1249

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Логично е да се претпостави дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ има интерес да се затворат, да се заташкаат или барем да се одолговлечат предметите и истрагите на СЈО против Фамилијата. Но чудно е, ако притоа бланко веруваме оти со решенијата што ги нуди, СДСМ се бори токму за владеење на правото, а не за сопствена контрола на кривичниот прогон

ПОЛИТИЧКА БИТКА ЗА ОБВИНИТЕЛСТВОТО
Додека лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ се пазарат за судбината на предметите на СЈО, или подобро речено, глумат правници, спeцијалната јавна обвинителка Јанева од притвор го покажа најлогичниот излез од кризата. Дали имала суфлери и кои биле, допрва ќе покаже времето, но засега таа ги спаси предметите од пропаѓање

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ: КАКО УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОР, ЗА МЕНЕ Е НАВРЕДА ДЕКА СУМ ПОД КОНТРОЛА НА ГРУЕВСКИ
Преговорите со власта за законот за Јавното обвинителство, СЈО и Катица Јанева, случајот „Рекет“, европските перспективи на државата, политичкиот багаж од владеењето на Груевски се дел од темите за кои разговаравме со Христијан Мицкоски. Последното интервју за „Фокус“ со лидер на ВМРО-ДПМНЕ го имавме пред 16 години, кога Груевски беше во опозициски денови

НОВИ ПАРТИИ ВО НАЈАВА
Фактот што голем дел од граѓаните имаат изневерени очекувања од владата, но се уште не можат да и го простат децениското владеење на опозицијата, создава погоден терен за нови политички сили. Адвокатот Тортевски јавно ја промовираше идејата за нова партија, но и некогашни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ сериозно размислуваат и работат на формирање нови субјекти

КОСОВСКИ ИЗБОРИ
Клучниот опозициски лидер на Косово, Албин Курти, покрај желбата за обединување со Албанија е со амбиции за политичко влијание и во Македонија. Неговото доаѓање сигурно ќе значи промена на досегашното предвидливо однесување на официјална Приштина. Неговиот најизвесен конкурент, Рамуш Харадинај, пак, влегува во коалиција со Хашим Тачи, што би можело да значи омекнување на тврдиот став против размената на територии со Србија. Ни едната, ни другата варијанта индиректно не се погодни за Македонија

МЕРИТОКРАТИЈА НАСПРОТИ АРИСТОКРАТИЈА
Нашава елита е гола вода. И тоа го докажа во изминативе децении. Што поскоро народот ќе престане да верува во неа и да ја следи, тоа поскоро ќе се отвори простор за нејзино заминување на буништето на историјата и замена со нова елита која го заслужува тој епитет. Крајно време е аристократијата да ѝ отстапи место на меритократијата

 

Колумнисти:

Денко  МАЛЕСКИ
Кога би владеел разумот, водството на опозицијата прво би се прашало каков ефект ќе има изјавата на нивниот водач дека „сите ќе лежат“ врз сите оние кои го контролираат државниот апарат. И да се прашаат, нема ли власта, по ваквата закана, да стори сѐ што е во нејзина моќ, опонентот „никогаш“ да не дојде на власт?

Наум СТОИЛКОВСКИ
Цела една женска политичка организација е под силен притисок и подложена на јавно исмевање, а нема ниту еден институционален збор? Зошто изостана реакцијата на интерсекторската група за родова еднаквост за нападите кон Сиљановска Давкова? Каде е тука принципиелноста? Инсистирам Царовска и Интерсекторската група да се извинат за молкот, во спротивно се лицемери

Ана ПАНОВСКА
ВМРО ја аминуваше Катица Јанева како најбенигно решение од вкупната квалитетна понуда, одбивајќи ги предлозите како Калајџиев, Тасева, Тортевски… И како што излезе, ВМРО-ДПМНЕ како да си ја препозна Катица како своја, што на крајот и се покажа. Се виде дека таа ти била слична фаца како фаците на оние што божем требаше да ги гони

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Ако со формирањето на СЈО, целокупната надеж на правдољубива Македонија беше свртена кон СЈО, денес тоа е јавното обвинителство на Љубомир Јовески. Ако и тој, како Катица Јанева, ја изневери довербата на граѓаните, тогаш ќе нема друг избор одошто правдата да се брани на улица

Стојан АНДОВ
По капитулацијата на Бугарија, полковникот Љубен Апостолов, командант на 56. Велешки пешадиски полк под чија команда е извршен масакрот во Ваташа, бил уапсен и спроведен во Кавадарци, каде што Народниот суд го осуди на смрт. Според бугарски податоци, 20 до 30 проценти од војниците во 56. Велешки пешадиски полк потекнувале од Велес и од околните велешки села!

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Дојдоа времиња вмроните отворено да бараат амнестија за криминалот и бесчестијата, ес-де-сето да скока како попарено дури и ако некој се посомнева во неговата чесност, само третата фамилија дуиџии се кул и уво не ги боли