1252

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Почеток на преговорите за членство со ЕУ, со тешка преговарачка рамка и со што повеќе пречки од реформски аспект, е единствената шанса Македонија да се европеизира. Европските стандарди во Македонија може да се воведат единствено со робусен надворешен менаџмент, како во времето на политичката криза и пржинските преговори

7 ДЕНА
Кога синот на Верушевски беше кривично гонет, таткото тврдеше дека го местат. Уште повеќе, дека сакаат да го ликвидираат структурите што шверцувале нафта и цигари. Потоа стана советник во амбасадата во Рим, а синот му беше помилуван. Сега има шпекулации дека СЈО водело истрага за син му за бомбите што протекувале. Да не заврши и оваа приказна така што советникот ќе заврши во некоја наша амбасада?

СЕ НАСЕТУВА ПАЗАР И ЗА СЛУЧАЈОТ „РЕКЕТ“
Со завршување на истрагата за „Рекет“, се стега обрачот околу Боки 13, Зоки Кичеец и Катица Јанева. Иако засега сите се ставени во ист кош, се очекуваат изненадувања во судница. Засега „најсомнителен“ е Кичеец, чиј исказ обвинителката Русковска го чува далеку од другите двајца осомничени. На ист начин се криеше и исказот на Нинџа за „27 април“, кој потоа излезе соработник на обвинителството

НЕФИ УСЕИНИ ДОБИЛ И ДРЖАВНА КОНЦЕСИЈА ЗА ПЕРИОД ОД 30 ГОДИНИ
Првиот човек на ДУИ во Охрид и член на општинскиот совет, кој стана познат по дивоизградената тераса во рамки на неговиот ресторан „Луна“ и дивата бетонска база покрај Охридско Езеро, долги години поседува градежна компанија што изгради дузина објекти во градот, а паралелно добиваше тендери од охридски јавни претпријатија

ШТО МОЖЕ ДА НАУЧИ МАКЕДОНИЈА ОД „МАЛИОТ“ ИЗРАЕЛ?
Иако Израел е опкружен со 250 милиони непријатели, сите веруваат дека оваа мала држава е трајно безбедна. И покрај тоа што земјата нема апсолутно никакви природни ресурси, никој не се сомнева дека и во иднина Израелците ќе имаат доволно идеи и иновации за да може да ги извезуваат како највредно злато на глобалните пазари. Е токму овие две компоненти најмногу ѝ недостасуваат на Македонија

СИ ЗАМИНА ГЕРМАНСКИ БРЕНД ОД МАКЕДОНИЈА
Поради лошите услови во кои работат вработените, една велешка конфекција остана без својот германски партнер. Германскиот бренд „Олимп“ ја прекина соработката со „Стоби“ од солидарност кон вработените, кои работеа прекувремено и во несоодветни услови, за плата од 12.000 денари

СЕКОЕ ЛОШО ЗА ДОБРО
Има една добра и една лоша вест од нашата политичка сцена. Добрата вест е дека конечно сфативме дека „царот е гол“. Лошата вест е дека политиката во меѓувреме ни стана „нудистичка плажа“, па никој не се шокира што по неа се шета разголена елита составена од умислени, вообразени, самобендисани цареви

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Канонадата зборови беа со цел лично да навредат и со намера да испровоцираат, да изнервираат, да понижат… Ги собрав хартиите пред мене, излегов од собранието и повеќе не се вратив во него. На оставката која писмено ја поднесов, владата во која седев самоиницијативно додаде само еден збор – неотповиклива!

Стојан АНДОВ
Во денешната состојба во парламентот, најголема несмасност е игнорантскиот однос на пратениците кон Парламентарниот институт. За жал, во јавноста малку се знае за Парламентарниот институт и за неговата функција, малку се настојува да се афирмира таа институција за да го заземе вистинското место

Наум СТОИЛКОВСКИ
„Леонардо“, „Тополки“, „Рекет 1“, „Рекет 2“, крвави тендери, набавки, договори, продажби, бизниси, фондови за иновации, дилови во четири очи… Државата тоне од висока корупција, Зоран признава дека Љубомир и Вилма за сѐ му се јавуваат, тој ги спасува големите, па „шалтерската“ корупција никој не ја ни брои, туку се смета за „нормална“

Ана ПАНОВСКА
На младите, оние што имаат солидни квалитети, култура и малку понагласена амбиција нешто да постигнат во животот, им се гади од типовите на ТВ емисии како „Само вистина“, каде што се одвива само едно заглушувачко гракање, како меѓу две жени „непријателки“ од некое дамнешно време кои на селската чешма си ги вадат очите

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Заслужува внимание напорот на министерот Манчевски за намалување на бројот на државните административци. Намерата е позитивна, но пристапот не е баш најрационален. Зошто!? Затоа што кој било стопанственик би требало да биде будала за да прифати во неговата фирма да работи некој кој долги години поминал во државната администрација

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Многу од началниците станаа апаши со тапија. Наместо да се борат со арамиите, тие во партнерство со нив вршеа непријателско преземање профитабилни фирми, рекетираа, монтираа случаи и си поигруваа со човечки судбина