Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ОД ДРУГ АГОЛ
Очигледно дека Бај Гањо излезе поербап од Итар Пејо во финишот. Еве, дури и вакцини за ковидот ќе ни донира, за да подзаборавиме што ни направи. А Итар Пејо, иако видливо разочаран, итромански најави иницијатива „Акција 21“, под мотото, ако не можеме во ЕУ, да ја донесеме ЕУ дома. Небаре 3 децении некој им ставаше вето да ја донесат ЕУ дома!
ФИНСКИ МОДЕЛ НА ОБРАЗОВАНИЕ
Бурни реакции предизвика новиот модел што го најави МОН за спојување на неколку наставни предмети во еден. Спојувањето на историјата во услови на „историска битка“ со Бугарија ја крена на нозе академската јавност.
БИТКА ЗА ДРЖАВЈАНСТВА И ГЛАСАЧИ
Ако помине предлогот на албанската опозиција за издавање на државјанство само со изјава на сведоци и без безбедносна проверка, тоа би било преседан. Според МВР, во периодот од 1992 година досега, по овој основ државјанство стекнале вкупно 125.021 лица, додека одбиени биле 7.195 барања.
СЛУЧАЈ „ПОШТЕНСКА БАНКА“
Обвинителот Бурим Рустеми, од поранешното СЈО, поднесе обвинение против деветмина осомничени за перење на девет милиони евра. Освен парите „испрани“ од одговорност се и двајца поранешни премиери и еден вицепремиер, чии дела застареле.
ИНТЕРВЈУ: АЛЕКСАНДАР МАРШАВЕЛСКИ: ГРЦИЈА И БУГАРИЈА ЌЕ ПРОДОЛЖАТ ДА НИ ПРАВАТ ПРОБЛЕМИ НА ПАТОТ КОН ЕУ
Прогнозирам дека преговорите ќе започнат во 2021 година, оценува хрватскиот професор со македонски корени, Александар Маршавелски. Во разговор за “Фокус“ тој објаснува какви се шансите Македонија да ја тужи Бугарија пред Судот во Стразбур, за хрватското искуство во спорот со Словенија и дали нешто треба да се смени во начинот на функционирање на ЕУ
РЕЦЕСИЈАТА ЌЕ ТРАЕ СО ГОДИНИ
Несериозно е да се очекува крај на економската криза во период пократок од неколку години. Во најоптимистичко сценарио вакцинацијата би почнала веднаш и би била успешна. Во секоја друга варијанта, не очекува вистинска економска катаклизма
СЕДУМ ПАРТИСКИ МАСКИ
Кога сите слоеви ќе ги излупиш, сфаќаш што има под сите тие партиски маски: ништо. Ниту темелни идеали, ниту долгорочна стратегија, ниту искрена цел, ниту конкретна смисла или реална поента. Толку многу маски, а лик – нема
Колумнисти:
Наум СТОИЛКОВСКИ
Имам чувство дека Македонија не потпишува „договори за добрососедство“, каков што всушност требаше да биде и Преспанскиот договор, туку мировни поствоени договори во кои што како поразена страна треба да исплаќа репарации и пенали кон победниците
Ана ПАНОВСКА
Бугарите, кои и ден-денес во Грција официјално се нарекуваат Вулгари, како навреме да си се покриле со пепел за нивното име да не се врзува со тој погрден термин. Слика и прилика на Захариева, Каракачанов болумента зад нив
Стојан АНДОВ
Опасностите од бугарската политика за целиот Балкан ќе бидат реални се додека таа држава својот национален празник го слави на 3 мај- денот кога е потпишан Санстефанскиот мировен договор.
Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Излезот од психо ковид-кризата ќе биде мачен и бавен. Не е лесно да се промениш себеси, а камоли ситуацијата, особено кога постојат две пандемии, здравствена и политичка. И двете се еднакво опасни и опустошителни
Јован ДЕСПОТОВСКИ
Години наназад бевме „сардисани“ од бројки и ПР кампањи за „успехот“ во привлекување на инвестиции. Дел од бројките се сосема ок, иако далеку од искористен потенцијал. Но, анализата покажа дека овие 14.000 наши сограѓани примаат просечни пониски плати од просекот во целата економија
Јанаки МИТРОВСКИ
Моментално сме во исклучително критична фаза и човештвото го живее едно од најтемните времиња во историја, на праг на воведување тоталитарен режим, неизбран и неконтролиран од никој, со Шитомери како СА стормтрупери!