1078

by Фокус

ПОСЛЕДНИТЕ СНИШТА НА СИЛЕЏИЈАТА
Со сите потези што очајнички ги влече Груевски, само се обидува да го зголеми влогот за финалниот пазар што си го замислува за својата амнестија. Демек, што повеќе сила покажува, толку повеќе страв в коски ќе втера и потоа ќе се пазари. Деновите и неделите што идат го чекаат судбоносни одлуки.

ПАРТИСКИОТ ЕГЗЕКУТОР МИТКО ЧАВКОВ Е ДО ГУША ВО КРИМИНАЛ!
Во ексклузивното интервју за „Фокус“ кеш донаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Загорац Тумбовски, открива дека на оригиналите од каса–прими белешките за десетиците илјади евра што и ги давал на Гордана Јанкулоска, било направено и графолошко вештачење на нејзиниот потпис, а тие се сега на сигурно место

ЌЕ ПАДНЕ ЛИ „ТВРДИНАТА“ НА ФАМИЛИЈАТА?
По објавата дека Ивица Анчевски Пуки е одново шеф на полициската единица „Алфа“, се погласни се информациите дека министерот Чавков повторно ќе го постави Горан Грујевски за началник на Петтата управа во УБК, за да има влијание врз сведоците во случајот „Тврдина“ и другите процеси што се водат во СЈО

ГРУЕВСКИ НЕМА ДА СЕ ВРАТИ ЗА ПРЕМИЕР, ТУКУ ЌЕ ОДГОВАРА ЗА КРИМИНАЛ ОД НАД 5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА!
Шефот на кабинетот на претседателот на СДСМ и еден од неговите најблиски соработници, Љупчо Николовски, поранешениот дополнителен заменик-министер за земјоделство во интервју за „Фокус“вели дека овој модел на организација на владата се покажал како неуспешен, но опозицијата разоткри дел од криминалите

МИЛИОНСКИТЕ БИЗНИСИ НА ВЕВЧАНСКАТА ФАМИЛИЈА
Како што се ближи крајот на актуелната владејачка гарнитура, така од ден на ден, на виделина излегуваат сѐ поголем број докази за злоупотреби на јавните пари, за изедначување на партијата и државата, за невидениот непотизам во највисоките структури на власта, но и за неправдите со кои се соочува најсиромашниот слој од населението.

ДОМАШНИ „СВИРКАЧИ“ СВЕДОЧАТ ВО БРИСЕЛ
Додека Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција две години се мисли дали да поведе истрага за случајот со изградбата на автопатот Демир Капија-Смоквица, поради наводен сомнеж за корупција, тешка неколку милиони евра, европската институција ОЛАФ ја превзеде работата во свои раце.

НИЕ И ИТАЛИЈАНЦИТЕ
Убеден е некој од оние кои се навикнале да го сакаат Грујо да престанат да го сакаат, или од оние кои се навикнале да му веруваат на СДСМ да престанат да му веруваат? Не. Што и да направи едната или другата страна, нивните верни фанови ќе најдат начин да ги оправдаат

„ВМРОВСКА“ ФИРМА СО ОФ-ШОР ПЕДИГРЕ
Анонимната скопска компанија „Мелимејт“ потекнува од познатите даночни оази каде што се зачнати и најпознатите офшор-фирми во Македонија, како „Ексико“ и „Финзи“. Како и другите, и оваа фирма се поврзува со луѓе од владејачката ВМРО-ДПМНЕ

Колумнисти:

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Интелектуалниот и моралниот далтонист не може да ѝ се радува на убавината што ја носи шареноликоста и сестраноста во животот. Напротив, боите на илјадниците цветови се како бодликава жица за неговиот црно-бел ум заробен во алчноста за пари, власт и моќ

Ана ПАНОВСКА
И Груевски се плаши. Затоа и тој одбра да избега од стравот. Си порача аболиција со која привремено побегна од неговиот најголем страв ‒ правдата. Ама срамот и него ќе го навтаса и ќе го изеде. Ќе дојде ден кога ќе се појави пред овој народ со наведната глава

Гордана ПОПСИМОНОВА
И како што обично бидува со сите оние кои си играат со оган како Груевски, така и големиот македонски син, кој ќе остане запаметен како голем според големината на криминалот и злоупотребите, сѐ повеќе бидува зафатен од пожарот што самиот си го распалува

Александар ТОРТЕВСКИ
Кога сме веќе кај елементарната непогода наречена Хорхе што нѐ снајде и која упорно продолжува да нѐ срами пред целиот свет, веќе сѐ е кажано. Па, тој не прави гафови. Ние имаме гаф за претседател. Со секое негово отворање уста се продлабочува провалијата на срамот во која сите пропаѓаме