1307

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Понекогаш е подобро да се изгуби уште некој месец, ама да се дојде до квалитет. Освен, ако не е намерата и натаму да се вози по „старо“, ама со нови партиски кадри во комисијата за антидискриминација од СДСМ и ДУИ

ДА НЕ НИ СЕ ПОВТОРАТ ПАК ВОНРЕДНИ ИЗБОРИ!
Во услови на тесно мнозинство, законодавниот дом дише на шкрги кога корона кризата прогресира. Токму затоа, евентуалното вето од Софија може да биде иницијална каписла власта да побара нови избори, за да го добие она што Груевски го доживеа по ветото од Букурешт!?

ФОНДОТ ЌЕ ИМ ПЛАЌА ДА ЛЕКУВААТ ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД 19
Бидејќи прогнозите се дека допрва ќе станува полошо, од владата им овозможуваат и на приватните болници да станат ковид-центри. И тоа не е спорно, туку напротив, добро е што заразените ќе добијат медицинска грижа. Но, проблематично е она што ќе стигне подоцна, откако ќе оздравиме или не дај боже не, е кој ќе го плати цехот и колку!

МАКЕДОНСКАТА „ИМПЕРИЈА“
Познатиот бизнисмен кој пред четири години, според економскиот магазин „Форбс“, беше прогласен за најбогат Македонец, сè помалку фигурира во компаниите со кои во заднина раководи неговото семејство. Тоа го потврдуваат документите во Централниот регистар, а историјатот покажува многубројни фирми со направени промени на сопственици, управители, овластени лица, и тоа од 20 до 60 пати за само една фирма. Поголемиот број од компаниите се на добро познатата фамозна адреса Скупи во скопски Карпош.

ОШТЕТЕНИТЕ ОД ЕУРОСТАНДАРД СИ ГИ БАРААТ ПАРИТЕ
Спасот се гледа во донесувањето посебен закон за обесштетување, во кој државата би се обврзала дека ќе ја санира „дупката“ од буџетот, пари кои подоцна би се надоместиле од стечајната маса. Владата, под притисок на меѓународните финансиски институции, е против ваквиот план, плашејќи се од спирала на слични проблеми и во други банки.

ПЛАНИНАР ЗА ГИНИС
Планинарот Буранедин Сали, на 69-годишна возраст, на почетокот на октомври прослави интересен и несекојдневен јубилеј – се искачи 1.111 пати на врвот Солунска Глава (2.540 м). За ваквиот подвиг на Сали му беа потребни 44 години, а токму тоа беше причина и за интервју  во „Фокус“. Тој со задоволство ни раскажа за своите планинарски искуства и авантури далеку од градскиот метеж.

СЕГА ЛИ НАЈДОА?
На „крвавиот понеделник“ насилно беа исфрлени пратениците на СДСМ од Собранието оти не сакаа да дозволат ни да се гласа за „преголемиот буџет“, кој го предлагаа Груевски и Ставревски и со кој беа предвидени расходи во висина од 165 милијарди денари. Еј човече, да те истепаат оти не си сакал буџет од 165 милијарди, а сега да носиш буџет од 253 милијарди. Да ти бил предолг јавен долг од 30,2 (или дури и 45 отсто), а сега јавен долг од 60 отсто дури и краток да ти се гледа

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Една од често користените флоскули на Потписникот беше дека историјата треба и мора да е учителка, водилка. Се надевам дека ова што сега се случува, ќе им е доволен урок, за никој повеќе јавно да не ги отвора константите – смееме ли да сме Македонци?

Ана ПАНОВСКА
Опозицијата си игра со оган. Мора страшно да внимава Заев да не се сопне дури ни на тротоар, зашто ако случајно нешто му се случи, ВМРО-ДПМНЕ како партија ќе биде збришана од политичката сцена на Македонија засекогаш

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Ликовите кои вообразуваат дека се национални херои, преуспешни деловни луѓе и филантропи, можат да се дијагностицираат со симптом на „Delusions of grandeur“. Самобендисани човеци со  лажна големина, опседнати со заблуда за исклучителна способност, моќ и недопирливост. Најтрагикомично е кога суровина станува величина

Мила ЦАРОВСКА
Сега слободно можеме да се пофалиме дека онлајн-наставата е без поголеми тешкотии. На дневно ниво на држава ја следат околу 88 отсто од учениците, и оваа бројка од почетокот на годината до сега е зголемена за 18 отсто

Јанаки МИТРОВСКИ
Во услови кога се гази по нас од сите страни, а Комората да не сака ниту да бекне, е јасен знак дека се игра по ноти! И така 3.500 адвокати ќе треба да си ставиме клуч на врата, без трошка солидарност од сродните професии

Стојан АНДОВ
Се редеа претседатели на Бугарија, а некои ја посетија Македонија и одржаа говори во Собранието, кога се уште бев претседател на тоа тело. Говорот на претседателот Плевнелиев беше преведуван симултано на македонски јазик, но за тоа немаше никакви забелешки од бугарска страна.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Криминална реалност во македонскиот правен и политички систем по кој знае кој пат го наметнува клучното прашање: Кој ќе го гони криминалот на обвинителите и судиите без при тоа да се наруши нивната „самостојност“ и „независност“, се разбира самостојност и независност од законите, фактите и доказите