОВСКА
Прво да му помогне на Трамп да исчезне од јавната сцена како Груевски во „Будим град“ и да не се занимава веќе со него. Потоа да ги фати за гуша сите радикални потпалувачи на насилството и оние директни бандити. Операцијата треба да се биде со бескомпромисна завршница.

Стојан АНДОВ
Наш долг е, така како што сме ги обележувале, нагласувале, жртвите на фашистичката бугарска војска и полиција, исто така,  доследно да ги обележиме и означиме и заедничките херојски дела на македонските партизани и на антифашистичките бугарски војници. Тоа е наша историска задача и цивилизациска обврска.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
„Почитувани“ судии и обвинители кои се главата на октоподот па биле тие обвинители најблиску до Државниот јавен обвинител или судии на Врховниот суд. Рибата смрди од главата и мора да почне да се чисти оттаму

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Политичарите никако да сфатат дека е подобро да добиваат шлаканица од умен, отколку бакнеж од будала. Метафорично, наместо по десетина „умни“, покорисно, порационално и поисплатливо е да ги советува по една „дворска луда“.