1193

by fokus

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
И оваа власт се прави мутава за некои етички норми, небаре конфликтот на интереси кога си во опозиција има една, а кога ќе се добереш до власт сосема друга дефиниција. Кога кумови, браќа, тетки, балдаски и свекрви на функционери од ДПМНЕ лапаа тендери, сѐ им беше скандалозно. Е сега, и ќерка на татко да даде тендерче, сѐ е согласно законот. А со етиката!?

ТАТКО И ЌЕРКА ЈА ТРЕСАТ ФОТЕЛЈАТА  НА ФИЛИПЧЕ
Фотелјата на министерот Филипче повторно се тресе поради најновата афера во здравството со набавка на лекови на скопската Клиника за хематологија од веледрогеријата „Пановски“. Директорката на клиниката Ирина Пановска-Ставридис се иззема од одговорноста, зашто таа не одлучувала за набавките, но со тоа не се решава конфликтот на интереси

ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ: РАЗУЗНАВАЧИ НА ИВАНОВ ВКЛУЧЕНИ ВО МИНИРАЊЕ НА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА, ВО КРВАВИОТ ЧЕТВРТОК И ВО ДИВО НАСЕЉЕ
Во интервју за „Фокус“, клучните проблеми на новата власт Трајанов ги лоцира во блокираните институции од поранешни кадри на ВМРО-ДПМНЕ со кои власта не умее да се справи. Предничи Агенцијата за разузнавање, под капата на Иванов, чии кадри директно биле вклучени во сите покрупни политички и безбедносни настани што ја потресоа Македонија

ШИЛЕГОВ ЌЕ ГО „ЧИСТИ“ ЃУБРЕТО
По седум години правна битка за „Дрисла“, Вишиот управен суд му наложи на град Скопје повторно да ги бодува компаниите „Шолц“ и ФЛЦ „Амбиенте“. Ова значи дека Шилегов треба да го исчисти ѓубрето што зад себе го остави неговиот претходник Коце Трајановски

ТАЈНАТА НА СИСТЕМОТ
Што точно е разликата партизираната полиција да те прислушува и потоа со сознанијата, луѓе од врвот да се чекор пред тебе и партизираната даночна управа да ти гледа во банкарските сметки и потоа со сознанијата луѓе од врвот да се чекор пред тебе? Па, и нема некоја разлика

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Александар Велики, според денешни мерила, бил со грчка национална свест, додека Гоце Делчев со бугарска. Ова е прифатено од светската политичка мисла и историографија. Тоа е лошата вест. Добрата вест е што истата таа светска историографија смета дека постојат македонска нација и македонски јазик денес

Ана ПАНОВСКА
Не е ова 1903 година, па да имаме време да се кошкаме, да се убедуваме, да се кодошиме, да се убиваме меѓу себе и пак да ни остане време за уште погрешни чекори додека да дојдат партизаните. Балканот се тресе, мора брзо и ефикасно да се реагира. Епските приказни на ВМРО-ДПМНЕ ги гази и ги изгази времето

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Бесполезно е осудувањето на она што било, исто како што е бесполезно празно фалење на она што треба да дојде. Идеолошките епитети ни за трошка не ќе го разубават нашиот секојдневен живот

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Парадоксот е во тоа што Лазе Велковски награбуси не за некомпетентноста, туку за нешто што со години сите функционери го третираат и практикуваат како вообичаено и стекнато право. Извини Лазе, ама морално беше!