Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Прашање е само во овие нудистички коалиции кој ќе излезе на крајот гол пиштол, кој ќе биде гола вода, а кој ќе успее да излезе голгетер. Сега кога го нема Амди Бајрам во парламентот, интересно е да се види кој ќе биде тој што ќе го зададе последниот гол со пета
ПОЛИТИЧКИ „ШВЕДСКИ СТОЛ“
Кога ќе сетам како Верушевски сведочеше во полза на Мијалков, а Заев покажа разбирачка за Верушевски „поради неговата разочараност од СЈО“, тогаш нема да биде „сапрајс“ еден ден Заев да побара прошка од Мијалков. Како што Мицкоски по три години се извини за неправдите на Мијалков
ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ: НЕ МОЖЕ ПОВЕЌЕ ПАРТИСКАТА КНИШКА ДА БИДЕ „CV“ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Фондот за иновации одбележува пет години од своето постоење, и во тој период навистина има со што да се пофали. Стопанството, или повеќе од 500 компании преку Фондот, веќе се поддржани со десетици милиони евра, а буџетот за оваа намена постојано се зголемува. Фондот за иновации беше меѓу првите институции што влегоа во борба со Ковид 19 пандемијата преку директна помош на најзагрозените компании.
ЌЕ ЗАЅВОНИ ЛИ УЧИЛИШНОТО ЅВОНЧЕ?
Последните случувања и реакции покажуваат дека учениците од септември, според посебни здравствени протоколи, ќе се вратат во училишните клупи. Комисијата за заразни болести, која ја има главната улога во целата приказна, веќе ги спрема протоколите, иако од речиси 21 член, сите се со поделени мислења
КАКО СЕ ТРОШАТ ЈАВНИТЕ ПАРИ
Дали со поништувањето на тендерите се прикриваат слабостите на постапките или манипулациите. Речиси половина од фирмите што учествувале во јавни набавки сметаат дека во нив има корупција
ГОЛЕМИ ТЕНДЕРИ СО ГОЛЕМИ СОМНЕЖИ
Во двете тендерски постапки за набавка на нафтени деривати, МВР не бара банкарска гаранција за квалитет. Образложуваат дека на овој начин им излегуваат во пресрет на компаниите во време на криза, но истовремено се бара гаранција во десетина други тендерски постапки?!
СЛУЧАЈ „АКМИС“
Експресната пресуда од 3 години и 6 месеци затвор за екс претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, создаде впечаток дека и „заштитените мечки“, станале допирливи. Но, станува збор за површно чистење, а генералката во правосудниот систем не е почната
КОРЕНОТ НА ПОДЕЛБИТЕ
Партиските лидери, сепак, не се мразат, туку како што покажуваат преговорите за составување на владиното мнозинство, тие се спремни да се галат, нежно и милно. И меѓу нив и нема некои суштински идеолошки разлики, оти идеологијата им е идентична – да се налапаат пари на сметка на работниот народ
Колумнисти:
Наум СТОИЛКОВСКИ
Дали можеби во локал од 324 квадратни метри ќе се отвори уште еден од ланецот маркети на уште еден екс градоначалник? Или, дали случајно кумашинот на градоначалникот што протестираше, а потоа даде одобрение за градба, ќе се всели токму тука?
Мила ЦАРОВСКА
Деновиве сме сведоци на истурање вулгарности кон жена политичарка од човек кој штотуку стана пратеник. Ова лице треба да биде гласот на народот во законодавниот дом и да ги застапува нивните интереси. Се прашувам, со ваква истурена вулгарна агресија кон женскиот пол, чии интереси ќе застапува? На жените, сигурно не
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Не се сака да се избере вистината, се љубат ветувањата. Се гласа за Заев, Мицкоски и за Ахмети, а не, на пример, за Ана Глигорова, Најческа или Тортевски. Првите ги будат мечтите и надежите, а вторите го кажуваат моментот на вистината!
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Таков како што е партискиот распоред на мандатите, повеќе укажува на доминација на политиките на блокирање и саботирање на „противникот“, отколку на постоење политичка волја да се оствари основната функција за која постои Собранието и пратениците во него – изразување и политичко обликување на интересите на граѓаните
Јетон ШАСИВАРИ
Од 4 август Северна Македонија има 120 конституирани пратеници затоа што на тој ден нивниот мандат беше верификуван (потврден), но сè уште нема конституирано Собрание затоа што нема претседател
Звонко ДАВИДОВИЌ
За изучување и успешно совладување на овие магиски вештини постојат малку школи, кои ги нарекуваат штабови, уписот и изборот на кандидатите е селективен и пристрасен, патот е тежок и обично боли грб од виткање, а често и јазикот, но по завршување на курсот се стекнуваш со титула мајстор на хокус покус преварантус.