1306

by fokus 15:00
15:00

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Деновиве, европратениците усвоија резолуција за Бугарија со бројни забелешки за судска корупција, политички процеси, притисок врз медиумите. Да беше сега кандидат за датум за преговори, тешко дека ќе добиеше зелено светло, но, ете, може нас да нѐ блокира.

СЕМЕЈНИОТ ИМОТ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ
Увидот во анкетните листови на водечките политичари покажува дека голем број од нив пред да влезат во политиката биле бизнисмени. „Фокус“ открива кои политичари поседувале или сѐ уште поседуваат сопственички удели, за кои компании станува збор и во кој сектор дејствуваат.

ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА
Комисијата за заштита од дискриминација асоцира на документот што му го даде на поранeшниот премиер Никола Груевски со кој си обезбеди азил во Будимпешта. Нивниот мандат истече, а сега во собраниска процедура е новиот закон за спречување и заштита од дискриминација.

ДОСИЕ „АБОЛИЦИЈА“
Од Судот за човекови права во Стразбур се очекува одговор дали спорната аболиција на Иванов, сепак, ќе оживее. „Фокус“ анализираше кои предмети со ваквата одлука би претрпеле најголема штета, а кои од обвинетите би се спасиле од решетки.

АТАНАС ВАНГЕЛОВ: НАШИТЕ СОСЕДИ ЈА ИЗГУБИЈА БИТКАТА СО „БУГАРСКОТ“ КАРАКТЕР НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК УШТЕ ВО 1954 ГОДИНА
Атанас Вангелов во јуни годинава ја издаде книгата „Лирската биографија на Конески“, во која тој настојува да го долови „личниот печат“ на поезијата на македонскиот книжевен гигант Блаже Конески. Вангелов во своето дело го разгатнува и процесот на идентификација на Конески со духовните стремежи на својот народ.

ТРЕНИРАНИ МАГАРИЊА, НАСАМАРЕН НАРОД
Необичните бизнисмени, кои си имаат заштитник во врвот на власта, си немаат гајле, и тие се како бабата, која додека горело селото, се чешлала спокојно оти знаела дека никој не ѝ може ништо

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Така летнаа и Катица Јанева, летна и Фросина Ременски, па која со молк, која со повеќе храброст се спротивставува на одлуката да биде жртва, но изворот и заштитникот на сиот криминал сѐ уште го чуваат. Страв? Јасно дека никој ништо во таа Мафија не прави без Заев да дозволи

Ана ПАНОВСКА
ВМРО-ДПМНЕ можеби имаше друга намера кога ја отвори аферата „Рекет“, но го пропушти возот кога можеше да удри по барем една афера од нивно време. Ај, што не удри, не удри! Барем потоа вербално да се оградеше и да се дистанцираше од носителите на тие недела.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Парадоксално, но оправдан е сомнежот дека моќниот вирус на „сивата“ пандемија ќе вирее во македонската политика и во периодот на долгиот процес на европеизација.

Арбен ТАРАВАРИ
Ќе дојде мигот кога ваквиот прототип на политичар од денешнината полека ќе исчезне во историјата, токму поради таквата (само)изолација. А во меѓувреме, силно верувам во моќта на поединецот и способноста да процени кој треба да управува со неговиот живот.

Јанаки МИТРОВСКИ
Судот ќе го интересира дали Иванов ја донел аболицијата, којa има уставно право да ја донесе. Ако сторил кривично дело требало да биде гонет, а ако ја донел врз основа на непостоечки и избришан член, филтерот кој треба да реагира е Уставниот суд, а не реагирал.

Стојан АНДОВ
Пендаровски и Заев, или било кој од двајцата, треба да оди во Софија и со тоа да укаже дека минатото е многу далеку, а иднината е пред нас и треба да ѝ се посветиме. Тоа го очекуваат и  тоа го заслужуваат граѓаните на двете земји.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Има ли место за сомнеж дека измислениот бугарско-македонски спор за историјата, националноста, јазикот и културата се користи за разбивање на евроатлантските интеграции на Западен Балкан, а со тоа и на Европа во целина.