Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Наместо финансиски ред во медиумската област, на СДСМ очигледно му одговараше криминалното медиумско царство на пастирот, за постојано да вели – држ’те го крадецот, а во меѓувреме да гради или да помага друго, нејзе блиско, криминално медиумско царство со изнудени пари од крупните македонски олигарси
ЌЕ СТАНЕ ЛИ СВЕДОКОТ КАМЧЕВ ОСОМНИЧЕН?
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева до неодамна тврдеше дека има статус на сведок во истрагата за случајот „Рекет“, но преку ноќ стана осомничена. Бизнисменот Орце Камчев, пак, се смета себеси за жртва или оштетен, но постои законска можност и нему набргу да му се смени статусот и да ѝ се придружи на Јанева. Затоа клучното прашање е дали тој нудел пари или му биле барани!
АЛЕКСАНДАР ТОРТЕВСКИ: ГЛАСАЧИТЕ СЕ РАЗОЧАРАА ОД СДСМ, НО НЕ МУ ПРОСТУВААТ НА ВМРО-ДПМНЕ
Во ноември, нашата политичка сцена треба да се збогати со нова – Твоја партија. Александар Тортевски, кој е еден од иницијаторите и привремен портпарол, најавува дека партиската платформа „ќе биде нешто спектакуларно во Македонија“, сосема различно од постојните султан-партии
„МАЛА“ МИНИСТЕРКА ЗА ГОЛЕМО ЕКОНОМСКО ЧУДО
Изборот на Нина Ангеловска е најмалку плод на наивноста на Заев. Станува збор за внимателно избирана личност, која треба да донесе драстични и брзи промени кои би ја раздвижиле економијата буквално преку ноќ. Со нејзиното поставување раководството на СДСМ буквално се коцка со својата политичка иднина
ЉУБЧОВИЗМОТ И ГРУЕВИЗМОТ ВО ВМРО
Ако Мицкоски дојде некогаш на власт, многу тешко ќе ја достигне автономијата на власта што ја имаше Груевски, уште помалку самостојноста на Георгиевски, а најмалку слободата на мислата и изразувањето на Никола Кљусев. Тој ќе биде само бледа сенка на она што некогаш со право се нарекувала револуционерна организација
ХОХШТАПЛЕРСКИ ФИНТИ
Во македонската политика има многу случаи на измама, ама ниту Коста Петров е шарлатан, ниту Нина Ангеловска е плагијатор. Луѓето виделе добри идеи и успешни принципи некаде во странство, па пробале да „преведат“, т.е. да модифицираат и адаптираат за наши услови и од тоа оствариле некој бенефит. Тоа е за пофалба. А вистинската измама треба да се бара на друга страна
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Македонските политичари знаат како изгледа и како функционира добро уредена правна држава затоа што биле таму во посета и виделе, но не се спремни да ризикуваат ништо од својата позиција и моќ таквите промени да се случат во земјата. Точно знаат дека оваа средина не простува ако ја зборувате вистината или ако барате повисоки критериуми во работата
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Стихијното однесување секојдневно ги упропастува нашите природни богатства. Последните пожари се најдобриот пример за тоа. Многу полесно ќе потрошиме големи пари за фотелји од телешка кожа, во кои ќе седат политички волови, отколку да се купат противпожарни средства со кои ќе имаме можност да го сочуваме и она малку шумско богатство што го имаме
Наум СТОИЛКОВСКИ
Со оваа кичерај-гарнитура нема решение за „Рекет“. Во очите на луѓето сите тие се „Рекет“! Реалното шоу „Блескање“ наскоро завршува. Победници во него нема. Победници се тие што воопшто не учествуваа
Ана ПАНОВСКА
Им се чудам на вмровците што така површно се помируваат со фактот дека, доколку нивните главешини неказнето се извлечат од рацете на правдата, тоа ќе ги извалка и нив и ќе ги запечати како криминализирана партија која неповратно ќе труе на лукоина сѐ додека од нејзините редови со затнат нос не избегаат и последните што нешто вредат
Стојан АНДОВ
Бојан Блгарјанов, кој во Македонија дошол од Бугарија на местото на Шарло, сметал дека не треба да се оди во партизани и особено не треба да се води вооружена борба против присуството на бугарските власти во Македонија. Во 1942 и во добар дел од 1943, забележително е честото откривање и апсење, а потоа и убиства на истакнати комунистички активисти
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Тешко се доживува сознанието дека вештачки креираната икона Кејти Јан, во која народот веруваше и се крстеше, била гротеска и голема измама. Затоа, проблем и тоа голем е што народот веќе одамна целосно ја изгуби довербата и не верува никому и за ништо. Ниту на институциите, уште помалку на партиите, а најмалку на медиумите