1295-1296

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Борбата против криминалот и корупцијата е прашање на опстанокот на државата, а не затоа што тоа од нас го бара Брисел или Вашингтон. Но, дали е тоа можно со овие и вакви политичари, склони кон изигрување на законот

СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: ВОЗМОЖНА Е ВЛАДА И БЕЗ СДСМ ИЛИ БЕЗ ВМРО-ДПМНЕ, АМА И БЕЗ ДУИ
„Уставната норма е кристално јасна – мандатот го добива кандидатот на партијата или партиите што имаат мнозинство во Собранието и тука претседателот нема буквално никаков маневарски простор“, вели Стево Пендаровски, објаснувајќи дека сето она што го гледавме во 2017-та, со некакви дополнителни условувања, претставуваше флагрантно кршење на највисокиот правен акт.

ДУИ 18 ГОДИНИ ВЛАСТ
Откако освоија над 50 отсто од албанските гласови по војната во 2001 година, трансформираната ОНА во ДУИ не излезе од владините коалиции. Од ВМРО-ДПМНЕ научија како да го усовршат изборниот менаџмент, а со СДСМ ги остварија своите главни ветувања до гласачите – влез во НАТО и почеток на преговори со ЕУ.

БИТКА ЗА ТРОНОТ ВО ВМРО-ДПМНЕ
Структурата околу поранешниот шеф на тајната полиција бара одговорност од актуелниот претседател поради изгубените избори. Ќе успее ли актуелното раководство да возврати на ударот на подзаборавените кадри блиски до Мијалков, кои ден по изборите се јавија со критики и барања за смена?

НОВИ ПРЕДЛОЗИ ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА
Идејата за воведување ковид-менаџери  наишла на бурни реакции кај дел од членовите на Комисијата, кои не разбираат зошто по толку време се појавува ваков предлог, иако секоја фирма мора да ги почитува безбедносните протоколи при работа, особено сега во време на пандемија.

ПОЗИТИВНИ СО НЕГАТИВНО ОДНЕСУВАЊЕ
Наместо да седат 14 дена во изолација и да чекаат негативен тест, дел од заразените или сомнителните на Ковид-19 си оделе на пазар, прослави или на фризер. „Фокус“ дознава за газда на конфекција и синот кои  биле заразени со корона вирусот и заминале на летување, а полицијата наидувала на затворена врата

ДО КАДЕ Е ВАКЦИНАТА ЗА КОВИД 19?
Неоправдан е стравот дека граѓаните на нашата држава ќе ја добијат вакцината дури по една година од развиените земји. СЗО веќе работи на правичната распределба на новите вакцини, иако големите земји веќе се наддаваат кој прв да дојде до што поголеми дози.

ПО (ИЗБОРНО) ОНАДЕЊЕ НЕМА КАЕЊЕ
Гласачите не треба да очекуваат дека ако тие не ја казнат партијата што ги изневерила, дека таа ќе се промени сама од себе. Однесувањето што не се казнува продолжува, а однесувањето што дури и се наградува, станува уште поизразено. Народот, кој цело време гласа за онадувачи, не треба да се чуди што цело време онадува

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Заев со изборната реторика сега ја усложни работата до таму што ДУИ, со право навредени токму „заради моментот“, може да условуваат до бескрај, оставајќи го Ол Ин коцкарот во целосен нокдаун. Да е само до него самиот, по сето зборење, верувам би го излижал кажаното, ама истурените фекалии би требало да ги исркаат сите во таква влада

Мила ЦАРОВСКА
Главниот предизвик во оваа пандемија е да се сочува учеството на жените во креирањето на политиките, да се сочуваат работните места каде што претежно работат жени, да се заштитат од семејно насилство во услови кога треба да останат во карантин

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
За тајната служба е сеедно дали владеат комунисти, автократи, популисти, националисти, либерали или демократи. Како инструмент и сервис на власта, таа поседува вродена социјална  интелигенција за прекомбинирање, со совршено прилагодување на системот. За неа е важно перманентно да произведува непријатели

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Секој здрав разум тешко ќе поверува дека Боки 13 можел да ги измами „чесните“ тајкуни, како што се Орце Камчев и Силјан Мицески. Но, најмалку што можел да направи за своја заштита од кривичен прогон е да формира партија и како пратеник во парламентот да има политичка моќ да преговара за својата слобода