1294

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Третопласираната ДУИ арогантно порачува дека патот до потребното мнозинство води преку Мала Речица, што е порака упатена и до „Белата палата“, но најмногу до „Бихачка“. Ахмети кокетира со Мицкоски, но свесен е дека  и покрај тешките зборови, поголема полза има со продолжување на сојузништвото со Заев

ПРАТЕНИЧКИ ПТИЦИ ПРЕСЕЛНИЦИ
Верувам дека Заев МОЖЕ да го засили пратеничкиот квантитет на ваков начин, но и дека Мицкоски би успеал да го ОБНОВИ бројчано својот пратенички состав. Oбете партии имаат таков бекграунд, особено што сега разликата за мнозинство е на „ивица и марица“ и има доволно пратеници прелетувачи

КОРОНА ИЗБОРИ
Клучен фактор за минималната победа на СДСМ е предизборната коалиција со БЕСА, која и донесе два пратенички мандата повеќе во шестата ИЕ. Сепак, најголем добитник од изборите излезе ДУИ, чии 15 мандати се неизбежни при секоја комбинација за составување на влада, со исклучок на голема коалиција.

ХАКИРАН САЈТ НА ДИК
„Дуна“ не се прослави со сајтот на  ДИК, но се посреќила со договори со државни институции. Компанијата која била избрана да го надградува софтверот на ДИК во последен момент, ги одржува, сервисира и надградува и фискалните апарати во многу државни институции..

КАКО СЕ СПРАВУВАМЕ СО КОВИД19?
„Фокус“ се потруди да ги спои речиси сите поранешни министри за здравство за да ги чуе нивните мислења како треба државата да се справи со Ковид 19 и дали здравствениот систем може да го издржи товарот?

ПРЕДИЗВИЦИ НА НОВАТА ВЛАДА
Новиот бран на Ковид19, како и економските и политичките последици, ќе  бидат само дел до врелите костени кои ќе треба да ги вади следниот премиер. Новата влада со поголеми проблеми за решавање од оние на експертската влада во 1990 или широката влада од 2001.

ПАНЧЕВСКИ НА ОБВИНИТЕЛНА КЛУПА
На поранешниот прв човек на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, в петок ќе  му се суди за предметот АКМИС во велешкиот суд. Тој со месеци  успешно ја избегнуваше правдата поради што заврши во притвор

КОГА ПАРТИИТЕ ЌЕ СТИВНАТ
Димитар Апасиев во 2020-та е  она што беше Љубчо Георгиевски во 1990-та.Политички змеј, кој блуе оган врз општествениот консензус и со тоа ги привлекува симпатиите на голем број радикално ориентирани граѓани, разочарани од општествениот консензус

 

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Проценката е дека покрај „државно финансираните“ поткупи, во готовина се фрлени околу 10 милиони евра!Пет струмички  фирми,блиски до картелот, за 4 месеци имаа поврат на ДДВ од 5,2 милиони евра за 4 месеци

Мила ЦАРОВСКА
Замислете сите вие кои не излеговте, да го дадевте својот глас за  демократијата, денес ќе бевме сигурни дека враќање на стравот нема. Оставивте националистите да веруваат дека се уште имаат доволно поддржувачи на нивната приказна и нивните лаги

Ана ПАНОВСКА
Ако никако не може на достоинствен начин да се направи парламентарно мнозинство од страна на СДСМ, тогаш подобро е таа партија да одмори некое време, до некои следни избори, отколку повторно да се доведува  во понижувачка состојба

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Сега сите патишта водат кон Мала Речица, па лузерите СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се принудени да одат на „баци рака“ и се пазарат кој ќе даде повеќе, што е услов за приклучување во екипата за распределба на пленот

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Кога ќе западнеме во должничко ропство и кога каматите ќе го изедуваат целокупниот вишок на вредност и профит што ќе го создаваме, ќе биде сеедно кој е виновен за тоа дали СДСМ, ВМРО или ДУИ

Мерсел БИЉАЛИ
Статусот на ДУИ како опозиција ќе ѝ дојде како лек за метастази. Тоа ќе ѝ дојде како дождот на Сахара. И за нив самите е корисно едно генерално прочистување.

Симо ГРУЕВСКИ
Како е можно во 2019 година, профитот на компанијата да е сведен на 25 милиони евра, а тоа се случува наназад 6 години, почнувајќи од 2014 година, па наваму, а пред оваа година, годишниот профит на компанијата изнесуваше над 100 милиони евра.