1301

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Не верувам дека кој било судија или обвинител може лесно да пресудува за сообраќајни несреќи со трагичен исход. Колку и „сообраќајките“ да се потценети и да не се високопрофилни предмети од организиран криминал, сепак, станува збор за тешки предмети, во кои се работи за човечки судбини

СИРОМАШНА ДРЖАВА, БОГАТ ВОЗЕН ПАРК
Државните органи потрошиле вкупно 8 милиони евра за набавка на 392 нови возила во последните 2,5 години. Над две третини од потрошените јавни пари ги зеле 4 компании, од кои една донатор на политичка партија и во бизнисот со медицинска марихуана

АРТАН ГРУБИ: ДА СЕ СТАВИ КРАЈ НА СЕЛЕКТИВНАТА И КОРУПТИВНА ПРАВДА
Долгогодишниот пратеник од ДУИ, ја имаше привилегијата, при формирањето на новата влада, за него да се создаде специјална функција, прв вицепремиер. Или прв меѓу нему еднаквите, односно останатите вицепремиери. Сепак, тој вели дека не е важно кој потпишува, кога одлуките секако ќе ги носеле консензуално

НОВ БРАН НА ЗАМИНУВАЊЕ ОД ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО
Како што дознава „Фокус“, во делот за детска кардиохирургија во „Систина“ веќе заминале четири медицински сестри од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, КАРИЛ, па така се очекува и во следниот период овој број да се зголемува

МОНТИРАНИ СУДСКИ ПРОЦЕСИ
По падот на режимот, жртвите на политички монтираните случаи се организираат со надеж дека ќе докажат дека биле жртви на политички прогон. Дел од осудените кренаа раце од терањето правда, дел од случаите застареа, а дел бараат новата влада да се зафати со овие случаи

Д-Р СТОЈАН БАЈРАКТАРОВ: ПРЕДОЗИРАНОСТА СО ИНФОРМАЦИИ ЗА КОРОНА ВИРУСОТ Е УБИЕЦ НА МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ
Карантинот и физичката и социјалната дистанца, очекувано резултираа со зголемување на анксиозните и депресивните растројства, зголемување на штетно користење алкохол и дрога и пораст на насилство во секој облик, особено во кругот на семејството

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ВО ЦРНА ГОРА
Сите се согласни дека ДПС и Ѓукановиќ предолго владеат и треба конечно да си одат, но никој ниту на истокот, а особено не на западот не е убеден дека ваква опозиција е вистинското решение за Црна Гора

ДРЖАВНОСТА КАКО УМЕТНОСТ
За жал, ниту за „Мавровка“ ќе се сними филм, ниту од патните трошоци ќе се направи реално шоу, ниту нашиот живот е скриена камера. Сепак, тоа не значи дека градењето на државата не може да биде уметност. Напротив, ние можеме да ја направиме Македонија ремек-дело. Само треба инспирација

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Важно се гради, гласеше оној подбив од борците за правда. Ама сега ги нема да писнат, крими-театарот мора да продолжи. Владата е на стаклени нозе, година на локални избори е, дупките мора да се покријат со градежен шут. И свои и дупките на ДУИ.

Ана ПАНОВСКА
Овој втрештен народ, што срце го боли за идентитетот и за јазикот, за повреденото НАЦИОНАЛНО  чувство со Договорот од Преспа, за опасноста од Бугарите кои ќе му ја зеле историјата… со ист интензитет на возбуда се пали и на Цеца, Аца Лукас, Карлеуша

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Македонскиот трагикомичен рецепт на политичка патронажа најсликовито ја доловува анегдотата со Љубисав Иванов – Sинго, кој на партиски митинг во 1990-тите во едно испустено село ветува дека ќе направи сѐ, па и „деца, ако треба, ќе ви направиме“

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Нема никаква надеж дека со Здравев  од Републичкиот судски совет, со Арслани како в.д. претседател на Врховниот суд, со Колевски во Советот на јавни обвинители и Јовевски како државен јавен обвинител ќе се направи некаков позначаен чекор напред.

Мила ЦАРОВСКА
Со силна посветеност и максимална ангажираност од сите нас, верувам  дека од нашите деца ќе го извлечеме максимумот оваа година, без разлика на начинот на кој тие ќе ја следат наставата

Арбен ТАРАВАРИ
Анксиозни наставници, збунети мали деца, деца исфрустрирани што не се „исти“ како и другите, исплива на театарот на образовната сцена. Имаше ликови, кои повеќе ги слушаа потребите на партијата отколку на училиштето и правеа експерименти

Стојан АНДОВ
Парламентарното мнозинство треба да биде внимателно, бидејќи не само припадниците на нивните партии, туку убедливото мнозинство граѓани, па дури и симпатизери на опозицијата, секогаш во анкетите се изјаснуваа за членство во НАТО и во ЕУ.