ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Со пораката дека може да згрешат со одговорот, Мицкоски го потценува своето членство и гласачите, дека се обично стадо овци кое не размислува со сопствена глава. А кога и пастирот на тоа стадо се откажува да го води, работата е врвка – стадото може да се изгуби и да го изедат волци!
БОЈКОТ ЗАРАДИ ПАЗАР ЗА БЕГСТВО
Поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ заговара бојкот на референдумот, за да може да се пазари кога парламентот ќе одлучува за уставни измени. Дали цената за тоа ќе биде спас за Груевски, кој веќе има подготвено терен во Унгарија, каде Орбан би му овозможил засолниште?!
БОМБИТЕ ВО „ТИТАНИК“ ЈА СОГОЛИЈА ФАМИЛИЈАТА
За разлика од обичниот граѓанин кој постојано е во страв дека некој го прислушува, доскорашните функционери од ВМРО-ДПМНЕ воопшто го немале тој страв, бидејќи сметале дека сите конци ги држат во рацете, па без влакна на јазикот зборувале за своите „монстроузни“ активности. Бомбите откриваат и какви луѓе, или нелуѓе биле членовите на Фамилијата
СУДИР НА ИНТЕРЕСИ
По само една година откако е вицепремиер, фирмите на Кочо Анѓушев редовно добиваат државни тендери, иако тој се повлече од управувачките функции во компаниите. Но без разлика дали е управител на неговите компании, конфликтот на интереси во вакви случаи се претпоставува
СЕРГЕЈ ВАРОШЛИЈА: ШЕКЕРИНСКА МИ Е МОДЕН ФАВОРИТ МЕЃУ ЖЕНИТЕ ВО ПОЛИТИКАТА, ОД МАЖИТЕ БИ ГИ ИЗДВОИЛ ГЕОРГИЕВСКИ, ДИМИТРОВ, МИЈАЛКОВ И ЗАЕВ
Во 21 век, во Европа и во светот, ова што јас го работам одамна постои и е секојдневие во модниот свет. Високата мода кај нас, речиси и да не постои, освен кај многу мал број јавни личности, од прости причини што високата мода е „скапа играчка“, која бара многу познавање, многу вкус и личен идентитет, вели стилистот Сергеј Варошлија во интервју за „Фокус“
ИРАЦИОНАЛНИ СФАЌАЊА
Ќе има референдум, своевиден ритуал. Ако е фифти-фифти односот на силите, сите ќе прогласат победа. Во меѓувреме, економијата ќе тоне, корупцијата ќе цвета, а сите ќе наоѓаат ирационални објаснувања за нашите проблеми. И секакви врачеви ќе никнуваат кои ќе ни нудат ритуали
Колумнисти:
Стојан АНДОВ
На граѓаните мора да им стане јасно дека на референдумот не гласаат за СДСМ или, пак, за ВМРО-ДПМНЕ. Туку својот глас и својата согласност или своето противење го даваат според тоа каква иднина сакаат, т.е. дали сакаат европска иднина или прифаќаат изолација на земјата со сите опасности што таа состојба ги создава
Денко МАЛЕСКИ
Властите во Македонија, изминативе децении, толку често викаа „Волк!“, за да го измамат граѓанинот, што, прашање е како тој сега ќе реагира, кога „волкот“ навистина е тука. Назад немаме каде, па ако не смогнеме сили да одиме напред, кон НАТО и кон ЕУ, црно ни се пишува
Ана ПАНОВСКА
„Баба Рога“ – ЕУ, не губи концентрација, туку ни испраќа разни пусулчиња со опомени. Чека да види каков избор ќе направиме ние на претстојниот референдум. Ако не бидеме умни, ако како по обичај почнеме да бараме преку леб погача, да го одбиеме постигнатиот договор со Грција, тогаш пците со маст нема да нè јадат
Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Ниту државата Македонија, ниту ние како нејзини граѓани немаме време за губење. Секое забавување на процесот на приклучување кон ЕУ и НАТО, автоматски и со гаранција ќе биде на наша штета, која ќе биде поголема од онаа што ја плаќаме со потпишувањето на договорите со Бугарија и со Грција
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Многу мангупи кои го поддржуваа уривањето на злосторничкиот режим, веднаш по доаѓањето на новата реформска власт почнаа да смислуваат комбинации за наплата на нивниот минат труд во „Шарената револуција“. Се разбира, новопечените ентузијасти не можеа да аздисуваат доколку над нив немаше „полициски чадор“