Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Кризните времиња се налик на бура. Откако ќе помине, на површина се исфрлаат ѓубришта од морето, но и по некоја школка. И кризата го исфрли најлошото од човекот, но и најдоброто, Се зависи од неговиот социјален контекст, воспитувањето, но и фрустрациите што ги носи во себе
ОД ДРУГ АГОЛ
Двете партии наликуваат на две спротивставени групи штрумфови. Мицкоски и Заев се нешто како Велештрумфови во своето јато, а конкурентот се третира како лошиот Гаргамел. Уште една наша традиционална вредност е власта за сите неостварени проекти да се вади на деструктивната опозиција.
КОРОНА-ГОДИНА
Медицинските сестри дежураат по 24 часа, на секои четири дена, по две во смена. Цело време се со скафандери, маски, очила, неколку пара ракавици. „Фокус“ располага со фотографии на кои можат да се забележат нивните лузни по лицето од маските, а дланките им се оштетени од долгото носење ракавици
(НЕ) РЕФОРМИРАНО СУДСТВОТО
Оливер Спасовски си замисли новогодишна желба, а Дедо Мраз му вети „Груевски ќе се врати и ќе ја одлежи казната“. Може и затоа никој не одговараше кога избега, затоа што човекот ќе се врати. Ама ќе се врати кога на сите веќе ќе ни биде сеедно дали се вратил или не…
ИЗБОРНА ГОДИНА – АЛИБИ И ЕУФОРИЈА
За разлика од француското, бугарското вето не донесе нови предвремени избори, но во претстојната 2021 г. доаѓаат редовни локални избори, на кои Заев и Мицкоски повторно ќе ги измерат силите, со надеж дека нема и овојпат Ахмети да излезе единствен победник
БУГАРСКО ВЕТО
Борисов и Каракачанов со ветото за ЕУ го постигнаа спротивното од она што го сакаа. Наместо да ги освестат Македонците дека се Бугари, дополнително ја засилија нивната омраза и револт.Треба веднаш да ја променат тактиката и да се промовираат како наш најголем поддржувач и пропагатор на патот кон ЕУ
НОВА ГОДИНА ЗАД ЗАТВОРСКИТЕ РЕШЕТКИ
На затворското мени, како и секоја година, се предвидува збогатена вечера, а ората ќе изостанат, поради препораките за заштита од ковид-19.Но, што ќе има за вечера, како Јанкулоска и Чавков, не мора да мисли нивниот некогашен шеф Никола Груевски. За него светлото нема да се угасне кога ќе се поклопат стрелките на часовникот
ФУДБАЛОТ НЀ ЛАНСИРА ВО ЕВРОПА
Македонската фудбалска репрезентација со пласманот на ЕП 2020 година покажа уште еднаш дека фудбалот е најспоредната работа на стариот континент и дека спортот најмногу обединува. Славјето на улиците низ цела Македонија по неверојатниот успех е показател дека репрезентативниот фудбал мрднал од „мртва точка“
ПОЛИТИЧКО АИКИДО
Можеби жестоките кавги и меѓусебната омраза се последица на 45-те години едноумие, кога луѓето не беа изложувани на политички дебати, па кога дојде плурализмот, на секоја критика се гледа како на злоба, предавство. Дали по 3 децении стекнавме имунитет на поинакво мислење? Оти, вакцина за нетрпеливост нема
Kолумнисти:
Бранимир ЈОВАНОВИЌ
Добрата вест за 2021 е што вакцината е тука, и најверојатно ќе ја стави под контрола пандемијата во догледно време. Тоа ќе донесе оптимизам и ќе ги живне економиите насекаде во светот. Но, за да видиме вистинско и суштинско подобрување во животниот стандард, ќе треба да видиме и поинакви економски политики.
Наум СТОИЛКОВСКИ
Ајде на здравје само нека тера следната година. Само тоа ни остана да си посакаме. И пижами на риги за Блескавиот. Да си преседи во нив не три дена, туку три децении. И тоа е малку, затоа што здравјето и го зема на нацијата. Само тој да одмори во пижамите, се друго ќе се среди
Ана ПАНОВСКА
Сепак, постои некое описменување со кое идните возрасни ќе бидат доволно способни да можат утре да ги пополнат формуларите за државна помош, да ги напишат молбите за некаков туѓ пасош или да одговорат на некој прашалник за работа во странство каде што, кога ќе појдат, ќе видат што значи крвничка работа и од каде им е таквиот стандард на тие организирани држави
Стојан АНДОВ
На премиерот Заев му препорачувам многу да не се братими и гушка оти народот вели: „Брат на брат око вади! Дури подлабоко копа!“ Затоа, небото нека ни го чува пријателот, а не „братот“.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Во 1893 г. се формира Внатрешната македонска револуционерна организација, а не Внатрешна бугарска револуционерна организација. Нека господата од Софија наведат друг историски пример каде што некој народ и неговата интелигенција на својата политичка организација за национално ослободување ѝ дале географска одредница.
Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Неспорен факт е дека по заслуга на Тито,Македонија од територија стана држава во рамките на Федерацијата. Исто како што, благодарејќи на проектот на ЦИА и „Вујко Сем“, стекна самостојност. Ако не беа тие, “македонското прашање” дефинитивно од поодамнa ќе беше затворено и државата повторнo ќе се трансформираше во територија.
Јован ДЕСПОТОВСКИ
Ако нешто нѐ научи пандемијата, тоа е дека можело да се стои во нормален ред, а не на купче. И дека можело да се мијат раце по веце или пред јадење. Дека не мора баш со секого да се „бацуваме“ кога ќе се видиме, бидејќи не ни се сите баш толку блиски, нели. Сите овие навики видовме дека со „силата на стравот“, сепак, може да се прифатат
Звонко ДАВИДОВИЌ
Не заборавај, мој друже, дека многу луѓе за да се доберат до власта морале да го свиткаат вратот и да ја наведнат главата и не е ни чудо што се згрбавени, бидејќи навиката да се поклонуваат ги направила неспособни да чекорат исправено
Петар БОГОЈЕСКИ
Сѐ додека Бугарија не се соочи со реалноста и не се зафати со деромантизација на нејзината историја, сѐ до тогаш ќе им се смее целиот свет во фаца, како што сега им се смеат Чешка и Словачка на тврдењето дека Светите Кирил и Методиј биле Бугари