1248

    Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

    ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
    Нашите политичари, како во најцрниот шибицарски пи-ар, наместо со логички релевантни тврдења и со аргументи поткрепени со докази, се служат со манипулативни ставови за да ги објаснат своите одлуки или да ги нападнат ставовите на политичкиот противник. Какви логички грешки прави Владата на Заев?

    ЗОРАН ЗАЕВ: НЕ СУМ ДИКТАТОР, ЈАС СЕ БОРЕВ ПРОТИВ РЕЖИМ
    Преговорите за судбината на СЈО, случајот Рекет и Катица Јанева, шансите во октомври да добиеме датум за преговори со ЕУ, ветинг во правосудството, нереформираниот јавен сервис, драстично различните оценки за економските состојби се дел од темите за кои разговаравме со Зоран Заев. Ова е прво негово интервју за „Фокус“ откако е премиер на Република Северна Македонија. Последното, пак, излезе токму на Крвавиот четврток кога беше само лидер на СДСМ

    ПИСМОТО НА ЈАНЕВА: ИЗЛЕЗ ИЛИ ТЕМПИРАНА „БОМБА“
    Затворското писание на Катица Јанева, сите предмети да се предадат на редовното обвинителство, засегнатите го протолкуваа на два начина. Како последен обид шефицата да стави клуч на СЈО, ускратувајќи му уште една година постоење, или, пак, како искрен обид да се спасат предистрагите, истрагите и судските случаи

    КОЈ ГО ФИНАНСИРАЛ ПРОЕКТОТ ЗА ИЗГРАДБА НА СТАРЕЧКИ ДОМОВИ?
    На косопственик на Меѓународниот сојуз на Боки 13, фирмата на таткото на Ардијан Амзоски му исплатила над 200 илјади евра, што одговара на вкупниот приход на друштвото изминатата година. За изградба на објекти за пензионери, првиот човек на „Пелистер“ Силјан Мицевски, пак, исплатил над 700 илјади евра, што, пак, е незначителна сума во споредба со јавните пари што се слеале во касата на компанијата – само во овие две години добила тендери од ЕЛЕМ од 22 милиони евра!

    ЕКОНОМИЈАТА НЕ Е ПРЕД КОЛАПС, АМА СОСТОЈБИТЕ НЕ СЕ РОЗОВИ
    Нашата економија не е пред колапс како што тврди опозицијата, туку покажува каков таков економски раст што го регистрираат и официјалните статистики. Проблемот е што со вакво ниво на реализација на капиталните инвестиции и ваква состојба со владеењето на правото не може да се очекува некаков поголем раст или промена на статус кво ситуацијата

    ОД ЅИД НА МОЛКОТ ДО ЅИД НА ПЛАЧОТ
    Од нашите партиски берлински ѕидови, кои сите се претворени во ѕидови на молкот каде што критиката не само што не е добредојдена, туку е забранета и најстрого се казнува, само ѕидови на плачот ќе останат еден ден. А тогаш, кога некој ќе земе да игра тенис со таков ѕид, дури ќе нема ни луѓе кои ќе навиваат за ѕидот

     

    Колумнисти:

    Денко МАЛЕСКИ
    Феноменот Трамп во САД, излегувањето на Велика Британија од Унијата и најавеното повлекување на Меркел од германската политика, го направи францускиот претседател Макрон одлучувачкиот фактор од кој зависи судбината на Европа, па и судбината на отпочнувањето на пристапните преговори на Унијата со нашата држава

    Ана ПАНОВСКА
    Не велам дека за ваквата состојба во образованието се виновни наставниците. Напротив. И тие се збунети од хаваријата на образовниот систем, која трае веќе со децении. За жал, неколку влади по ред го докусурија образованието со кошмарни „реформи“, позајмени, недоработени, неприспособени за наши услови, разни кембричи, болоњи… формалистички замешани со компјутерот и „ластегарката“ на учителот

    Наум СТОИЛКОВСКИ
    Едноставно е неможно да не се помисли дека криминоген ум кој што препознал „расипан човечки материјал“ во правосудниот систем да не се обиде да искористи прилика да ја вмрежи токму таа нивна карактеристика и нивна нагласена желба за слугување во идни криминогени делувања

    Ристе ЉУБОТЕНСКИ
    Фактот што политичките партии и нивните „лидери“ се основните носители на сите конфликти, проблеми и назадувања во државата и општеството, неминовно го наметнува прашањето за барање други, алтернативни, облици на политичко организирање на граѓаните

    Стојан АНДОВ
    Генерал мајорот на Хитлеровата војска Рудолф Лутерс лично го истакнал Тито, велејќи дека текот на борбите покажал оти комунистичките сили под водство на Тито биле вешто водени и одлично организирани и располагале со борбен морал што предизвикувал чудење

    Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.