1299

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Мандатот на пратеникот од ДУИ, Флорим Бесими траеше цели три недели, по што тој „абдицираше“ во корист на својот повлијателен брат министер и иден чувар на државниот буџет, Фатмир Бесими. Ако му е за утеха, славата на министерот за полиција од  ВМР0-ДПМНЕ, Оливер Андонов траеше само  еден ден

7 ДЕНА… ОД ДРУГ АГОЛ
Таман ќе се израдуваш дека „фајнали“ ќе нема веќе министри без ресор, кога мандатарот Заев ќе лансира чичка нов ресор -за борба ПРОТИВ корупцијата. Патем, а кој ќе се бори против криминалот?  Небаре сите останати министри ќе се борат ЗА корупцијата!Да не ќе биде – „сам против сите“? Чукни од дрво да не е!

ДИВИ ПРОФИТЕРИ СО КОВИД 19
 Цените на тестовите се движат од 3.950 до 12.000 денари. Во целата пандемиска криза, искористија и неколку лаборатории кои не добиле дозвола од министерството за здравство да работат со тестови за корона, ама па тие на своја рака си набавиле тестови

ТРИФУН КОСТОВСКИ: БИЗНИСОТ ВО МАКЕДОНИЈА „ИМ ОДИ“ САМО НА ОНИЕ КОИ СЕ БЛИСКИ СО ПОЛИТИКАТА
„Ме исцедија како лимон и ме фрлија на буниште“, вака Трифун Костовски го коментира епилогот со судбината на Еуростандард банка. Во интервју за „Фокус“ образложува зошто смета дека банката можеше да опстане, колку свеж капитал вложиле во банката, за на крајот, како што вели, да биде жртвено јагне за некои други интереси…

ДИВОГРАДБА „МАВРОВКА“
„Фокус“, неофицијално дознава дека со новиот ДУП, кој бил во подготовка, била предвидена маркица за изградба на деловен објект. Но, на инвеститорот му се брзало, па решил да гради, а потоа да легализира. Но планот се изјалови, кога градбата падна во очи на јавноста.

MАРКУС ПАПАДОПУЛОС: ЗАПАДОТ ЈА ПРЕТВОРИ ЕКС ЈУГОСЛАВИЈА ВО ТЕРЕН ЗА ПРЕДАВНИЦИ, КРИМИНАЛЦИ И ЗА САДИСТИ
Со британскиот аналитичар, доктор Маркус Пападопулос разговаравме за најновите случувања во Белорусија, за опасноста за Македонија од создавањето на Голема Албанија, за пристрасноста на НАТО и САД во однос на албанскиот национализам….

ПАНДЕМИЈАТА И МУЗИЧКАТА ИНДУСТРИЈА
Концерти со преполовен број гости , дистанца, мерење температура, дезинфекција, задолжително носење маски за заштита во текот на целата манифестација. Но,  не и на неодамнешниот концерт на Петар Грашо со 2.000 присутни, наместо 600

БЕНЕФИТИ ОД ПОРАЗОТ
Уште кога десничарските гласачи не се напалија премногу од понудата на Гордана Силјановска на претседателските избори, требаше да биде јасно дека пристапот на „граѓанската десница“ никаде не води, а најмалку до победа на избори.

 

Колумнисти:

Арбен ТАРАВАРИ
Она што уште повеќе ме загрижува е појавата и егзистирањето на еден вид интелектуалец во оваа држава, кој, наместо отворено да зборува за мрачните појави во општеството, вели дека сè е совршено и идеално, додека во меѓувреме бројни извештаи, категоризации и листи потврдуваат дека тоа не е случај

Наум СТОИЛКОВСКИ
Еве и безрезервно да ѝ веруваме на Ангеловска дека немала информации за состојбите, неминовна е аналогија со „министерот во тренерки“ кој што наеднаш повлекол „една вреќа пари“ од ТАТ пред штедилницата да потоне и да ја сруши целата пирамида

Ана ПАНОВСКА
Средношколците имаат исконска потреба да му се спротивстават на безумниот страв од короната. Ги поддржувам во целост нивните барања надлежните институции да осмислат комбинирана настава со дел онлајн и дел со физичко присуство на учениците во училиштата

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Али Ахмети „победи“ на изборите и, сепак, се соочува со бунт во редовите на својата партија. ДПМНЕ ги изгуби изборите, а нејзиниот претседател Христијан Мицкоски смета дека успешно ја води партијата. Затоа и таму, како и во ДУИ, деновиве се случува раскол. Проблемот е тоа што тој раскол не е од сега

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Блеф беше ветувањето за ресетирање на кадровската политика. Демек, најквалитетна влада ќе се правело со азган кадри. Наместо тоа, останаа исти ликови со ист „ај кју“, само ротирани и, уште побетер, почна вовед во консензуална демократија

Звонко ДАВИДОВИЌ
Нашите херои не навиваа за политичари и не им беа устите полни со партиски пароли и пофалби за партискиот лидер, односно пастир, затоа што не беа овци, затоа што знаеја да разликуваат добро од лошо, фалба и празно ветување од дела и најмногу од сѐ затоа што не се додворуваа никому и не бараа ништо од никого