1309

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Видела жабата како коњот се потковува, па и таа дигнала нога. Виде Бугарија како Грција успешно нѐ блокираше со години кон НАТО, па и таа „крена нога“ аздисувајќи со барања, кои ич не се „европејски“.За комшија што те понижува и те уценува ќе кажеш дека односите ви се доброкомшиски и пријателски!?

ТРНЛИВ ПАТ ДО БОЛНИЦА
 Ковид 19 само го покажа вистинското лице на урнисаниот здравствен систем, недостигот од лекари и медицински персонал, а што допрва ќе се случува во следните два месеца, кога според прогнозите се очекува бројките на заразени да стасаат и до 2.000 заболени на дневно ниво?

МЕДИУМСКИ ТРАНСФЕРИ
Дел од новинарите, преминувањата во владините институции ги доживуваат како предавство, односно како дел од нивната партизанска чета да преминала од другата страна, на страната на Германците. Зошто новинарите одлучуваат да преминат на другата страна и наместо својот и ставот на граѓаните, да го кажуваат туѓиот став?

АНАЛИЗА: ТЕ-ТО
Прашање е колку  ќе успеат акционерите на Топлификација преку Антикорупциска да ја поништат спорната државна помош што владата му ја даде на „ТЕ-ТО“, или, пак, уште сега нивните побарувања се „пуштени по вода“?

ОД СИРОМАВ ЕКС ПРЕМИЕР ДО ПРИКРИЕН МИЛИОНЕР
Покрај плацовите на Водно, под лупа на обвинителството се и неколку недвижнини, за кои постои сомнеж дека се на Груевски. Тој никогаш во својот анкетен лист не пиша дека поседува плацови, стан или куќа. Но, со новата истрага, многу е веројатно дека сиромавиот екс премиер е всушност добро прикриен милионер!

ПРОФИЛ: МИТТРОПОЛИТ АМФИЛОХИЕ
Судбината сакала да почине во историски момент, кога беше најмногу популарен. Но, за негова жал, а можеби и нечија среќа, без разлика на големата политичка победа што ја извојува во Црна Гора ова лето, веројатно не успеа да ја врати историјата назад за Црна Гора повторно да биде српска земја

МОЌ И НЕМОЌ
Од короната најмногу настрадаа оние луѓе кои веќе имаат претходни здравствени проблеми, т.е. коморбидитети. Конечно, и во политиката, од политичката корона страдаат најмногу оние партии и влади кои веќе имаат претходно наталожени многубројни политички коморбидитети

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
На Комисија за финансирање и буџет, власта ладнокрвно одби амандман кој што се однесуваше токму за набавка на три возила за струмичката болница. Три исти онакви за какво што директорот побара донација!

Ана ПАНОВСКА
Треба веќе да го спуштите интензитетот на таа „љубов“ со некој попригоден и постуден настап. Не за друго, туку да не се нервира народов, кој може да си помисли дека ќе потклекнете пред притисокот од Бугарија.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Клучното прашање не е што ни се случува во моментот. Како ќе им одговориме на нашите деца и внуци кога еден ден ќе прашаат што сојки сме бркале во изминатите три децении?

Никола ПОПОВСКИ
Ако Ние во ВМРО не се трансформираме, тогаш тонеме. Некоја Левица или Десница се профилира како вистинска опозиција. Нуди поинаков концепт и поведува контра власта на избори, а потоа наметнува поинаква Влада и ја реализира Целта.

Стојан АНДОВ
Нашата борба била за ослободување од бугарскиот фашистички окупатор. А, кога некои наши политичари велат дека  имаме заедничка историја во целиот 20 век до 1945 година, не водат сметка дека во таа „заедничка историја“ го ставаат и АСНОМ !?

Јанаки МИТРОВСКИ
Најодговорно тврдам дека извршната власт има интерес да постојат барања на здруженија кои постојат само на хартија, за да има алиби да го надгради и прошири единствено бизнис секторот, а уживателите на канабисот и пациентите да ги пренесе жедни преку вода.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Кој било во Македонија и само да помисли на самопризнавање на „бугарските“ корени како  можност, нужно мора да се распише референдум на кој граѓаните би се изјасниле за своите „бугарски“ корени.

Арбен ТАРАВАРИ
Гневот, анксиозноста, загриженоста можеби, најпосле, ќе нè доведат до одредено демократско однесување…Чувствувајќи ги овие емоции, можеби најдобриот начин да се справиме со нив е да ги канализираме во позитивно однесување во полза на сите нас.

Јован ДЕСПОТОВСКИ
Кога одиме од Капиштец во Аеродром, соседот и јас сме едно. Кога патуваме во Јапонија, ние од Европа сме едно. Од Месечината натаму, во длабоката вселена, ние од Земјата (и Македонци, и Бугари, и Германци и Јапонци) сме едно – луѓе, браќа