1251

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Поради своето наталожено искуство во дворските политички игри, знаење базирано на тајното влегување во интимата на политичарите, бизнисмените, амбасадорите, новинарите, што датира уште од времето на аферата „Големото уво“, Верушевски сака да демонстрира дека е главен, дека тој ги води процесите, дека од него зависи иднината на партијата и на државата

7 ДЕНА
Советникот за национална безбедност на премиерот, Зоран Верушевски фрли шок-бомба во судница со изјавата дека бомбите што ги објавуваше Заев, биле модифицирани и компромитирани. После се, нема да ми биде „сапрајс“ доколку при следното рочиште кога Мијалков ќе го испрашува, Верушевски да каже дека и жолтите комбиња биле реални!

КОГО САКА ДА ЗАШТИТИ ВЕРУШЕВСКИ, МИЈАЛКОВ ИЛИ СЕБЕ СИ!?
По сведочењето на Лазаревски и Костовски јавноста доби слика за тоа како се одвивало нелегалното прислушување во УБК. Но, по сведочењето на Верушевски веќе добиената слика се измести, зашто тој тврди дека не им бил човек од доверба на свиркачите, туку едноставно „бомбите“ се слевале во СДСМ. Згора на се тврдеше и дека материјалите биле модифицирани и компримитирани! Зошто Верушевски имаше потреба да влезе во војна со веќе погребаното СЈО? Кого се обидува да спаси?

ТРАЈКО СЛАВЕСКИ: И ЗАЕВ ВЛАДЕЕ СО ПОПУЛИЗАМ ВО ЕКОНОМИЈАТА
Критички, но објективно и издржано, Славески специјално за „Фокус“ направи анализа на сите погрешни, но и успешни економски политики на владите од 1990 досега. Славески им забележува на Кљусев и на Црвенковски за грешките во приватизацијата, на Георгиевски за политичката наивност, а на Груевски и на Заев за популизмот. Како координатор на новата економска програма на ВМРО-ДПМНЕ, најавува враќање на дел од успешните мерки од времето на Груевски, но и исфрлање на погрешните и нивна замена со нови

СТРУМИЧКИ БИЗНИС БЕЗ ГРАНИЦИ
Додека Митко Чавков ја одлежува 18-годишната затворска казна, една од компаниите на неговиот син Иван „Портланд-ОПЦ“ за кусо време доби неколку општински тендери од скоро 400.000 евра. Според податоците на „Фокус“, компанијата при изградба на еден објект во Струмица соработувала со поранешен партнер на Христијан Мицкоски во бизнисот со хидроцентрали, додека во друг проект заеднички инвестирала со компании во сопственост на братот на премиерот Заев – Вице Заев

КАКО БИЗНИСОТ СО ДИЈАЛИЗА ЗАВРШИ СО ИСТРАГА ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ
Од Јавното обвинителство за „Фокус“ велат дека преземените предистражни дејствија за спорното доделување на бизнисот со дијализа во земјава резултирале со истражна постапка за перење пари и злоупотреба на службена положба против неколку лица. Ваков епилог следува откако сопственичката на „Диамед“ поднесе кривична пријава против Дончев и Филипче, бидејќи се обиделе да го премислат странскиот инвеститор што ја купи нејзината компанија

ЗОШТО „АРЦЕЛОР МИТАЛ“ НЕ АЛАРМИРАЛ НАВРЕМЕ ЗА ХАВАРИЈАТА?
Во 13.00 часот во неделата Град Скопје официјално информираше дека е извршен вонреден инспекциски надзор во реката Вардар. Сликите и видеата од поморот на риби напладне веќе ги обиколија сите медиуми и портали. Работењето и ажурноста во Државниот инспекторат се прашања на кои допрва треба да се даде одговор, како надлежна институција за ваков проблем

НАЦИЈА ВО РЕЗИГНАЦИЈА
Фразата „партиите прават мајмуни од граѓаните“ изгледа точно само сфатена како метафора, во смисла дека тие се однесуваат кон нас како да сме глупави. Но, ако партиите ги замислиме како мајмуни, тогаш само ние, граѓаните, од нив можеме да направиме луѓе

 

Колумни:

Денко МАЛЕСКИ
Фактот дека поголемиот дел од Грците и поголемиот дел од Македонците имаат резерви кон новите државни политики, само укажува на потребата власта, од двете страни на границата, повеќе да се труди да ги ослободи своите граѓани од стравовите, кои се последица на едно долго и трауматично историско искуство кое до ден денес ги тероризира умовите на нашите народи

Јанаки МИТРОВСКИ
И Агенцијата за државни патишта и „Македонија пат“ имаат идентични обврски – изградба и одржување автопатишта, регионални и магистрални патишта. Па, оттука се поставува прашањето, чуму се потребни две претпријатија, два управни одбори, двајца директори и генерално двојни трошоци. Одговорот е – за да се избегнат наталожените и огромни обврски на „Македонија пат“

Наум СТОИЛКОВСКИ
Хау дер ју, извика Грета Тунберг, прашувајќи ги присутните КАКО СЕ ОСМЕЛУВАТЕ? Ја гледам јас Грета, нејзината страст, го чувствувам она во кое што таа верува. Ме потсетува таа страст, таа упорност, таа цврстина во истрајноста пред чувството на неправда, ме потсетува на Македонија. Па, ХАУ ДЕР ЈУ да вршиш Етноцид, да збришеш цел народ, историја и култура во 21 век?

Стојан АНДОВ
На 24 јуни 1944 на островот Вис, тричлена делегација била кај Тито каде што се заложила за обединување на трите дела на Mакедонија. Но, Ченто, Чучков и Петрушев пред Тито можеле да се пофалат само со поддршката на населението од југословенска Македонија за обединувањето. Големите сили отворено биле против секоја замисла и обид за обединување на Македонија со промена на границите на Грција и Бугарија

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
По којзнае кој пат се потврди дека во родената недоносена самостојна Македонија, во изминативе триесетина измамнички години во политиката влегуваат главно две сорти човеци. Арамии и наивници. Првите за да крадат, а вторите затоа што не можат да сконтаат на каков поинаков начин да ги реализираат своите амбиции